Многу вообразеност и стереотипи гледам во постовиве. Ајде искрено колку од познаниците до 40 години се склони кон усвршување, за да нели го поддржите муабетот дека во Југославија тие што работеле немале појма. Зар не гледате дека 90% од младината е благо кажано неписмена, а не па да се усвршува. Глава ставам дека во тој период имало поабициозни и посклони луѓе кон напредок за разлика од сега, каде што образованието е сведено на бркање пријатели и тие што во средно завршуваа со двојки буквално сега се доктори од Штипскиот велелепен факултет. Страв ми е кога ќе ми текне кои во нашата амбуланта се доктори.
Друга работа, за дигиталната писменост, ако вие броите дека чим некој знае да влезе на фб и да спушти игра од андроид дека е писмен разликата меѓу старите и младите е голема, но за вистинска дигитална писменост и младите се катастрофа, па повеќе од пола од младите не знаат да зборуваат флуидно англиски, што во вакви времиња е катастрофа. Така што, точно е дека старите се многу назад, но се назад за западноевропски стандарди, а не наспрема младите.
Трета работа што ја начнав погоре е образованието, општата култура и читањето на литература. Во сите 3 аспекта генерациите кои имаат над 50 години се понапред од нашите. Се сомневам дека некој од добрите студенти има појма за Перл Харбур или прочитал барем 10 книги надвор од задолжителната книга на училиште. За тоа дали општиот просек на факултетски образованите е подобар сега или тогаш да не спомнувам, а за средно или основно па ич.
Знам дека постот е воглавно офтопик(иако има и доста работи поврзани стриктно за темата), но сметам дека треба да стои за да се освестат младите дека баратање на компјутер не е да направиш профил на твитер.