Кето(гена) диета

  • Креатор на темата Креатор на темата GavolRulz
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе енергија имам отколку кога исхраната ми е повеќе на јаглехидрати. Ова нормално после 2-3 недели.
 
Здраво,
Започна како добра и навистина корисна тема, но не се спомна ништо за видовите кето диети што постојат. За да го направите ова, ќе оставам врска што содржи детални информации за ова - https://www.forlife.bg/keto-dieta#vidove
 
Здраво, каде можам да најдам индикатори за мерење кетони во урина?
 
Јас ги земав од фирмата што продава кето храна (Протекал). Немам појма дали се продаваат по аптеки?
Автоматски споено мислење:

Мене ме интересира како се чуствувате после одредено време со Кето диетата?
Знам дека почетоците се тешки, но ме интересира после 7-10 дена? Дали имате она енергија во денот или имате и малаксаност.
Во ниеден момент не сум имала малаксаност, туку секогаш вишок енергија. Знаев во 10 навечер да правам генералка по дома, поради вишок енергија :D
 
:(

snake-oil-bottle-vector-id508349999
 
Некој да објасни циклична кето како би изгледала
 
Објаснето е на српски јазик, ако не ти е тешко да прочиташ.
Отприлика е вака: 6 дена нула јаглехидрати, 1 ден се полниш.. и пак одново.
 
Кај било која лоу карб диета главен проблем е транзицијата на повторна конзумација на јх, контролирањето на инсулинот за да не дојдеш до момент да полудуваш за храна. Првиот пат кога имам држено кето, мислам дека лудував по храна после првиот оброк со јаглехидрати, арно ама изедов хамбургер со помфрит и после тоа уште цела чоколада и дизната ми се отвори како да немам видено храна во живот, па морав да испијам литар и пол вода во пола саат за да се смирам.
Ако транзицијата се прави паметно и постепено (јаглехидрати со низок гликемичен индекс од непроцесирана храна и овошје), нема да имате проблем, плус мој совет зеленчукот да го држите секогаш на високо ниво, нема јаглехидрати, добар е за цревната флора, богат е со минерали и витамини, нема калории, ве држи сити, не дозволува да имате нагли промени во нивото на шеќер во крвта.
Ќе ја дигнам темава од мртвите... Баш вчера разговарав за ова и добив совет да имам чит деј(во случај на стагнација) за да го шокирам организмот и повторно да почнам одново. Логично, така? Ама зошто би мамела со хамбургери, чоколада и чуда кога поминав низ пекол кога откажував јаглехидрати, плус и пмс како додаток(жените знаат зошто)? Ако веќе имам чит деј, ќе внесам поздрава опција на јаглехидрати.
Е сега, прашањето ми е: дали после одреден период на кето диета и чит деј би ги имала истите симптоми како на почетокот кога ќе влезам во кетоза?
 
Најверојатно да.
 
Последно уредено:

Не треба со хамбургер, затоа имав пишано, после 4 месеци на тоа и постигнат посакуван резултат и јас се опуштив и удрив бургер, што е погрешно. Ако прекинуваш со кето, треба бавна транзиција кон јх. Ако сакаш cheat day, тогаш се прави пак со кето храна, само повеќе калории од вообичаено.
 
A ako се прави cheat со не-кето foods?
 
A ako се прави cheat со не-кето foods?
Зависи пак каква, ако е протеинска, нема да е толку голема беља (пак зависи колку јх), ако се натепаш благо ќе те извади од кетоза и пак цел процес одново.
 
Имам неколку прашања во врска со кето диетата.
- Зошто не би можело да се конзумира млеко со намалена масленост без лактоза, кога веќе може да се конзумираат другите млечни производи (јогурт, кисело млеко, сирење, кашкавал ...).
Исто така дали може да се зема магнезуим (оној за после спортувања), мастики (имаат шеќер)?
 
Баш лактозата е проблем во кето, види содржина на јаглехидрати на пакувањето, ако нема многу и не пиеш често, м‘скај!
Јас не би земала никакви суплементи што содржат шеќер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom