Колку си ја сакате работата?

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
Во голем дел МНОГУ. Се најдов сосема неочекувано бидејќи ни на крај памет не ми беше да го работам тоа што го работам денес, за на крај кога е веќе извесно дека ќе заминам од оваа професија да ми фали до таа мера што не би ја менувал за ништо.
Моментот кога се пронајдов, покрај сите потешкотии, беше кога одиш на „работа“ од ќеиф т.е. кога не ни го ословуваш како работа.
Подвоени мислеа колку сакаш... за некого недостојна, за некого потценувачка, за други кои би менале бубрег за да се на твое место привлечна и така во круг.
Моментално избирам нова професија, можеби и две кои планирам да ги работам паралелно. Не дека ме исполнуваат или дека ќе ме релаксираат, но сум човек кој сака промени и знам дека ќе ме однесат кон нешто трето и различно. Цела среќа што радозналоста не ме напуштила па секогаш ќе може „практичните“ професии да ми заскокоткаат повеќе интерес.
Од денешна дистанца, пет години унапред, не би можел да предвидам кој крај ќе го фатам, но знам на каде и да ме однеси животот дека нема да останам до крај доколку во тоа немам лична сатисфакција и доколку на тоа гледам баш како на класична работа.
 
Се надевам не си озбилен..
Пола шала вистина.
Јас во моја кариера не сум имал ни 20% денови со работно време од 8 часови.
Во ИТ свет ова е останато скоро како мит, 10+ ти се гарантирани скоро секој ден.
Автоматски споено мислење:

Ја работам 24/7, а ти за 8 саати ми збориш.

Си ја сакам сега најмногу, од ко дадов отказ пред 1 месец... јас сум сега конечно слободен човек. Конечно не зависам од газди кој не мислат на здравјето и правата на работниците.
Паметно, особено ако имаш избор.
 
Се надевам не си озбилен..
Во IT е, и јас го делам неговото искуство, ретки се деновите кога се почнало во 9 а завршило во 5. Е сега се трпи тоа затоа што е платено :)
 
Братци јас сум пукал и по 24,и по 36 саати,многу често,ќе затворам очи 10 минути у офис,ќе се истуширам и избричам у соблекувалната.Ќе напраам една линија амфетамин на капакот од вц шољата,и шибам даље...
еве пример..за да ме разберете што зборам.
20210104_114931.jpg
Гала вечера за 380 луѓе, мени од 6 курса,тоа се 2800 тањири,од кој секој треба да изгледа на 98% идентично,со идентична грамажа,соодветна температура,итн итн.И сето тоа треба да се испука за 60 минути.
Да не збпрам за подготовката.
 
Пола шала вистина.
Јас во моја кариера не сум имал ни 20% денови со работно време од 8 часови.
Во ИТ свет ова е останато скоро како мит, 10+ ти се гарантирани скоро секој ден.
Во IT е, и јас го делам неговото искуство, ретки се деновите кога се почнало во 9 а завршило во 5. Е сега се трпи тоа затоа што е платено :)
Претпоставував дека за ИТ се работи, мислам дека ова е сосема друга димензија на работно искуство. Повеќето луѓе у државава работат над 8 саати (за приватно збориме), а не им е како што треба платено и надоместено. Нема простор за плачки за ова од страна на тие што работат у ИТ реално, разликата у платите е преголема ако гледаме само според работно време.
 
Пола шала вистина.
Јас во моја кариера не сум имал ни 20% денови со работно време од 8 часови.
Во ИТ свет ова е останато скоро како мит, 10+ ти се гарантирани скоро секој ден.
Кај нас е ова глупа пракса наметната од работодавачите. Не важи дефинитивно за сите дејности ама неретко среќавам ликови кои заради газолижење „заглавуваат“ на работа. И кај мене се заглавува на работа на терен ама кога ќе видам фолирант во канцеларија дека заглавил со „администрација“ ми се темни.
Пред некое време зборев со колега од Словенија ми вика кај нас ако не завршиш до 4 -5 значи дека не те бива..Имаш 8 саати да се организираш, се после тоа е трошок за газдата: струја, дополнителни ресурси.
Не важи за ИТ, готвачи и ред други, ама има голем дел кој се лигават.
Голем дел од фирмите и плаќаат за дополнителни саати.
 
Пред некое време зборев со колега од Словенија ми вика кај нас ако не завршиш до 4 -5 значи дека не те бива..Имаш 8 саати да се организираш, се после тоа е трошок за газдата: струја, дополнителни ресурси.
е да и ова е, не можеш да главиш за ситниши и после да бараш overtime :)
 
како за некои што работат 10+ саати многу типкате по кајгана, ја рецимо до скоро работев 8 саати па немав душа да се соземам а не пак на форуми да типкам
Замисли и за теретана/трчање иаме време, ти немаш кондиција, ние арни сме :D
 
Замисли и за теретана/трчање иаме време, ти немаш кондиција, ние арни сме :D

имав на работа такви колеги типкачи, 10% од времето работеа, 90 типкаа, ради такви работата на мој грб паѓаше, затоа тие што ги бива си идат. Само камшик за македончето треба, боље и не заслужува.
 
да ги земеш негде каде што стварно треба да се работи ќе се онесвестат, тие ќе ти зборат за кондиција
Кај мене се бараат девелопери 24/7. Пушти ми CV да видам дали си типкач или си реиздание на Кевин Митник :)

Сериозна сум, зошто да паѓало на твој грб се ќе си зберел искуство досега да немаше да постираш дека лошите тетки од HR не те примале :))) А и од форумов слушам дека доста колеги се понудиле да ти помогнат да најдеш работа во нивните фирми ат ти си ги одјебувал дека се било со врски :toe:

Се работи 10+ саати во ИТ, а сите ИТ фирми искупија пинг-понг, плејстешн, пикадо, фудбалерчиња итн итн :icon_lol:
Па има периоди кога нема работа, чекаш нов проект, петок после работа, за викенди за 24/7 делот, не знам што е толку трагично. :)
 
Муабетов за ИТ е правен милион пати. Зависи од фирма, проект, тим, шеф, пари.

Сум имал денови станувам во 5 сабајле, 4 саати во воз 400км додека да дојдам до работно место (во воз одговараш мејлови таму ваму), на работа до кај 5-6, од таму во хотел кајшто се припремаш за утре, буричкаш работи што треба да ги научиш пошто како екстерен експерт не те плаќаат да учиш туку за ефективна работа, па немаш привилегија да учиш за време на работно време. 5 дена вака, петок назад дома накај 11-12 полноќ за 2 дена викенд. Сум имал и денови во home office кога ставам статус зеленко и се одлогирам ментално од работа за време на работно време, освен ако има нешто итно.

Во глобала, предност во струкава е тоа што има голема побарувачка за работна сила на маркетот, па до некаде имаме слобода да правиме избор. Кој сака повеќе пари најчесто нема да знае што е 8 саати работен ден туку ќе 'рмба малку повеќе. Кој сака work-life баланс, слободно време итн. ќе работи најчесто за помалку пари, без overtime. Тоа е таа предност...сосема ок, за џабе не учев 17 математики, шо ве ебам :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom