Колку си ја сакате работата?

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Во денешни турбулентни времиња кога е многу тешко воопшто и да најдеш работа прашањето е и тоа што го работите колку ве исполнува. Многу е тешко и депресивно да се будиш со мачна мисла: кој ќе оди на работа....
Јас лично ја сакам својата работа колку и да е напорна и тешка. Не е тоа што ми била првичната замисла ама некако „ми легна“. Се ми е предизвик, решавање на нови и невообичаени ситуации ми се секојдневие.
Како вие ја доживувате вашата работа?
 
Од сабајле преспав на два пати по пола саат додека се греев. Сега се прозевам на лаптопов, ме мрзи дури и семки да си изблендам.....кога ќе размислам подобро универзумов ми се смилувал и ми подарил барем еднo добрo нешто покрај паметов....а ќе заборавев, имам и озвучење и рокам музика цело време.
Му викам пред некој ден на едно другарче....не дај боже да треба нешто друго да работам, ќе умрам од мака :D
П.С. Си ја сакам многу работата.
 
Од сабајле преспав на два пати по пола саат додека се греев. Сега се прозевам на лаптопов, ме мрзи дури и семки да си изблендам.....кога ќе размислам подобро универзумов ми се смилувал и ми подарил барем еднo добрo нешто покрај паметов....а ќе заборавев, имам и озвучење и рокам музика цело време.
Му викам пред некој ден на едно другарче....не дај боже да треба нешто друго да работам, ќе умрам од мака :D
П.С. Си ја сакам многу работата.
Znaci si nevraboten ?
 
Znaci si nevraboten ?
Не бе.....од време на време ќе станам од едно биро до друго биро. ќе прерачунам нешто и така. Луѓето ми носат работи што мислат дека се за во отпад, а јас од тоа правам пари :)
 
Искрено можам да кажам дека си ја сакам работата. Работам долги години како програмер, постојано со предизвици и решенија. Најубав дел ми е кога ќе го согледам и решам проблемот, едноставно ме исполнува. Исто така имам неколку хоби со кој што ги полнам батериите и уживам кога имам слободно време.
 
Последно уредено:
Работам во приватен сектор, и можеби звучи чудно но си ја сакам работата.
Не работам по струка, и сосема случајно почнав со работа кај нив, планирав да поработам додека најдам нешто друго, but 2 years later i'm stilll here, и сега за сега не ни планирам да барам друга работа.
Условите за работа и плата ми се супер и воопшто не се осеќам дека сум на работа.
Нормално дека не е се така розево, има и некои минуси и стресни денови but overall is okay.
 
Како дете најголем страв ми беше да не заглавам во некое срање што не го сакам. И мајка ми и татко ми биле во Југославија векот натерани да се занимаваат со медицина па од тоа нивно офкање од време на време се набив стравови :D

Имам среќа да струката што ја сакам е дефицитарна и добро платена во секое село на планетава па немав моменти во животов да се мислам навечер дали се исплати маката и дали ќе може да се живее во иднина. Немам контакт со луѓе на исто ниво како што имаат тие од сектор продажба, маркетинг па да си кубат коси што ми е огромен мерак плус :D Исто и како дете бев личност што сака да учи нови работи а овде месец дена ако се држиш настрана од новитетите, останатите ќе те заминат како Шумахер на времето што ги заминуваше другите по 2 круга.

Мал минус е што може да ти се случи од нигде никаде да ти испадне задутре да мораш да отидеш во друга земја што е ретко, но се случува, не дека е некој проблем, авиониве денес се како ЈСП ама лошо е што испушташ родендени, други планови а и ако е подалеку дестинацијата си се справуваш со џетлагот.

Сумирано, камо среќа и другите сегменти од животов да ми одеа како работава ама мора некаде да има дисбаланс :icon_mrgr:

Ако треба да дадам совет на некој студент или средношколец, тоа е прво да си средите со себеси каков човек сте. Ако сте спремни и сакате да правите жртви, да станувате во 4 сабајле за deployments, да мора цел живот да полагате испити за сертификати, да дежурате, да комуницирате со личности од сите националности - одберете медицина, IT, маркетинг итн. Ако сакате некоја пошематска работа, сметководство, нотар, ова она мада да не испадне дека потценувам, ни овие струки не се лесни но не верувам дека може да те станат во 3 сабајле за паднат систем. Одамна тврдам дека овие што го хејтаат понеделник се луѓе што не го расчистиле горенаведеното со себе и заминале во води кои не се за нив.

За дали ќе има работа или не, не се мислете зошто и така сите шпрехаме Дојч.
 
Најди гу работу што ке те испунуе и сфак дн ке си слободан!
Конфучие?

Нели сфак човек у секс,ебе ебе ебе и сфршуе.Епа ја беше мноо време конобар... и сфрши, у конобарстфо : )
Ск сам шанкер годину дна и топ ми е, ептен се пронајде,без да се изгубу hh
 
Како кур шо сакам исто толку работата си ја сакам. Физички не е тешка, ама напорна стресна со притисоци, топка ми се збира во стомак кога треба да идам. Па и незнам јазик и кога ми се дерат овие германците менаџерите морам да ги пцујам на српски, за шпионите од Србија и Хрватска после да им пренесат, е тоа ми е единствен издувен вентил.

Мора да се менува во скоро време нешто, кој кур барав да се менувам од претходното место за 2 евра плус на саат. :facepalm: Налет и пари и се кога одиш на работа со еден чекор напред, два назад.
 
Најди гу работу што ке те испунуе и сфак дн ке си слободан!
Конфучие?

Нели сфак човек у секс,ебе ебе ебе и сфршуе.Епа ја беше мноо време конобар... и сфрши, у конобарстфо : )
Ск сам шанкер годину дна и топ ми е, ептен се пронајде,без да се изгубу hh
Тешки лопови сте....тоа го дознав скоро. Онака како професионална деформација мислев :D
 
Тешки лопови сте....тоа го дознав скоро. Онака како професионална деформација мислев :D
10 денара у живот не сам украја, ни од газде ни од клиенти!
Али затој па камиони и камиони жестоко сам испија, не пакети,него камиони, на сметку на фирму,признаам си хехе
И фирма знае

А за крадње стфарно видеја сам има конобари крадеф, не куцаф бре лопови.Ако нека крадеф, паре по аптеке да ги трошиф.

Ја сам сирома за много, за сто петсто иљадо не сам.Што е мое заработено и заслужено си га сакам, туѓо не!
 
Јас сум заљубена во својата работа.
Кога човек ја работи својата работа со љубов, тогаш со елан си ги извршува обврските.
Работата со луѓе знае да биде крајно исцрпувачка, стресна, но трпението и челичните нерви ми се од голема помош.
Колегијалноста, меѓусебната доверба, флексибилноста е уште еден голем плус во работата. Кога работата те исполнува, тогаш ништо не е тешко, баш напротив се работи со голем елан.:pipi:
 
Како кур шо сакам исто толку работата си ја сакам. Физички не е тешка, ама напорна стресна со притисоци, топка ми се збира во стомак кога треба да идам. Па и незнам јазик и кога ми се дерат овие германците менаџерите морам да ги пцујам на српски, за шпионите од Србија и Хрватска после да им пренесат, е тоа ми е единствен издувен вентил.

Мора да се менува во скоро време нешто, кој кур барав да се менувам од претходното место за 2 евра плус на саат. :facepalm: Налет и пари и се кога одиш на работа со еден чекор напред, два назад.
Она кога одиш на работа и по патот во мал дел од секундата посакуваш да те удри кола :icon_mrgr:

Најверојатно си Мек или Бургер Кинг па знам како ти е.Да не е пцуењето најверојатно ќе завршиш како психијатриски случај.
А најтешко е кога од нигде никаде се појавуе гужва и гледаш од кујна како се полни ресторанот, се чуствуваш како оние порно глумиците шо им прават генг-банг, тогаш ти следува секс во најава.


Еве го моментот дојде од 12 почнувам до вечер до 10 и пол и така у круг.
 
си ја сакам работата, но не и фирмата и луѓето со кои работам.
Нема нешто полошо кога ќе кажеш на некого да сработи нешто (дизајнер на пример), истото ќе го направи онака шалабајзерски, за да нареден пат не го замараш туку да прашаш некој друг. Најголем дел од луѓето во фирмава во која работам се такви и тоа ми е голем проблем, бидејќи после ја сум одговорен за крајниот резултат кој вклучува тимска работа.
Друга работа, многу е хардкор онака кога ќе помине 1 година после вработување кога си пораснал и научил многу нови скилови и после одеднаш ти доаѓа момент кога све е репетитивно и не бележиш никаков прогрес во поглед на нови скилови и нови ствари. Тоа е огромен предизвик за секој миленијалец, верувам дека и затоа постои терминот milennial job hopping. Исто, мора да се истакне дека огромен фактор за незадоволство кај вработените се НЕРЕАЛНИТЕ очекувања. И да, исто така голем downer е кога ги гледаш бројките/кешот што ги праи фирмата и кога споредиш колку си платен. Тоа е момент кога сфаќаш колку уствари си деградиран.

Што се однесува до работата, супер е пошто е сестрана и вклучува многу компоненти и бара знаење од многу сфери и аспекти. Но, фирмава, т.е газдава е доста комплициран човек. Го молев 1 месец да откупиме еден многу корисен софтвер кој кошта 100ина долари месечно а фирмава праи добри пари. Профит без добри инвестиции, за жал, не е возможно. Кога ќе ми спомне види ги овие конкурентиве што праат или колку они профит праат е врвот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom