Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Ти дава локални резултати, податоци од Калифорнија. Мерките наметнати од Њујорк, убиваат повеќе од негрижа отколку што спасуваат луѓе од корона.

....

Не бе човек, ги зима официјалните резултати, пресметува однос инфицирани/тестирани и претпоставката му е дека оваа вредност е релевантна и веродостојна за целата држава(CA). И на база на ова вади заклучок за смртоста.

Проблемот е во тоа што тестирањето е селективно, се тестираат лица кои имаат предиспозиции. Затоа односот инфицирани/тестирани очекувано е да е поголем во однос на она што би било Вкупно Инфицирани/Вкупна Популација. Преценет е. Следствено, смртноста кога ќе ја делиш со преценета вредност, истата ќе ти биде потценета.

Ова е страшно лош начин на водење на статистика.
 
Абе што се секираш, нека не носат, па некој треба и да се поболи за да стасаме до 2/3 што имаат антитела, за имунитет на стадо.

Јас си се грижам за себе, за другите слободно нека не носат, иако на секој пред да ризикува би го советувал да симни некое кило.
Само што нема фајда само ти ако носиш маски, треба сите да носат :)
Иако суштински не мења ништо, кад тад ќе го фатиш ако сакаш нормален живот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Смртноста е на ниво на обичен грип!
Од масовни тестирања во државите Калифорнија и Њујорк, добиени се следните резултати:
Калифорнија
Вкупно жители 39.5 милиони
тестирани 280900
инфицирани 33865
12% од тестираните во Калифорнија се инфицирани
Репрезентативно 12% од жителите на Калифорнија се инфицирани
или 4.7 милиони инфицирани
смртни случаи 1227 или 0.03%
смртност од ковид-19 = 0.03%
Њујорк
вкупно жители 19 милиони
тестирани 649325
инфицирани 256272
39% од тестираните на Њујорк се инфицирани
Репрезентативно 39% од жителите на Њујорк се инфицирани
Смртни случаи 194010 или 0.1%
Смртност од ковид-19 = 0.1%
Кога има вакви тези ке запрашам нешто просто - коj обичен грип преполни интензивната нега во Италиja или Шпаниja да речем и да се бира на кого да има респиратор? Може ли годинава вака да чуеме за коja се десило...
 
Да обаче и претходно во Италија се десило хората да умираат од грип и болниците да бидат преполни да не можат да постигнат од пациенти. Ќе го најдам извадокот од весник и ќе ти го пратам.

ЕДИТ, и во 2018 здравствниот систем во Милано крахирал од 25 илјади жртви од грип (споредено со 26к денес во Италија од корона) ама тогаш не беше во сите весници па не му се плашевме :icon_lol:

Последно уредено:
Дали од денес не носење маска во Германи е казната 150 евричи ?

Само по продавници и јавни установи се носи задолжително, надвор не. Казна спомнуваа од 50 до 100 евра зависи каде.
 
Моментот е „се шетам без маска и ништо не ми е“.
Така де, имало и ќе има идиоти...туку сакав да дадам контра аргумент на Ригил, дека според постот, ако испаднеш и шеташ ќе се заразиш, ако седиш дома нема...еве јас ги почитувам меркиве и пробувам да се заштитам и моите блиски, ама гледам еднаш дневно да испаднам или до парк на трчање, или пешачам тука околу зградава 30тина минути, сам нормално....на самото тело му е потребна физичка активност, и на умов малце ветреење...
Пр. сестра ми имаат 3 годишно дете и е хиперактивно, доколку еднаш во денот не го изнесат надвор да се истрча, хаос настанува..е замисли така да го држиш затворено во 4 ѕида со месеци или години...и тука е малце зезнато, такви како мене неколку да испаднат, еден куп родители со деца, такви како жената на сликата што се собираат без памет, и се создава слика дека низ град сите си се шетаат и гајле им е дали е пандемија или не...хепа чорба македонче.
 
Дали од денес не носење маска во Германи е казната 150 евричи ?
Како бе така, нели само кај нас пишат казни за "Заев да го полни џебот" од кај сеа ова:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Така де, имало и ќе има идиоти...туку сакав да дадам контра аргумент на Ригил, дека според постот, ако испаднеш и шеташ ќе се заразиш, ако седиш дома нема...еве јас ги почитувам меркиве и пробувам да се заштитам и моите блиски, ама гледам еднаш дневно да испаднам или до парк на трчање, или пешачам тука околу зградава 30тина минути, сам нормално....на самото тело му е потребна физичка активност, и на умов малце ветреење...
Пр. сестра ми имаат 3 годишно дете и е хиперактивно, доколку еднаш во денот не го изнесат надвор да се истрча, хаос настанува..е замисли така да го држиш затворено во 4 ѕида со месеци или години...и тука е малце зезнато, такви како мене неколку да испаднат, еден куп родители со деца, такви како жената на сликата што се собираат без памет, и се создава слика дека низ град сите си се шетаат и гајле им е дали е пандемија или не...хепа чорба македонче.
Зезнато е со деца ама мора родителите начин да најдат да го занимаваат детето, проблемот е шо родителите ( не зборам за сестра ти ) им е мака да застанат со детето да играат дома, немаат време, кој ќе виси на фејс на оние групите :)
И јас сум со внучиња дома 2 и 5 години, знам како е, ама ние Битолчани навикнати сме, оти зимно време затворени се децата, нема ни игротеки како во Скопје да ги изнесиш, нема ни трговски така да приморани сме дома да седиме цела зима :)
 
Последно уредено:
Нешчо за вентилатори респиратори...

Да обаче и претходно во Италија се десило хората да умираат од грип и болниците да бидат преполни да не можат да постигнат од пациенти. Ќе го најдам извадокот од весник и ќе ти го пратам.

ЕДИТ, и во 2018 здравствниот систем во Милано крахирал од 25 илјади жртви од грип (споредено со 26к денес во Италија од корона) ама тогаш не беше во сите весници па не му се плашевме :icon_lol:

Можи да ми кажиш од кај ти е информацијаза за 25 илјади жртви од грип во 2018 ?
 
Нешчо за вентилатори респиратори...

Ако постираш уште еднаш некаква спам глупост која не само што не држи вода туку и нема допирна точка со медицина, одиш на бан.
 
Можи да ми кажиш од кај ти е информацијаза за 25 илјади жртви од грип во 2018 ?

International Journal of Infectious Diseases

2013/2014 - 7027
2014/2015 - 20259
2015/2016 - 15801
2016/2017 - 24881
 
International Journal of Infectious Diseases

2013/2014 - 7027
2014/2015 - 20259
2015/2016 - 15801
2016/2017 - 24881

Еми ти објави текст од Јануари 2018 дека тогаш колабирало здравството. А тогаш беше грипот дундин дим и се гледа од графикот за вкупен број на мртви што гледам не го користиш повеќе.

Инаку во 2017 25 илјади се умрени, сега вкупен број дупло повеќе.
Само ви кажа онај будалана од Италија дека не се умрени од Корона :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom