Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Опсадата на Ленинград траела цели две години, на пример. Сеа...многу луѓе испоумирале, ама па и преживеале.
Прашај ги тие што преживеале кој им бил изборот, понекад. Каиш, ѓон, иверица, а понекад и човечко месо.
Не дали има свежо овошје.
 
Ехааа кога сме кај постовите,посен мајонез бутаат,пита со спанаќ или праз со растителна урда па дури и посни чоколади измислиле.Постот не да измислуваш криви дрини туку да се воздржиш
Исто важи и за карантинот.
Иде у крајности. Луѓе ми кажуваат дека и почесто одат у продавница сега, пошо си праат ѓезмиња по дома. Веројатно следниот месец со намалени плати ќе ни дојде памет.
 
Епа тука народот е крив, а не државата. Ставаат полициски час за да ги заштитат, а они ќе бегаат по викендици и ќе ставаат сториња heheh policiski cas. Зошто бараа карантин ако гледат да избегаат од истиот?
Настрана карантинот у Куманово... не ли мислиш дека добра идеја е луѓето кои се во можност да се организираат да се преселат по викендици... поготово оние што се во стан... друго е дворче...
 
Изгледа во 12 ч. не ни планираа да оди Куманово во карантин, а можда и тогаш ги добиле резултатите за 11-те заболени во болницата, па дур да се состанат и да одлучат помина време. Не се за оправдување никако, не треба да си Нострадамус за да предвидиш како ќе изреагира народот, можеа да пуштат џандари и од Скопје за да го организираат редот во продавниците и растојанието. Иако јасно е дека разумен човек не излегува да се турка во вакви опасни времиња за факинг 2 дена карантин. Ама тие се дебело малцинство.
 
Прашај ги тие што преживеале кој им бил изборот, понекад. Каиш, ѓон, иверица, а понекад и човечко месо.
Не дали има свежо овошје.
Тие причите, абе ајде....што има хранливо у каиш, ѓон, иверица?
 
Што е најтрагично, забораија многу луѓе дека е пост, што е у суштина нејадење. Некои турбофолк вернициве, постат со морска храна, риба, авокада и егзотики што е сосема спротивно од целата идеја за постење.
Така е.
За жал, ја сум од тие верници што постат со морска храна, темно чоколадо, вино и све што можеш да замислиш, а е посно.
Никад не сум ни тврдел дека сум добар христијанин.
Автоматски споено мислење:

Тие причите, абе ајде....што има хранливо у каиш, ѓон, иверица?
Ништо. Едноставно бутаат што можат и не се причи, него проверени сведоштва. И од книги спојките, кај што се спојуваат страниците, ги јаделе.
Секако, тоа нас не не спречува у сред Корона ко Хобити да се храниме по дома.
 
Ми се чини деновиве малку тестови се прават дали толку е капацитетот или долку објавуваат. Ако гледаме други земји се знае редоследот. На почеток имаш малку случаеви и потоа растат експоненционално. После недела две почнуваат и да растат смртните случаеви оти нели не умираат одма луѓето туку после 2-3 недели и подоцна. Добро почнаа со мерките ама потоа некое време се опуштија а требаше одма ригорозни мерки и чекање пикот да помине. Не е удобно ама нема друг избор. Затоа сега во цела паника оваа мерка. И јасно е дека ќе следат и други градови.

Моментот на објава не би рекол е лош и во Германија во петоци често се објавувале мерки, пред викенд. Секогаш при таква најава ќе имаш гужви во продавници.

Околу статистиката. Што ви менува дали некој умрел од корона или од друго а го имал вирусот? Апсолутно ништо. Ја дури би рекол поважна е бројката на заразени да се види колку е проширено, затоа што секако ќе има жртви. Дали пет луѓе поќе или помалце влагаат во статистиката нема врска, не е тоа натпревар.
 
читам Србија ваква таква помош од Русија, Кина, не знам што, а од друга страна многу лоша ми изгледа работава, што се случува таму ?
 
По таа логика нема да постои графа за починати од рак, веќе зборував за тоа, тие секако умираат од секундарни инфекции.
Ако и мозочните и срцевите удари ги ставиме под сомнение за вирусна и бактериска смрт ќе остане графата само за убиства и самоубиства.
Сомнение? Ало, во среде пандемија позитивни се на вирусни клетки во организамот ти викаш сомнение. :facepalm:
 
Сомнение? Ало, во среде пандемија позитивни се на вирусни клетки во организамот ти викаш сомнение. :facepalm:
Концептот дека тие луѓе кои биле со хронични заболувања би си биле живи и (релативно) здрави доколку не би заболеле од корона го игнорираат ко мали деца што ги игнорираат мајките кога ги викаат од тераса да се приберат дома на ручек.
Битно они се кул и смирени, ние паничариве сме криви за све. И Бранко да не го заборавиме, одамна не сме го спомнале дека е крив.
 
Значи не е до мерките него до човекот е :)
И да затвори на 24/7 следен месец, пак ќе можеш/смееш да одиш до аптека/продавница.
утре во Куманово ќе работи некоја аптека и продавница ?
 
Мило ми е шо се спасивте. :facepalm:
Само опинци варени за вас луѓенца.

Ми извади реченица од контекст. Браво. :facepalm:

Ако луѓе на форумов и општо низ интернет најавувале дека следната бомба ќе биде во Куманово, зошто луѓето кои живеат во Куманово не ја сффатија сериозно работата?
Кумановци на форум, со оние што шетаат по Куманово, два света :D
 
Концептот дека тие луѓе кои биле со хронични заболувања би си биле живи и (релативно) здрави доколку не би заболеле од корона го игнорираат ко мали деца што ги игнорираат мајките кога ги викаат од тераса да се приберат дома на ручек.
Битно они се кул и смирени, ние паничариве сме криви за све. И Бранко да не го заборавиме, одамна не сме го спомнале дека е крив.
А чекај, ако паничиш ќе го намалиш некако ризикот или? Јас колку што знам, во паника секогаш се носат грешни одлуки
 
Без храна неколку недели.
Без вода неколку денови.
Без воздух многу малку минути.

Опсадата на Ленинград траела цели две години, на пример. Сеа...многу луѓе испоумирале, ама па и преживеале.
Секојдневно по светов има војни, срања....ситуации у кои реално не може да се дојде до храна, вода....да не кобам, ама ова нашево, не е ни почнато. Може малку да повежбаме достоинство, за недајбоже, ако дојде полошо (се надевам нема).

Сите сакаме да си имаме све по дома и да се чувствуваме ко да е празник некој, со домашна софра секој ден, ракииче, сиренце....

Што е најтрагично, забораија многу луѓе дека е пост, што е у суштина нејадење. Некои турбофолк вернициве, постат со морска храна, риба, авокада и егзотики што е сосема спротивно од целата идеја за постење.
Незнам како може целава оваа ситуација на некого да го тера на јадење, можеби stress eating :D

Муабетот е што може да се помине и со овес за поручек, вчерашен грав за ручек и шо било за вечера.

Па и недела дена да е карантин...
 
Стек, во оваа ситуација многу често од секое семејство некој не работи периодов, значи во скоро секое семејство има кој да пазари преку ден. Ако ти си на работа, заедно со мајка ти татко ти и брат ти нема кој да оди, верува дека Фичо другар ти ќе ти излезе у пресрет и ќе ти купи работи за неколку дена, додека не се организирате.

Ако луѓе на форумов и општо низ интернет најавувале дека следната бомба ќе биде во Куманово, зошто луѓето кои живеат во Куманово не ја сффатија сериозно работата?

Пак ќе кажам, дека е заебан период за објавување на ваква е, се слагам ама не е крај на свет бе брат, не е за да настане оваа калакурница.
Сите знаеме на кое ниво е свеста и одговорноста на народот, знаеме колку може да бидат неодговорни и испаничени луѓето, знаеме колку лесно може да настане калакурница, и баш заради тоа е потребен промислен пристап и соодветен начин на известување и воведување на вакви построги мерки.

Како е подобро според тебе, некој ден унапред да најават дека ќе се воведува карантин за викендот или еден час пред карантинот да ја известат јавноста за тоа?

Кога можело луѓе на форумов и на интернет да најавуваат дека следната бомба ќе биде во Куманово, тогаш можело и државата да го најави тоа, официјално и навремено, бидејќи располага со далеку повеќе и поточни информации, а не да очекуваме од кумановчани да ја сфатат сериозно работата врз основа на рекла-казала муабети на форум и на интернет.

Значи, не е проблем што се вовело карантин, проблем е тајмингот, буквално 5 до 12 е воведен. И сега, наместо пред продавниците да има редови по 5-6 души, сега имаме калакурница, со по 50 луѓе на куп, кои се туркаат како нездрави пошто имаат само еден саат за пазарење.

Но, тоа е тоа, бидна веќе. Идеме понатаму, со надеж дека нема да останат големи последици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom