Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Како човек кој има контакт со многу пари секој ден (секако, не мои пари :D) можам да кажам дека ако ништо друго ракавиците ми влијаат психички, да не посегнувам по лижење прст или чешање на очи, лице или друг дел од лицето. Така да може да се каже дека горе доле имаат позитивен ефект на мене. :D

Ова со маскиве е кур се тресе у ладна вода, прво и основно нема квалитетни маски, без да се разбира човек во тоа од авион се гледа дека не ги бива, второ нема доволно, а трето аналогно на второто се неутрализира ефектот на маските затоа што мораме да ги носиме по цела смена и реално нема ни сврха ни ефект истото.

Може да кажам дека оваа недела приметувам поголема превенција од страна на граѓаните, нормално не можам да генерализирам и затоа зборувам стрикно за тоа што јас го гледам. Лошото е што ова ниво на превенција го забележувам тек после три недели откако се појави вирусот, што значи дека мора да дојде јајцето на газот за да почнеме да преземаме нешто.

Најновата мерка на Владата во однос на полицискиот час за време на викендите укажува на тоа дека наскоро не очекува пикот на вирусот и дека сега треба да бидеме најодговорни за да не трпиме огромни штети во иднина, што на здравствен што на финансиски план. Бидете дома, не излегувајте без потреба, одржувајте хигиена и се ќе биде во ред.

За кајгана од Белград Стек Пиштолов.
Освен замисли лекарите.Добар дел ни маска, ни нараквица.А некои и по навика ги лижат парите.
А тек пензионери после 11 :mad:
 
У врска со муабетот со готова храна, сега е право време за готвење дома, јас никаква готова храна не сум купил откако почна ситуацијава, не бев од оние кои купија 10 кила брашно но сепак месено домашно лепче и други тестенински продукти, домашни манџи, се сменија малце навиките и верувам дека и подобро е и поздраво е вака.

Е сега, немам двор и домашен зеленчук и овошје, ама миеме колку што реално може да се измие од оваа загадена почва.
 
Значи кој не полуди тај није нормалан ќе испадни работата.
Отворам твитер и секој пост е поврзан со корона, капак на се и луѓето придонесуваат уште повеќе паника со тие статусите, " денес умре баба ми " "денес умре чичко ми"
Од никогаш не ги сваќам луѓето кога ќе им почини некој близок од кај наоѓаат сила да застанат на фејс или твитер и да ја споделат веста дека загубиле некого,дали е комплекс за центар пажња или сакаат да бидат сожалувани не знам стварно.
На таквите моментално би им забранила инт.
Не знам дали постои опција во алатки да напрам се шо е поврзани со зборот ковид да не ми излегуваат вести,преку таквото веќе
 
Denes odam da vadam penzija,izvrsitelot pak mi odbil 1/3,epa neli vcera objavija deka se suspendirani izvrsitelite do 30 juni, a kamoli pak deka se zamrznati kreditite ili samo taka za na televizija,da si kazam samo da znaete onie sto imate krediti srekno hh poz
 
Последно уредено:
Единствено нешто што ми помогна периодов да не мислам 24/7 на ситуацијава е канабисот. Дури мислам дека тоа е лекот за Коронава.
Пред два-три дена ги имав сите симптоми на Ковид. Од кога почнав да конзумирам ТХЦ, го готвам канабисот и го јадам, не го пушам, се ми помина. Не се зафркавам и не тролам. Навистина помага барем да не доживувам стресови :)
ја утре,евентуално задутре чекам,да ме тестираат. Ако се е у ред,не да јадам..у секоја дупка џоинт ќе турам..немогу више,полудев
 
У врска со муабетот со готова храна, сега е право време за готвење дома, јас никаква готова храна не сум купил откако почна ситуацијава, не бев од оние кои купија 10 кила брашно но сепак месено домашно лепче и други тестенински продукти, домашни манџи, се сменија малце навиките и верувам дека и подобро е и поздраво е вака.

Е сега, немам двор и домашен зеленчук и овошје, ама миеме колку што реално може да се измие од оваа загадена почва.
Потопувај ги во вода со сода бикарбона, сол, оцет, исплакни ги убаво и нема мука. Може и да ги оставаш да отседат некое време.
Продуктите од пазар се гадни затоа што луѓе имаат одвратна навика да ги префаќаат, а дури сега разбраа дека треба да се мијат раце.
Работи што може да се излупат, обавезно. Посебно јаболки кои редовно се прскаат и до 15 пати во годината.
Банани и лимонасто овошје, внимателно лупење, ставање во сад, па миење раце и после јадење. Бананите се многу прскани исто и добар дел од хемикалиите се задржуваат на црниот дел на долната страна.
Не ти делам лекции, чисто некој за да прочита ако практикува поинаку.
Правење леб дома е долга процедура. Не викам дека е лошо, ама додека има во маркетиве и го има спакуван, не се замарам. Одам на 5-7 дена во маркет и купувам 2-3 леба, пошо и така траат или ги печам на тостер.
Суштината е ретко одење по маркети и пазари. Не значи тоа гомилање залихи, туку оптимално купување. Градоначалникон италијански им збореше - „не идете за едно пакло цигари у продавница“.
 
Нормално, и од грип 100% сме заразени во Мк, јас незз некој што не орележал. Само нека се изјасни убаво дека таа бројка години ќе трае. Вака паника ствара.
 
90932028_1983016691830579_3516635641901219840_o.jpg
 
Ако го прескокнеме делот за Трамп во видеово, има доста добар сликовит приказ зашто седењето дома и превентивните мерки се битни, како и зашто не е побезопасен вирусот од грип.
Спрдњата е бонус :D
 
Докторот вика секој што умрел во болница а бил позитивен на корона го пишат во графата жртви од корона вирус

Наркоман позитивен на корона кој се предозирал го пишат како жртва од корона вирус. Терминален канцер кој умирал во било кој случај само затоа што се заразил од корона ќе го пишат дека е жртва од корона
Ама подоле објаснува во делот што го цитирав, на што конкретно се мисли.
Сигурно во сите тие регистрирани случаи има и неколку кои би умреле и без да бидат заразени од вирусот, меѓутоа апсурдно би било тоа да се 88% од сите смртните случаи кои они ги регистрираат како умрени од корона.
Многу поверојатно е да почнат се повеќе држави да ги прикриваат реалните бројки на жртвите и да ги прикажуваат во други колони, само за одговорните да ја намалат својата политичка одговорност.
И онака лидерите на Запад веќе влечат голем багаж ради кризава, заедно со нивните пријатели во медиумите, кои наместо да предупредуваат и информираат за сериозноста на новопронајдениот високо заразен и фатален вирус, се занимаваа колкаво кршење на човекови права и демонстрирање на авторитарност е карантинот во Вухан, како и колку лилјаци дневно конзумира просечен Кинез.
Тек кога епидемијата експлодираше во Италија, почна doom and gloom известувањето и практичните совети за количината на тоалет хартија што на секој од нас ќе му биде потребна во карантин.
 
Како бе Шведска нема дисциплина ?
Па еден месец е скоро вирусот кај нив и имаат 2500 заболени а им работат угостителски објекти, градинки, училишта, граници отворени.
Да беа недисциплинирани оваа бројка од 2000 и кусур ќе беше пута 10.
Има изроди и таму не викам не ама во глобала преовладува дисциплината и редот.
Пиша еднаш една членка тука дека луѓето самоиницијативно си почитувале некои мерки, дистанцирање итн.
Уште кога не беше актуелен вирусот им стигале меилови дека ќе дезинфицираат теретани,маркети итн.
За пример, еве ти слика од клиника во Малме, без полициски час, без мерки, штама, празно.Прегледај го приврзокот 240533


Сакаш слики да ти пратам, или ќе веруваш на збор?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom