Главна фаза од ЕП

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 селекции ќе одат во полуфинале?


  • Вкупно гласачи
    47
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 април 2013
Мислења
3.413
Поени од реакции
7.089
Хрватска го игра од тактички аспект буквално истото што и Македонија, но ја гази Австрија. Тоа е кога на местото на Дувњак го имаш Талески, место Столе и Н.Маркоски ги имаш Муса и Степанчиќ, место Циндриќ и Карачич ги имаш Кузмановски и Танкоски...
 
Хрвативе се страшни во 5-1 одбрана,како ги затворија Билик и Божович...:aplauz:

Хрватска има многу што да покаже на првенствово,покрај јаката одбрана имаат и во напад одлични индивидуалци.
Циндрич каков играч мајко мила.:drk:
 
Gi vratija na avstrijcite kaj sto im e mestoto :D
 
Božovič i Bilik golot ne možat da go vidat.

Тоа беше целосно очекувано. Хрватска ја игра најпроблематичната можна одбрана од сите екипи за Австрија и реално беше да имаат огромни проблеми во позицион напад.

Впрочем и ние пробавме на ист начин, ама со многу послаб дефанзивен играчки кадар,а сигурно и помала уиграност, Хрватска ова го усовршува уште од кога е Дувњак во репрезентацијта..... Ама дури и нашата можеби ќе функционираше да не бевме тотален очај во нападот и да не продававме топки како луди по што не убиваа во транзиција - нешто што Хрватска не го прави.
 
Македонија веќе се збогува со настапите од втората и главна фаза од Европското првенство, па малку изгубивме волја за отворање на нови теми :D
Нејсе :D
Во првиот три групи од првата фаза немаше скоро никакво изненадување и работите излегоа според предвиденото. Единствено се очекуваше дека можеби ние ќе играме епизодна улога во овие групи, на местото на Чесите.

Група 1
Шпанија 2 поени
Хрватска 2 поени
Австрија 2 поени
Чешка 0 поени
Белорусија 0 поени
Германија 0 поени

Овде веќе се одигра еден меч, во кој Шпанија без проблеми ја совлада Чешка и дојде до 4 поени. Чесите со ова скоро и да ги загубија шансите за полуфинале (кои и онака ги немаа :D). Во вториот денешен дуел, Хрватска има константно водство против домаќинот Австрија, па широко си ги отвора вратите кон полуфинале.
Лично, очекувам Шпанија и Хрватска да дојдат до првите две позиции. Би одлучувал дуелот меѓу Хрватска и Германија, бидејќи Шпанија веќе ги демолираше Германците. Не гледам како другите селекции би дошле до бодови.
Чесите ќе бидат последни, а Белорусија и Австрија би решавале за четврто место.

Распоред:
Прво коло (16 јануари)
Шпанија - Чешка 31-25 (одиграно)
Хрватска - Австрија 18:15
Белорусија - Германија 20:30

Второ коло (18 јануари)
Белорусија - Чешка 16:00
Шпанија - Австрија 18:15
Германија - Хрватска 20:30

Трето коло (20 јануари)
Хрватска - Чешка 16:00
Белорусија - Шпанија 18:15
Германија - Австрија 20:30

Поинтересно ќе биде во Групата 2. Најголемите фаворити Данска и Франција се веќе аут. Изненадување е Унгарија која пренесе 2 бода, но за место во полуфинале ќе се борат буквално сите селекции. Никого не смееме да отпишеме.

Група 2
Унгарија 2
Норвешка 2
Словенија 2
Шведска 0
Португалија 0
Исланд 0

Прво коло (17 јануари)
Словенија - Исланд 16:00
Норвешка - Унгарија 18:15
Шведска - Португалија 20:30

Второ коло (19 јануари)
Португалија - Исланд 16:00
Словенија - Унгарија 18:15
Норвешка - Шведска 20:30

Трето коло (21 јануари)
Португалија - Словенија 16:00
Норвешка - Исланд 18:15
Шведска - Унгарија 20:30

Мој тип е дека Словенците и Норвежаните ќе одат во полуфинале на крајот :D
 
Четири кола има во главната фаза:

Четврто коло (22 јануари)
16:00 Хрватска - Шпанија
18:15 Белорусија - Австрија
20:30 Чешка - Германија

16:00 Португалија - Унгарија
18:15 Норвешка - Словенија
20:30 Исланд - Шведска
 
втората група е далеку поинтересна, мислам дека вечерва натреварот Белорусија-Германија би требало да биде интересен, освен ако германците не се повампират
 
Бомбач мозок играч :bravobe:
Како игра Словенија, ти се чини колку е лесен спорт ракометов :D можат да си дозволат еден Скубе да не им игра, тоа е ракометна нација. Заслужуваат медал, зошто да не и златен.
 
унгарија норвешка, нели е време за нерешен резултат на првенството
 
Со ракометниот Чоло Симеоне на клупа, ќе лапаат медал словенциве.
 
Браво змајчеки,им одржавте лекција на рибарите,со три промашени пенали и 7 пробивања, Ферлин голманиште невидено.
 
Ако им останеше Вујо на Словенциве ништо немаше да направат!
 
Ако не освои Норвешка сега никогаш нема да освојат.
Автоматски споено мислење:

17 минута и веќе водат 10 разлика. Што ли сила ќе беа овие.....
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom