Група B (CZE, MKD, AUT, UKR) - Виена

  • Креатор на темата Креатор на темата aletem
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две репрезентации ќе продолжат во наредниот круг?

  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
А где је Раде Стојановиќ? :toe:
Во пензионерски дом Феникс Премиум. Интересно беше пред 5-6 години кога плачевме за него, сега е веќе доцна :pos:
 
Томовски брани во Бундеслига, а Борко има 200 пати поголемо искуство. Што покажал Кизиќ досега? Рано е за него.

Во поголема форма е од Борко сигурно. Борко кога ќе го видам да се нервира на секој примен гол, јас уште повеќе се нервирам од него.

А и плус малиот ќе сака да се докажува, а и жеден е да играње и да брани, така да може повеќе да се очекува од него.
 
И Гедбан во Вардар сака да се докажува, и Талески во репрезентацијата на пример. Тоа не значи дека ги бива. Кизиќ е голем талент и неговото време ќе дојде за неколку години. И за каква форма на Кизиќ зборуваш? Во последните три натпревари од СЕХА-лигата имаше вкупно 4 одбрани. Еднаш го спаси Вардар против Киелце и одма треба да игра за репрезентацијата?

Митревски секако дека заслужува да биде прв голман, но искуството на Борко е незаменливо и тие двајца заедно со Томовски се најдобрите голмани во Македонија моментално.
 
Во поголема форма е од Борко сигурно. Борко кога ќе го видам да се нервира на секој примен гол, јас уште повеќе се нервирам од него.

А и плус малиот ќе сака да се докажува, а и жеден е да играње и да брани, така да може повеќе да се очекува од него.
Знајш кај нас како оди со голманите, младиот Митревски дебитираше на 28 години за сега на 34 прв пат да биди прв голман.
 
Кизиќ одигра пет минути за Вардар и одма во репрезентација, има време и за него, нека се покаже прво во клубот, реално сите тројца се пред него во моментот. Борко стварно нервира, но битно е и неговото искуство, сепак после Лазаров има најуспешна кариера.
Што се однесува до првенствово, мислам дека сме благ фаворит во групава, но познавајќи го нашиот менталитет можеме да изгубиме од секој. Со оглед на тоа од кај доаѓаме, пласман на ЕП/СП во било кој спорт е успех за нас, со пласман во втора фаза треба да бидеме задоволни, а се останато е плус. Чекор по чекор :)
 
Знајш кај нас како оди со голманите, младиот Митревски дебитираше на 28 години за сега на 34 прв пат да биди прв голман.

За жал јас сум скептик дека и на 34 ќе му дадат да биде прв голман...
 
Ја ипак мислам дека ќе игра Кире уште од почеток, за да направе разлика
 
Не сме толкав квалитет па да тактизираме со составот и со силите, макар и против Украина. Нека искочат машки цврсто од самиот старт, па ако има можност последните 10 минути нека ги одмори најискусните. Не сме ние Франција со 16 квалитетни ракометари па да тактизираме и распоредуваме сили...
 
Почнување натпревар без Кире за нас никад не се покажало како добра опција, па чак и против послаби репки од Украина. Ќе почне да иде колата низ брдо па после тешко назад. Нека не се заебава Брестовац, нека си почне со најсилен состав и нека иде на стартна победа со сите сили, која е итекако важна за продолжение на првеството.
 
Последно уредено:
Не верувам дека нешто посебно ќе тактизираме во однос на минутажата на Кире, со тоа што генерално на првенството јас не верувам дека ќе игра повеќе од 20-25 минути по натпревар. Кире одамна не играл 60 минути, веќе подолго време се користи секоја можност да не игра во одбрана, а овојпат мислам и дека ќе се избегава негово присуство кога треба да се менува по дијагонала.

Во превод, ништо чудно да стартуваме без Кире ако напаѓаме од десно кон лево во прво полувреме, но не заради тактизирање туку затоа што така и генерално ќе играме во тие полувремиња на првенството.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom