Најубав јазик според вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата ANDZI
  • Време на започнување Време на започнување
италијански е најзвучен некако, има некоја посебна енергија во јазиков... има некој на форумов што научил, да каже за колку време се учи, сакам да го научам...
 
Францускиот ми е УБЕДЛИВО најубавиот јазик. Имам убаво чувство кога зборам нешто на француски.

И англиски со британски акцент!
 
makedonski definitivni a kako vtor ruski
 
Македонскиот
 
Италјанскиот дефинитивно најубав јазик

Англискиот е исто така убав но превилниот англиски не амерички
 
Покрај македонскиот, францускиот и италјанскиот се најдобри.
 
1.Јапонски-многу ми се аресва колку стабилен,јак и сериозен јазик е(само немојте да го споредувате со другите азијатски јазици ко тајландски,филипински од нив коса ми се дига и одма барам памук за уши!)
2.Француски:pipi:-нежен...
 
Гледам сите многу слабо го споменувате англискиот, а тука на форумов претежно на англиски комуницираме.:pos: Колку и да не сакам да кажам често се наоѓам во ситуација да преведувам англиски фрази затоа што тие ми идат први на памет наспроти некоја ,,домашна,, конструкција на зборови. Францускиот е многу убав и речит јазик, ама многу е тежок бре. Долг временски период ми беше потребен само звучноста да му ја сварам, а сега кога и нешто поткажувам би сакала да го знам подобро. Италијански и шпански ми се многу звучни јазици, имам чуство дека би ги научила брзо. Најубав јазик треба да ми биде македонскиот, ама пак политиката замешала прсти-па не ми е!
 
Од оние кои не ги владеам (и неможам да ги судам по ништо сем по звучност) ќе речам француски. Од оние кои ги владеам, без двоумење: англиски!

Како што рекол George Bernard Shaw: „Невозможно е за Англичанец да ја отвори устата, а да не натера некој друг сограѓанин да го мрази.“

Еден од најбогатите јазици според мене, исто така уништуван секојдневно (многу повеќе од „малите“ јазици) поради глобализацијата и тенденцијата секој со него да се служи, умеел или не умеел.
Многу луѓе го сведуваат на лимитираниот „глобиш,“ а е многу повеќе од тоа. Марк Твејн рекол дека во неговата новела Хаклбери Твин има 17 различни дијалекти! Еден од најчесто збогатуваните, ревизирани јазици, кои се движат и живеат и растат. За разлика од заробениот од бирократија француски на пример. Најбогат и најчесто надополнуван со нови зборови. Според некои проценки во денешниот англиски постојат повеќе од 1 милион зборови - просечен Англичанец знае околу 14,000 - за споредба вокабуларот на Шекспир бил 24,000 (кој самиот истовремено измислил и го надополнил јазикот со 1,700). Колку од нив користат глобалните самопрогласени „енглези“ тогаш?
Игрив, полн со синоними, идиоми, певлива граматика, страшно богат семантички. Можеби македонистите треба да се замислат во обидите да не го помрднат македонскиот цели 50 години , а во меѓувреме дозволија да изгуби плејада од зборови под напливот на неписмени! ДА СЕ ЗБОГАТИ МАКЕДОНСКИОТ!!! :salut:
 
Нема потреба од збогатување сега... Ние си имаме наши зборови само што не ги користиме, а некои не ни знаеме шо значат. Кога ја читав Тврдоглави од Славко Јаневски се зезав дека ми треба македонско-македонски речник. :) Има многу стари, заборавени зборови што ги користи и многу негови неологизми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom