Кресненско – Разлошко востание (1878 – 1879)

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Одлуките од Берлинскиот конгрес македонскиот народ ги дочека со бран на разочарување, огорчување и експлозија на револт.

Востанието му претходи од едно собрание на 50-60 поистакнати Македонци, од македонската емиграција во Бугарија, кои се наоѓале во контакт со егзархиските кругови, се собрале за да побараат излез од новонастанатата ситуација. Меѓу нив се Васил Диамандиев, Методи Кусев, Димитар Карамфилович, Коста Шулев, Димитар Македонски и др. Под формата на добротворен комитет за потпомагање на бегалците од Македонија тие започнуваат да организират востание. Во текот на август кон нив се присоединува и епископ Натанаил Охридски.

Паралелно со ова собрание, во Пловдив, под раководството на Стефан Стамболиски, познат бугарски револуционер и иден претседател на бугарската влада, се формира комитетот „Единство“. Под негова контрола биле ставени сите други слични комитети во Бугарија.

Целата работа на организирањето на вооружените акции во Македонија му била доверена на Охридскиот митрополит Натанаил. Под негова команда се нашле голем број бивши доброволци Македонци. По обемните организациони подготовки, во септември 1878 година од реонот на Ќустендил бил направен и обид да се уфрли една чета во Македонија, но без успех.

Една од првите грижи на Натанаил била да воспостави контакт со водачите на внатрешното движење, особено со дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев-Беровски. По консултациите со нив, во Рилскиот манастир (08.09.1878), а потоа и со раководителите на локалните чети во Горна Џумаја, било решено да се обединат сите чети под командата на војводата Стојан Карастоилов од с.Старчишта, Неврокопско. Исто така, на овие советувања било решено со акциите да се почне во реонот на Кресненската Клисура.

Востанието започнало на 5 октомври (с.с.) 1878 година, со напад на околу 400 востаници врз турскиот гарнизон во Кресненската клисура. По 18-часовна борба, целиот состав на турскиот гарнизон од 119 војници и два офицери бил заробен, а заземени и селата Влахи, Оштава и Ново Село. По овој успех востанието брзо се проширили по левата и десната страна на р. Струма со заземање на селата Мораска, Брезница, Будилци и Сливница. Востаниците дошле во непосредна близина на Берово и Петрич, а друга група го блокирала гр. Мелник.

Кресненското востание во првите десет до петнаесет дена во рамките на Серскиот санџак активно опфатило пет околии: Џумајска (Благоевградска), Мелничка (Санданска), Петричка и делумно, Демир Хисарска и Пехчевска. Подоцна, во почетокот на ноември тоа се проширило и во Мехомиска (Разлошка) околија.

Џумајската околија, која практично била напуштена од турската војска поради присуството на руската војска во Горна Џумаја, фактички била оперативна зона на востаниците. Во неа се вршела концентрација на востаничките сили. Територијата што во првата половина на октомври ја ослободиле востаниците ги опфаќала Мелничка, Петричка и Пехчевска околија

Во Пехчевска околија, со сигурност може да се каже, било ослободено Берово.

Во целина во првиот налет востаниците само во наведените пет околии, а по проширувањето на борбите во Разлошко, каде што биле ослободени седум населени места вкупно ослободиле 54 населени места со околу 32 илјади души население.

Со успешното развивање на востанието, со неговото јакнење и израснување во реална борбена сила и востаничка власт сe повеќе се конкретизирале и неговите цели.

Во своите настојувања да ги одрази стремежите на македонскиот селанец за слобода и самостојност, раководството на востанието изработило „Правила на македонскиот востанички комитет“. Тоа е вистинска национално-политичка програма, во која се определени карактерот и суштината на Кресненското востание – борба за самостојност на востанието како услов за извојување на сопственото ослободување, за создавање на своја македонска држава.

Сето тоа влијаело востанието да биде прифатено со воодушевување од македонскиот народ – внатре и надвор од земјата. Приливот на востаниците бил толку голем што не можело да се наваса со оружје. Димитар Поп Георгиев барал 2-3.000 пушки, но секогаш добивал минимално количество, што довело и до првите конфликти меѓу месното раководство на востанието и комитетот „Единство“.

Меѓутоа, заедно со успесите, дошле и првите судрувања меѓу востаниците и претставниците на комитетот „Единство“, чии последици биле трагични.

Од раководството на востанието биле отстранети претставниците на Комитетот, и тоа целосно поминало во рацете на внатрешните. Не можејќи да допушти раководството на востанието да се отргне од неговите раце, Комитетот презел најенергични мерки неговите претставници да се вратат во раководството во Кресна. Оваа намера била спроведена со драстични средства. За да ја осигураат својата власт над востанието, претставниците на Комитетот го уапсиле Беровски и го ликвидирале војводата Стојан од Петрич. Настапила криза во востаничките редови. Ползувајќи се од настанатите сзудрувања меѓу востаниците, турската војска ја повратила ослободената територија од левата страна на Струма.

Следејќи ја својата тактика на повеќе места да се подигнат немири, Комитетот „Единство“ наредил на 8 ноември 1878 година да се нападне градот Банско во Разлошката котлина. Во првиот налет од Банско биле истерани турските војници, но востаниците не успеале да завладеат со целата котлина. И покрај храбриот отпор на месното население, по девет дена акцијата во Разлошко пропаднала.

Поради меѓусебните пресметки и опасноста востанието да пропадне, Натанаил повторно го вратил уапсениот Беровски во секторот на Кресна. Тој своето внимание го сконцентрирал на секторот на Каршијак, каде организирал востаничка селска власт.

Меѓутоа, Беровски не останал долго во востаничките редови. Тој бил повторно уапсен од агентите на Комитетот „Единство“ и засекогаш отстранет од востанието.

При крајот на април 1879 година османската војска ја завладеала слободната востаничка територија. Потоа, кон крајот на мај, истата година биле распуштени и четите што се наоѓале на бугарска територија.

По задушувањето на Кресненското востание, за што не мал придонес имаат големите сили, а во прв ред Англија, која и директно, преку давањето материјална помош на Османската империја, се ангажирала во неговата ликвидација, внатрешните немири не престанале.

Interesna tema se ovie vostanie, osobeno ubistvoto na Karastoilov i Rumena Vojvoda..tuka pocnuvaat bugarite da se mesaat vo vnatresnite nasi raboti
 
Me mrzese se da procitam samo znam deka vostanievo propadnalo poradi bugarite , a tie nas braka ke ne vikaat , more MARS u 3 lepe . Kolku go imaat zagorcuvano zivotot na makedonskiot narod bugarite.
 
Во седмо праев реферат за Разловечко и Кресненско Востание:helou:
 
Кресненското македонско востание

КРИК ПРОТИВ ВЕКОВНИОТ ЈАРЕМ

На чело на сите востанички формации стоеше Штаб на македонските востаници со учество на повеќемина војводи кои го избраа Димитар Беровски за свој началник. Штабот располагаше со сопствен печат што го носеше називот "Печат на началникот на Штабот на македонското востание, 1878 година", со што всушност беа одредени името и карактерот на востанието. А целта на македонското Кресненско востание најдобро се согледува преку "Правилата - Уставот на Македонскиот востанички комитет", напишан во 1878 година.
"Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме како македонска војска на Александар Македонски, за слободата, со нашата девиза: Слобода или смрт!".
Многубројните раздвижувања на народите на Балканот кон крајот на ХIX век резултираа со таканаречената Источна криза која ја иницираше Цариградската амбасадорска конференција на големите држави (1876-1877).

Но, бидејќи основните проблеми на источното прашање останаа нерешени, наскоро по Цариградската конференција избувна Руско-турската војна (1877-1878). Во неа најактивно учество зедоа македонските доброволни единици што ги поминаа сите жестоки битки низ Бугарија и стигнаа дури до Источна Македонија. Тука тие се споија со вооружените формации на Димитар Поп Георгиев Беровски што ги држеше уште од Разловечкото востание.

Војната заврши со Санстефанскиот прелиминарен мировен договор од 3 март 1878 година, по кој дојде и Берлинскиот договор кој Македонија повторно и ја врати за полно владеење на Турција. Со таквиот однос Македонците повторно беа измамени, напуштени, па револтирани од берлинските решенија, уште кон крајот на 1878 година го креваат познатото Кресненско македонско востание.

ВОСТАНИЧКИ ПРЕВИРАЊА

На 5/17 октомри 1878 година, четите на војводите Димитрија Беровски и Стојан Карастоилов со 400 востаници го нападнаа гарнизонот во селото Кресна, поради што тоа и го добива името Кресненско востание. Откако борците ќе го истиснат турскиот гарнизон, востанието ќе се прошири и во 35 села на Каршијак, појас од двете страни на реката Струма.

Истовремено во Разлошкиот крај доаѓа до нови востанички превирања. По успешниот тек на востанието, востаниците организираат народно- востаничка власт на ослободената територија. За воен раководител и прв војвода е избран Стојан Карастоилов. Најнапред се основани повеќе востанички чети и донесени се решенија за создавање коњица, за отворање касарна и слично.

На чело на сите востанички формации стоеше Штаб на македонските востаници, со учество на повеќемина војводи кои го избраа Димитар Беровски за свој началник. Штабот располагаше со сопствен печат што го носеше називот "Печат на началникот на Штабот на македонското востание, 1878 година", со што всушност беа одредени името и карактерот на востанието. А целта на Кресненското македонско востание најдобрио се согледува во "Правилата на македонскиот востанички комитет" и во "Уставот на македонското востание" напишани во 1878 година.

Штабот на востанието се однесуваше како легитимен и единствен претставник на македонскиот народ. Освен со административно-политички прашања, Штабот се занимаваше и со воени задачи и вршеше функција на привремена востаничка македонска влада. Беа основани и највисоките органи на цивилната и воената заштитна власт: полициско начелство, старешински совет, селски милиции, месни старешини и слично.

Софискиот комитет "Единство" испраќа свои емисари (Калников, Војткевич и други), во обид да предизвика незадоволство и расцеп во редовите на раководството. Нивниот обид тоа да го сторат со мирни средства ќе се покаже неуспешен поради отпорот што го даваа востаниците, па затоа на спиење ќе ги убијат војводата Карастоилов и неговите најблиски соработници , а началникот на Штабот на востанието, Димитар Беровски е затворен.

Овие настани ќе предизвикаат деморализација сред востаниците и осипување на четите. Привремениот избор на Мирослав Хумбаер на чело на новиот штаб нема многу да ја подобри состојбата. Затоа, на 6 јуни 1879 година, Митрополитот Натанаил Кучевишки, кој за цело време на востаничкиот период игра посредничка улога, заповеда четите да се расформираат, а пушките и муницијата да се собираат и да се складираат. Со тоа заврши и востанието.

НАЦИОНАЛНА ИДЕЈА

Карактерот на Кресненското востание најдобро се гледа од "Правилата - Уставот на македонскиот востанички комитет" од 1878 година.

"Познато ни е на сите нас дека злосреќната земја Македонија поради причини на егоистични цели од страна на големите сили, е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа во одделни области на нашата татковина дојде до многу крвави сцени, познати секому. Во желбата да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку што може, станавме да се жртвувавме, бидејќи секому од нас ни е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт!".

Македонскиот востанички комитет јасно ја дефинира "Целта на Востанието во Македонија" во девет точки и ги дава "воените правила за македонската војска, каде што во 130 члена се озаконува целокупниот ред, и тоа не само во востаничкиот состав.

"Македонската востаничка војска, освен од редовни востанички сили, се состои од целото македонско население во ослободените и неослободените краишта, па секој на некаков начин е македонски војник: машко или женско, стар или млад, должен е колку што може и со што може, да му помага на востанието... Откако се уверивме дека не е можно да се крене Востанието во сите делови на Македонија, ние решивме да се дигне локално востание во Источната област, и ослободивме многу села и населени места со внатрешни сили. Меѓутоа, пред нас стои големата задача да ја ослободиме целата наша татковина Македонија. Ние сега водиме герилска војна со турците, но имаме намера да испратиме востанички чети внатре во Македонија за да се крене востание и таму".

Печат на началникот на штабот на Кресненското востание

Понатаму во текстот се направени анализи, распоредби на војводите и четите што треба да отпатуваат во другите реони на Македонија.

Карактерот на Кресненското востание се гледа и во членот 132, но и во последниот дел од документот (чл. 182-211) што ја одредува и надворешната политика на Востаничкиот комитет и ги дефинира односите со соседите и со големите сили.

Член 132: "Нашето македонско востание е внатрешно и ние го водиме со свои сили, па блиските окрузи во Бугарското Кнежество немаат братски пристап и нашите пратеници ги враќаат без да им дадат оружје, бидејќи ние немаме достапност за да можеме да им помогнеме на нашите браќа Македонци внатре во Македонија".

Член 134: "Македонците што живеат во туѓина и сакаат да го помогнат ослободувањето на својата мила татковина од ропството, можат да земат учество во востанието ако понесат со себе оружје и облека".

Член 182: "Македонското востание е внатрешно, но тоа не може да успее ако не ја убедиме Европа за нашата ослободителна борба. Востанието пред европските држави ќе го претставува Македонскиот востанички комитет и луѓето што тој ќе ги определи надвор од Македонија".

Член 184: "Во Европа веќе се зборува, а гласовите постепено стануваат посилни во корист на нашиот народ".

Должноста на Македонскиот востанички комитет е да ги појаснува целите на Востанието така што да се разбере вистината дека нашата борба е ослободителна и нема да наштети на правата на другото население во Македонија.

Член 190: "Со окружни писма до сите добротворни комитети до Европа да се испрати еден мемоар за неопходните нешта за поткрепа на Македонското востание. Во мемоарот ќе се искаже нашата вера во правдината и користа на нашето свето дело: Ние не се очајуваме, но продолжуваме да работиме енергично и неуморно за постигнувањето на нашата цел - ослободувањето на Македонците од турското ропство, бидејќи турската власт не сака да го приложи членот 23 од Берлинскиот договор".

Член 194: "Нашите Македонци, дедовци и татковци, се бореа и си ја пролеваа својата крв за слободата грчка и српска, за ослободувањето на Бугарија, не пожалија живот за општата слобода наша. Сега е време тие да се покажат како вистински потомци на славните свои ослободители и следбеници на своите врсници да им помогнат за ослободување на Македонија од петвековното ропство".

Член 208: "Македонскиот востанички комитет озаконува сите Македонци да ги исполнуваат наредбите на овие Правила - Устав без поговор до ослободувањето на Македонија и до донесувањето на мирновременскиот Устав на автономна Македонија".


За време на Кресненското востание, националниот деец Ѓорѓија Пулески, како учесник во Руско-турската војна и војвода и член на Главниот штаб на Востанието, како посебни изданија во Софија ги објавува: Првата револуционерна поема на Македонски јазик "Самовила македонска" и првата одделна стихозбирка на македонската литературна историја "Македонска песнарка". Во нив тој мошне јасно ќе ја изложи националната идеја за созадавање одделно "Кралство Македонија" како продолжение на државата на Александар Македонски".

"Македонската востаничка војска, освен од редовни востанички сили, се состои од целото македонско население во ослободените и неослободените краишта, па секој на некаков начин е македонски војник: машко или женско, стар или млад, должен е колку што може и со што може, да му помага на востанието... Откако се уверивме дека не е можно да се крене Востанието во сите делови на Македонија, ние решивме да се дигне локално востание во Источната област, и ослободивме многу села и населени места со внатрешни сили. Меѓутоа, пред нас стои големата задача да ја ослободиме целата наша татковина Македонија. Ние сега водиме герилска војна со турците, но имаме намера да испратиме востанички чети внатре во Македонија за да се крене востание и таму".
 
Пишува: ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ, Нова Македонија, Март 1999.


Правдата во рацете на силата

Големите сили, првенствено Русија, без какви било чувства за македонската национална самобитност, со прелиминарниот Санстефански договор ја вклучија речиси цела Македонија во рамките на Голема Бугарија.
И три месеци подоцна, пак без грижа на совеста, со одлуките на Берлинскиот конгрес, пак ја вратија Македонија во Османлиската империја

Преку Разловечкото, Пијанечкото, Кумановското, Кривопаланечкото востание и учествувајќи со бројни доброволни чети во српско-турската и руско-турската војна, Македонскиот народ имал силни придонеси во разрешувањето на Источната криза.
Меѓутоа, големите сили, особено Русија, без какви било чувства за македонската национална самобитност, со прелиминарниот Санстефански договор ја вклучиле речиис цела Македонија во рамките на Голема Бугарија.
Три месеци подоцна, пак без грижа за македонскиот народ, големите сили со одлуките на Берлинскиот конгрес повторно ја вратија Македонија во составот на Османлиската империја.
Таквата одлука кај македонскиот народ предизвикала разочарување и губење на довербата во праведноста на конгресот, во искреноста на политиката на големите сили и во односот на соседите кон македонското прашање.

Предлогот, согласно членовите 23 и 62, на Македонија да и се даде политичка и верска автономија во рамките на Османлиската империја бил дочекан како обична фраза, бидејќи таквите решенија никого не обврзувале, ниту, пак, биле предвидени санкции за нивното неизвршување.
Веднаш потоа македонските дејци упатувале бројни протести и приговори на одлуките на Берлинскиот конгрес.
Со одлуките на Берлинскиот конгрес биле дефинирани границите на Османлиската империја, во чии рамки и била дадена можност да си ја средува внатрешната состојба како може и умее.
Веднаш потоа во Македонија се довлекувале воените сили од Босна, од Србија и од Бугарија, а се испраќале и нови од Турција.
Од централна област на европска Турција, Македонија сега станала нејзина погранична територија.
Тоа претпоставувало ангажирање на бројни воени сили, заострување на владејачкиот систем, даночната политика, казнените мерки, и сето тоа значело влошување на животот на македонскиот народ.

Во тоа време, единствен поволен услов било присуството на српските и руските воени сили на северната граница на Македонија и во новосоздаденото Кнежевство Бугарија, како и создадената Руска зона на македонската територија во Горноџумајската околија.
Донекаде поволен услов претставувале и членовите 23 и 62 од Берлинскиот конгрес, со кои Турција требало во Македонија да спроведе политичка, школска и верска реформа каква што била предвидена за Крит.
Близината на руската војска го зголемувала борбениот морал кај организаторите и востаниците, а во членовите 23 и 62 се изнаоѓала меѓународно-правната можност за организирање и кревање на востание.
Покрај наведениве тешкотии, состојбата во Македонија ја влошувало и доселувањето на турските и на муслиманските бегалци-маџари, кои по стеснувањето на турската империја по Берлинскиот конгрес, се доселиле во Македонија.

ПОДАЛЕКУ ОД ЗУЛУМИТЕ

Според француските извори, Македонија станала прибежиште како на еден дел од отпадниците на отоманската армија, така и на муслиманите кои пребегнале од Бугарија, од Босна, од Херцеговина и од други области.
Околу 60 000 семејства се наоѓале во градовите и селата и биле вселени во домовите на христијаните.
Турците-бегалци раздвижени по целата територија на Македонија, главно ги формирале башибозучките одреди.
Поради нивните злосторства, повеќе од двесте христијански села се иселиле во Србија и во Бугарија.
Покрај грабежите од турските бегалци, македонскиот народ плаќал и бројни даноци на турската власт, а особено тешки намети му причинувале реквизициите на турската армија, која по Берлинскиот конгрс се зголемила на 80 баталјони.
Делови од оваа армија оделе насекаде низ Македонија и се издржувале на сметка на местата што ги посетувале.
Покрај овие, пустошењето во Македонија особено го зголемувале Албанците, кои од отоманската влада добиле пушки мартинки и големо количество муниција, па претставувале значајна сила.
Пред нив се чувствувале немоќни и отоманските власти, а свое владеење вовеле дури и во Скопје, со што, всушност, биле единствени господари во земјата. Поради таквата состојба, францускиот конзул во Софија предлагал Македонија да ја окупира некоја од неутралните сили со цел да се спаси христијанското население.

Големите долгови што Турција им ги плаќала на големите сили го соголиле македонскиот народ до коска.
Селанството ги поднело главните натурални и парични давачки. Македонските селани и плаќале над 30 видови даноци, со што се претвориле во работници само за опстанок, во обично човечко суштество.
Нивната животна и имотна несигурност, како и семејната чест, заедно со социјалната, била токму загрозена што живите им завидувале на мртвите.
Во такви животни услови, започнало самовооружувањето и самоорганизирањето на македонскиот народ за самоослободување од османлиското владеење. Недостигот на единствена револуционерна политичка организација значително го отежнувало организирањето и раководењето на вооруженото востание, што било причина да се појават надворешни сили, кои имале за цел да го искористат македонското востание за сопствени цели.
 
ПОДГОТОВКИТЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКОТО) ВОСТАНИЕ

Подготовките за востание во Македонија започнале веднаш по завршувањето на Руско-турската војна и по заклучувањето на прелиминарниот Санстефански договор. Македонскиот народ, особено истакнатите македонски дејци, ослободувањето на Македонија не го гледале во нејзиното присоединување кон Бугарија, па се спротивставиле на одредбите на Санстефанскиот договор.
Разочарувањето било големо и во однос на руските преговарачи, кои Македонија му ја доделиле на идното бугарско кнежевство, а не одредиле руски трупи да ја окупираат и на тој начин да ја штитат од Турците, чиј карактер во основа бил воинствен и не дозволувале да им биде одземено она што го освоиле со меч.
За Турците било неразбирливо преку еден писмен договор да им се одземе земја со која управуваат.

Македонскиот народ веќе ги загубил надежите за ослободување од надвор, бидејќи големите сили во 1870 година наместо обновувањето на Охридската архиепископија го ставиле под јуриздикција на Бугарската егзархија; на цариградската конференција во 1876 го поделиле меѓу Бугарија и Турција, со одредбите на прелиминарниот Санстефански договор во 1878 година речиси целосно бил ставен во рамките на бугарската држава.
По донесувањето на решенијата на Берлинскиот конгрес, Македонија повторно била вратена под турска управа.
Поради тоа, незадоволството на македонскиот народ максимално се зголемило, бидејќи не можел да верува дека Европа одбила да го прифати ослободувањето на Македонија.
Згора на тоа, во Македонија се повлекле остатоците на османлиската војска од новосоздадените независни земји, најголемите антихристијански муслимани, бројни муслимански бегалци, па се зголемил башибозлукот, поради што таа станала центар на безредија.

Во таквата општа состојба, кај македонскиот народ нараснал патриотизмот, се воздигнал борбениот дух и започнало самоорганизирањето и самовооружувањето за сопственото ослободување.
По загубата на довербата во Русија и во Европа, идејата била дека македонскиот народ за својата слобода мора самиот да се избори со своите внатрешни сили и средства.
Меѓутоа, се појавиле и надворешни сили, кои исто биле незадоволни и со одлуките на Берлинскиот конгрес, но кои имале за цел повторно да ја формираат Санстефанска Бугарија за да ги остварат руските интереси.
Надворешните сили биле поттикнувани, организирани и раководени од словенските комитети во Петроград и во Москва и од бугарските благотворителни комитети Единство.
Меѓутоа овие сили имало и Македонци кои бле школувани во Русија и во Бугарија и кои ја прифаќале руската односно бугарската големодржавна идеја.

Исто така, по одржувањето на Берлинскиот конгрес, бројни биле бегалците кои од Македонија заминувале во ослободеното Кнежевство Бугарија.
Особено се иселувала интелигенцијата, која дотогаш била во служба на Бугарската егзархија во Македонија.
Меѓу таквите биле митрополитите Натанаил Охридски, Кирил, Панарет, потоа Јосиф Ковачев, П. Урумов, Д. Карамфилович, Васил Дијамандиев и други кои, како приврзаници на егзархијата, барале ревизија на Берлинскиот договор и се вклучиле во бугарските благотворителни комитети Единство.
Иако со спротивни цели, надворешните и внатрешните сили подготовките за востание во Македонија ги спроведувале истовремено.
Надворешните сметале дека со заеднички сили Македонија треба да се ослободи од Турците, а потоа лесно да ги покорат македонските внатрешни сили, а на тој начин Македонија да ја присоединат кон Бугарија.

ПОДГОТОВКИТЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ СИЛИ

Откако се увериле во егоистичките интереси на големите сили, македонските дејци се свртиле кон македонските кругови, кон самоорганизирањето и ги започнале подготовките за ослободување и осамостојување со сопствени сили.
Без оглед на тоа што ја загубиле довербата во Русија, особено по вклучувањето на Македонија во Санстефанска Бугарија, сепак поради близината на руската војска, надежите биле свртени кон Русија.
Присуството на руската војска во Ќустендил и Горна Џумаја (денес Благоевград), како и раздвиженоста на македонските востанички и ајдутски чети, особено акциите на четите во Пијанец, разоружувањето на муслиманското население и воспоставувањето на народната власт како и авторитетот на Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев Беровски, претставувале силен мотив и во другите краеви на Македонија да се појават нови војводи и чети и да се агитира за востание и ослободување на Македонија.
Покрај доброволните чети, кои по руско-турската војна се обединиле и под команда на Иљо Малешевски дејствувале во Малешевско, Паланечко и Радовишко и четата на Димитар Поп Георгиев Беровски, која дејствувала во Разловечко и Каршијакот, се појавиле и четите на Стојан Карастоилов, Тодор Палескарија, Стојо Торолинко, Кочо Љутата, Стојко од Цапарево и други.

Спроти востаничките дни

Со анулирањето на прелиминарниот Санстефански договор и по донесувањето на Берлинските решенија, словенските комитети од Петроград и од Москва, согласно на големоруската политика, преземале многубројни активности за да го поттикнат на востание македонскиот народ, а потем Македонија да ја присоединат кон Бугарија

Во август 1878 година започнало организирањето за масовно востание, кое имало ослободителни и државнотворни цели.
Започнало договарањето на одредени акции.
На 6 септември 1878 година, Димитар Поп Георгиев Беровски ги известил своите другари војводи дека се состанал со рускиот губернатор во Софија, дека зборувал за преземеното дело и дека тргнал на друг состанок во Рилскиот манастир.
На состанокот од 8 септември во 1878 година одржан во Рилскиот манастир помеѓу поранешниот охридски митрополит Натанаил од селото Кучевиште и тогашните руски управници на Ќустендил и на Дупница, Овсјанин и Шевченко, покрај присуството на Иљо Малешевски, се спомнува и Димитар Поп Георгиев Беровски.
На тој состанок се анализирала постоечката воено-политичка состојба во Македонија и се зборувало за подготовките на едно општо македонско востание.
На 10 септември истата година, Беровски добил полномошно од видните граѓани на Горна Џумаја да организира месни стражи покрај границата, за да ги чуваат пограничните села од честите турски напади.
За таа задача му била определена награда од 2000 гроша месечно и бил поставен за главатар на народната стража покрај границата.
Покрај оваа должност, Беровски, митрополитот Натанаил и Иљо Малешевски ги вршеле агитационо-организациските подготовки.
Се состанувале со други војводи, истакнати ајдути и други видни луѓе и агитирале народот да се подготвува за вооружено востание.

Организаторите на востанието - Беровски, Малешевски и Натанаил - одредиле група пратеници која однела писмо до окружниот началник на Ќустендил, Овсјанин, во кое, покрај другото, од раководителот на Привремената руска влада во Бугарија, Дондуков - Корсаков, барале оружје за околу 900 луѓе, кои имале свое раководство и чекале соодветен момент.
Незадоволството од Санстефанскиот, а потоа и од Берлинскиот договор, предизвикало востаничко расположение и во областа меѓу Битола, Охрид и Преспа.
Во текот на јули, на планината Бигла дејствувала четата на Васил војвода од Ресен, чија бројна состојба изнесувала околу 500 души.
Во реонот на Велешко и Штипско, покрај четата на Иљо војвода, дејствувала и четата на Костадин Буфски.
Во Охридско, со организирањето на четите се зафатил Стојан Везенков.
Во Костурско, Кожанско и Леринско дејствувале четите на Стефо Николов, Митре војвода и други, кои очекувале дека со разрешувањето на Источната криза ќе се реши и македонското прашање.
Незадоволството од одлуките на Санстефанскиот и Берлинскиот договор во Македонија во летото 1878 година ја вжештило атмосферата, а востаничката состојба ја зафатила целата македонска територија.
 
ПОДГОТОВКИТЕ НА НАДВОРЕШНИТЕ СИЛИ

Со анулирањето на прелиминарниот Санстефански договор и по донесувањето на берлинските решенија, словенските комитети од Петроград и Москва, согласно големоруската политика, преземале бројни активности за да г поттикнат на востание македонскиот народ, а потоа Македонија да ја присоединат кон Бугарија и на тој начин да ги остварат руските цели програмирани со Санстефанскиот прелиминарен договор.

Поради тие причини, веднаш по објавувањето на одлуките на Берлинскиот договор, печатот, приврзан кон панславизмот, започнал да ги објавува изјавите дека неговото величество царот повеќе нема да остане глув на преколнувањата од многу несреќните Македонци и дека руската војска ќе ја окупира Македонија.
Со цел да се потврдат ветувањата од рускиот печат, до повеќе видни Македонци биле испратени писма од рускиот Главен штаб.
Во нив се предвидувал денот на триумфалното влегување на Русите во Македонија и именување на идниот гувернер.
Заземањето на Македонија било проектирано и реализацијата на планот требала да отпочне со бугарските востаници кои ги држат планините, и со Козаците кои ќе ги преплават полињата на Македонија.

Планот за востание во Македонија била една вешта махинација скована набрзина и веднаш по руската окупација во Бугарија, а уште повеќе откако големата Бугарија од договорот во Санстефано била сведена на половина со договорот во Берлин и, покрај другото, оддалечена од средоземноморското крајбрежје.
Оваа конспирација е дело на пансловенските комитети во Петроград и во Москва, потпомогнати од комитетите Единство, формирани во Бугарија, кои биле насочувани, охрабрувани и помагани од руските власти, вклучувајќи го тука пред се кнезот Дондуков - Корсаков.
Тој имал за цел со помош на востание во Македонија повторно да ја создаде голема Бугарија и како кнез да владее со неа.

Според руските планови, водечкиот комитет во Бугарија, односно во Софија, кој бил управуван директно од Русија, имал на располагање два поткомитета: во Ќустендил и во Дупница.
Првиот имал задача да поттикнува на востание кон запад, кон Крива Паланка, Куманово и Скопје, вториот комитет имал задача да ги поттикне четите кои би дејствувале паралелно по долините на реките Струма и Места и да се спуштат до Орфанскиот Залив и до Егејско Море.
На тој начин во руските планови било содржано да го кренат на востание бугарското и грчкото население во Македонија, во Тракија и во Источна Румелија, да го уништат или прогонат муслиманското население и да ги присоединат овие востанати земји кон Бугарија за најпосле да создадат една голема независна земја под заштита, патронат дури и под власт на Русија, која, преку кнезот Дондуков - Корсаков, би владеела со така создадената Бугарија.
Поради тие причини, руските комитети испраќале пари, оружје и муниција.
Покрај тоа што имале задача да вршат обука со востаниците, руските офицери биле одредени и да раководат со востанието.

Спроведувајќи ја големодржавната руска политика, словенските комитети ги поттикнале големобугарските сили да создаваат комитети кои во името на панславизмот ќе го помагаат и поддржуваат македонското население во борбата за ослободување од Турците и за присоединување кон Бугарија.
Со такви цели, Стефан Стамболов и Љубен Каравелов со група големобугарски дејци на 29 август 1878 година во Трново го формирале првиот комитет Единство и го нарекле благотворителен.
Потоа такви комитети биле формирани во Софија, Ќустендил, Дупница, Горна Џумаја и во други градови во Бугарија и во странство.
Основна задача на овие комитети била да го создаваат единството на сите Бугари.
Софискиот комитет Единство, кој бил под директно влијание на привремената руска влада во Бугарија, односно под команда на кнезот Дондуков - Корсаков, за кусо време станал раководен центар на сите благотворителни комитети Единство.

На 3 октомври 1878 година, во Горна Џумаја е формиран комитет Единство, во чиј состав влегле и Македонците Арсение Констанцев и Георги Чолаков. Претседател на овој комитет бил К. Босилков, а секретар Иван Козарев.
Овој комитет имал значајно влијание и го снабдувал востанието со оружје, лекови и со други средства.
Присуството на Македонците во овој комитет и близината на македонските чети влијаеле врз тоа раководството на овој комитет да има многу пореален став кон македонското востание отколку другите комитети Единство кои ја застапувале исклучително големобугарската кауза.

ПЛАНОВИТЕ ЗА КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Македонскиот востанички комитет не располагал со некој посебен план за изведување на акциите и ангажирање на силите, бидејќи изведувањето на акциите зависело од противничките дејства, а вооружените сили се формирале во текот на борбените дејства.
Меѓутоа, со внимателна анализа на Правилникот (Уставот) на македонскиот востанички комитет, се воочува дека планот на внатрешните сили бил да го отфрлат турскиот јарем.

Востанието требало да започне таму каде што имало најдобри услови за успех, каде што постојат помали чети, каде што народот имал искуство и доверба во македонскиот востанички комитет и каде што востаничкото раководство имало најголема доверба кај народот.
Најдобри предвостанички услови постоеле во малешевско-кресненскиот крај, каде што, не така одамна, било кренато Разловечкото востание.
При изборот на објектот на првиот напад, главниот вовода Стојан Карастоилов нагласил дека првите дејствија треба да започнат по долината на реката Струма, бидејќи го познава тој реон.
Востаничкиот комитет го прифатил тој предлог и го проширил со мислењето дека по објавувањето на востанието и ослободувањето на околните места, треба да се воспостави и зацврсти народната власт во ослободените села, да се создадат услови за доаѓање на нови борци и за издржување на македонската востаничка војска, а потоа востанието да се шири паралелно по долините на реките Струма и Места кон Орфанскиот Залив и Егејското Море.
По ослободувањето на тој простор, востанието би се проширило кон долината на Вардар.
Овој простор имал стратешко значење поради главните патишта кои од Турција преку Серез воделе кон Скопје и понатаму на север.

Востанието би започнало како локално, а потоа би се проширило низ цела Македонија.
Во него би учествувале луѓе од самата Македонија кои се чувствуваат Македонци и кои ја сакаат слободата на својата татковина.
Во востанието можеле да учествуваат и сите македонски жители без оглед на верата и народноста.
Сите кои им сакаат добро на Македонците можеле да учествуваат во востанието, доколку се покоруваат на македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.
На благотворителните комитети надвор од Македонија им се дозволувало да го помагаат востанието, а главен предмет и грижа да им биде: собирање на парична помош, оружје и муниција, облека од секаков вид, храна и други потреби и да ги испраќаат во однапред определени места.
Значи, само тие што ќе ги почитуваат одлуките на македонскиот востанички комитет можеле да бидат припадници на македонската востаничка војска, бидејќи нивна цел, односно целта на македонското востание, била ослободувањето на Македонија - земјата на славните словенски просветители св. Кирил и Методиј.
 
Руски план за големо бугарско кралство

Со овој план се предвидувало: да се собере и да се изврши обука на што е можно поголема сила пред да настапат лошите временски денови.
Кон востаниците да бидат придодадени руски војници во сооднос од тројца Руси на двајца Бугари

Планот на надворешните сили потекнувал од руските словенски комитети, а го спроведувале бугарските благотворителни комитети Единство и руските офицери, чии единици привремено се наоѓале во Бугарија.
Аргументите на руските комитети се состоеле во тоа што Русија направила со востанието во Босна и со тешкотиите во Авганистан да им бидат врзани рацете на Австрија и Англија, така што сега царот може да вети дека, ако на Бугарите им успее ослободувањето на Македонија од Турците, тој ќе создаде едно моќно бугарско кралство, во кое ќе бидат опфатени сите Бугари од Турција.

Согласно таквите цели со планот се предвидувало: да се собере и изврши обука на што е можно поголема сила пред да настапат лошите временски денови.
Кон востаниците да бидат придодадени руски војници во сооднос од тројца Руси на двајца Бугари.
Руски сили од 25 000 пешадија, 5.000 коњаници и 2 артилериски батерии требало да бидат стационирани по должината на границата на Македонија како морална поткрепа, а можеби во извесни услови и како материјална потпора на востаниците.
Дури е речено дека овие трупи ќе ги окупираат и држат оние територии што ќе можат востаниците да ги ослободат, и на тој начин да им овозможат да напредуваат без страв од напади во нивната заднина.

Според планот на овие комитети, односно на надворешните сили, во почетокот на октомври 1878 година, во Ќустендил биле собрани 7.080 доброволци Бугари и Грци, од кои 2.500 се демобилизирани војници, од руско-турската војна 1.750 македонски Грци и Куцовласи, остатокот биле Бугари (ајдути, авантуристи и селани) од сите краеви на европска Турција.
Словенските комитети планирале оваа сила да ја стават под команда на мајорот Калмиков, Русин авантурист, кој служел во српската војска, па ја напуштил за да се приклучи кон бугарското движење. Под негова команда биле полковникот Часки, Русин, испратен од словенскиот комитет во Москва, потоа Илиевиќ и Јовановиќ - Црногорци, и Васил војвода.

Словенските комитети планирале на овие сили да им се приклучат Георги војвода (Г. Пулевски) и Илија од Малеш (дедо Иљо), 3.000 борци од Пијанечката каза. Покрај наведениве, од реонот на Видин под водство на митрополитот Антим пристигнале 600 доброволци. Митрополитот од Охрид (Натанаил) и владиката од Штип исто така опашале сајби, а се пријавувале и други доброволци.
Словенските комитети очекувале до 22 октомври 1878 година да располагаат со сили од 12.000 лица.
Кон овие биле додадени 18.000 Руси (според соодносот тројца Руси на двајца Бугари), со што бројот на силите во почетокот на зимската сезона ќе изнесувал 30.000 лица.

Со тие сили, словенските комитети планирале да ја окупираат Македонија и да ја присоединат кон Бугарија.
За раководен комитет на востаничките сили словенските комитети го одредиле софискиот комитет Единство а Ќустендилскиот и Џумајскиот да го предводат востанието во соодветните области.
Ќустендилскиот комитет требало да дејствува на запад и да ги завладее областите каде што минува патот на правецот Скопје-Куманово - Крива Паланка. Џумајскиот комитет требало да дејствува на југ на правецот Џумаја, Неврокоп, Мелник, Серез, до Кавала.
Стратегискиот план на овие комитети во врска со вооружените дејства во Македонското (Кресненско) востание предвидувал борбените дејства да имаат повремен карактер, да се водат во близината на бугарската граница и на различни простори низ цела Македонија.
Додека комитетите на надворешните сили (словенските и добротворителните) планирале да предизвикуваат судири и меѓусебни масакри со цел да и докажат на Европа дека е невозможно во Македонија заедно да живеат христијани и муслимани, па поради тоа христијаните да ги присоединат кон Бугарија, внатрешните сили имале за цел ослободување на Македонија и создавање на самостојна и независна држава.
Меѓутоа, словенските комитети не успеале да создадат такви вооружени сили како што предвидувале во своите планови.
 
ПОЧЕТОКОТ И РАЗВОЈОТ НА ВОСТАНИЕТО

Раководството на внатрешните македонски сили на состанокот во Рилскиот манастир во летото 1878 година донело решение за кревање востание во Македонија. Врз основа на тоа решение, македонското востаничко раководство во есента 1878 година донело одлука да се повикаат сите вооружени ајдучки, востанички и доброволечки чети и поединци од цела Македонија и да се стават под раководство на Македонскиот востанички комитет.

Присуството на руската војска на ослободената територија во Ќустендил и Горна Џумаја, како и српската во Врање, позитивно влијание врз моралот и одѕивот кај востаниците. На востаниците им било речено да се соберат во Горна Џумаја на територијата што ја ослободиле Русите.
Всушност, таа област била одредена за оперативно-мобилизациски простор на востанието.
Во исто време бил упатен повик до сите доброволци учесници во Српско-турската и Руско-турската војна за да земат учество во Македонското (Кресненско) востание.

Повикот на македонското востаничко раководство го прифатиле многубројни ајдутски, востанички и други вооружени групи и поединци и започнало собирањето во Џумајската околија.
Покрај четата на Беровски, која служела како јадро за создавање на востаничките сили, овде пристигнале ајдутските чети на Дедо Иљо Малешевски, Стојан Карастоилов, Тодор Палискар, Коста Кукото, Кочо Љутата, Стојо Цапаревецот и др.
Освен колективното пристапување, се пријавиле и голем број поединци.
Кога веќе биле насобрани многубројни сили за главен раководител бил избран војводата Стојан Карастоилов.
Кон крајот на септември и почетокот на октомври, во Горна Џумаја било одржано советување со војводите.
По разгледувањето на резултатите од извршените подготовки, биле донесени неколку значајни одлуки за организацијата, раководењето и командувањето со востаничките сили.

МЕЃУ РАКОВОДИТЕЛИТЕ И АВАНТУРИСТИ

Паралелно со формирањето на внатрешните востанички сили, Трновскиот комитет Единство формирал чета од околу 100 души и под раководство на рускиот мајор Адам Калмиков ја испратил во Ќустендил.
Софискиот комитет организирал друга чета од 300 ополченци на чело со Луј Војткевич, мајор од Полска, па нешто подоцна и тие биле испратени во Македонија. Со оглед на нивните словенофилски и големобугарски определби и военото искуство, тие двајца мајори биле предвидени од страна на комитетите Единство да го раководат, односно да го бугаризираат македонското востание.
Меѓутоа, според односот кон задачите двајцата мајори се покажале како авантуристи.
Одредите на двајцата мајори, Калмиков и Војткевич биле формирани од македонските доброволци кои во Руско-турската војна останале во Бугарија.
Тие добиле задача од реонот на Ќустендил да се уфрлат на територијата на Македонија. Меѓутоа во областа на Крива Паланка биле разбиени од турската регуларна војска.
Со остатокот на своите единици, мајорите заминале во областа на Горна Џумаја.
Овде се соединеле со внатрешните востанички сили и било одржано советување за натамошните дејства.
По завршувањето на советувањето во Горна Џумаја, четите заминале за селото Србиново, каде што го организирале военото раководство на востаничките сили. Биле формирани четири одделенија и над секое одделение бил поставен командир.
На чело на првото одделение бил војводата Стојан Карастоилов, второто одделение било под команда на Коста Кукото, со третото раководел Стојо Торолинко, а со четвртото Крсто Аризонов од Свети Врач (денес Сандански).
Главен војвода на сите одделенија бил Стојан Карастоилов.
На 2 октомври, во Србиново пристигнал мајорот Калмиков, а веќе на 3 октомври, под влијание на Џумајскиот комитет Единство.
Калмиков бил поставен за атаман, односно командант на македонските востанички сили.
По формирањето на военото раководство се сметало дека подготовките за вооружено востание во Македонија биле завршени.
Како објект за првиот напад бил одреден турскиот воен одред што се наоѓал во ановите на селото Кресна.
Било планирано нападот да започне во утринските часови на 5 октомври 1878 година.

На 4 октомври 1878 година, востаничките сили поделени во четири одреда, секој од по околу 100 борци на чело со војводите Стојан Карастоилов, Коста Кукото, Стојо Торолинко и Крсто Аризонов, во најголема тајност во вечерните часови пристигнале близу Кресна и овде на теренот организирале советување, односно тоа било непосредна подготовка за реализација на планот за напад.
Откако ги проанализирале податоците и распоредот на турските сили, биле изнесени два предлога за нападот.
Стојан војводата предлагал ановите да се опколат и во раните зори да се изврши нападот.
Калмиков предлагал нападот да биде фронтален и ненадеен и со борба човек на човек да се совладаат Турците. Бил прифатен планот на Калмиков.
Во меѓувреме, состојбата се изменила Турција, веројатно преко кодошите, дознале за распоредот на востаниците, па и тие излегле на положаите околу касарните. Во таквата состојба почнал да се спроведува планот на Стојан војводата.
Вечерта востаниците со помош на водачите од месното население и, пред се, предводени од Стојан војвода, кој одлично го познавал овој реон, се приближиле до турските положаи.
По распоредувањето на востаниците, и им била поделена муницијата и пушките на новопристигнатите борци и биле издадени последните задачи за почетокот на бојот.

ПРВАТА ФАЗА НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВОСТАНИЕ

Првата фаза на Македонското (Кресненско) востание започнала со првата борба.
Во моментот кога востаниците дошле сосема близу до турските положаи, започнала вооружената борба.
Турците испукале три куршуми, а Стојан им извикнал на востаниците да залегнат наместо и лазејќи да се распоредат.
Се слушнал плотун од турските ровови, но никого не погодил.
Потоа бил отворен оган од двете страни.
Кога започнала борбата, во помош на востаниците пристигнале неколку стотини селани од Кресна, Влахи, Ошчава и други кресненски села.
Стојан војводата директно раководел со борбата.
Успеал да ги обиколи Турците и да им го прекине снабдувањето со храна, вода и муниција.

Овековечен успех

Капитулацијата на турската војска пред македонските востаници била глетка која што македонскиот народ со векови ја очекувал.
Турските офицери и војници ги оставиле оружјето и воената опрема на куп.
При крајот на воените дејствија пристигнал и Калмиков.
Турските офицери побарале заробената турска војска да ја предадат на руските сили во Бугарија

Востаничкиот обрач се повеќе се стеснувал и, кога дошле на 50 чекори од турските ровови, Стојан војвода, откако ги презел дополнителните мерки против евентуално бегство, им предложил на Турците да се предадат.
Мислејќи дека се работи за некоја арамиска чета која сака да ги масакрира, тие занемеле од страв.
Меѓутоа, турскиот командант јузбашија (капетан) кога видел дека се работи за организирана и добро раководена востаничка војска, наредил турските сили да излезат од рововите и да се предадат.
Капитулацијата на турската војска пред македонските востаници била глетка која македонскиот народ со векови ја очекувал.
Турските офицери и војници ги оставиле оружјето и воената опрема на куп.
Пред крајот на борбените дејства, пристигнал и Калмиков.
Од него турските офицери побарале заробената турска војска да им ја предадат на руските сили во Бугарија.
Плашејќи се од казни, не сакале да бидат испратени во Турција.

Во тоа време во Кресна се наоѓале два буљука (баталјона) турска регуларна војска.
Борбата меѓу востаниците и турската војска траела 18 часа.
Загубите кај македонските востаници изнесувале еден убиен и тројца ранети.
Турската војска имала девет убиени, 11 ранети, а биле заробени 119 војници и два офицера.

Освен тоа, биле запленети над 100 пушки, 13 товари муниција и 13 коњи.
Во битката кај Кресна особено се истакнал Стојан војводата, кој, покрај извонредната борбеност, храброст и јунаштво, се покажал и како голем познавач на воената вештина и бил душа и глава на востаничките сили.
Востаничкото раководство одлучило заробената турска војска да ја испрати во Горна Џумаја и судбината да им ја реши Џумајскиот комитет Единство, кој, пак, ги упатил до Софискиот комитет.
На 8 октомври 1878 година, егзархискиот митрополит Мелетиј испратил писмо до Џумајскиот комитет Единство во кое строго се напоменува дека судбината на заробените Турци треба да ја реши водачот на востанието, а не вашиот комитет.
Со тоа Мелетиј недвосмислено докажува дека востаниците се самостојна македонска вооружена сила и дека немаат никаква врска со бугарските благотворителни комитети.
Со тој проблем била запозната и руската управа, односно лично Дондуков-Корсаков.
На крајот турските заробеници биле ставени во надлежност на востаниците, чие раководство, покрај сите други проблеми, морало да се грижи за турските заробеници па и да ги издржува.
Непосредно пред борбата во Кресна, дошло до несогласување меѓу првиот војвода на востаничките сили, војводата Стојан Карастоилов и командантот на востанието, мајорот Адам Калмиков.
Во прашање биле разликите на планот за напад.
Се покажало дека Стојан војводата бил во право, поради што му пораснал авторитетот кај востаниците.
Калмиков тоа не му го простил до крајот на животот.
Димитар Поп Георгиев Беровски, кој учествувал во таа битка, командата му ја препуштил на војводата Стојан, а самиот се занимавал со штабните должности, односно со организирањето и снабдувањето на востанието.
На 6 октомври, испратил писмо до благотворителните комитети во Џумаја, Софија, Дупница, Ќустендил и на други места, во кое јасно нагласува:
Ние македонските востаници го следиме своето дело, а потоа ги известува за резултатите на борбата и дека борбата се продолжува кон селата Мелнички.
Во истото писмо било предложено во селото Србиново да се формира посреднички пункт меѓу востаниците и комитетите, во кои ќе се собира оружје и опрема, да се формира логор за заробените Турци и болница за ранетите востаници.
Разочарани од македонската определба на Беровски, комитетите не го прифатиле овој предлог.

ПОБЕДА ПО ПОБЕДА

По заземањето на гарнизонот во Кресна, востаниците ја искористиле збунетоста кај турските сили, па брзо напредувале во освојувањето на други села.
Истиот ден било ослоодено селото Оштава, а по жестоката битка на 7 октомври го зазеле и селото Влахи.
Борбата кај селото Влахи се водела меѓу востаниците и два буљука (баталјона) редовна турска војска, вкупно околу 500 аскери, покрај нив и башибозучки формации.
Тие биле испратени од Мелничкиот гарнизон да го задушат востанието.
Во селото Влахи турските сили запалиле 20 куќи.
Меѓутоа, востаничкото раководство ги засилило своите чети со уште 150 борци и успеале да ги разбијат турските сили.
Четири турски аскери и командантот биле убиени, голем број биле ранети и заробени а по 13-часовна борба селото Влахи било ослободено.
На 8 октомври било ослободено и Ново Село, а потоа востаниците се префрлиле на десниот брег на реката Струма.

Борбата кај Влахи била втората голема победа на востаниците, која го подигнала борбениот морал и ја зголемила бројната состојба на востаниците.
По тие успеси, започнало организирањето на востаничките сили според воените правила и принципи, односно создавањето на македонската востаничка војска. Биле формирани Штаб на востанието како највисоко раководно тело, и команда на востаничките сили.
Самите борци се нарекувале востаници.
За атаман на македонските востаници бил наименуван мајорот Адам Калмиков, за прв војвода бил прогласен Стојан Карастоилов, за втор, трет и четврт в......
 
знамето на Разловечките востаници 1876 год.
1876_The%20flag%20of%20the%20Razlovci%20Uprising%20from%201876.jpg

Печатот на главниот штаб
Pecatot%20na%20Glavniot%20stab%20na%20Kresnenskoto%20vostanie%20%201878.jpg

правилник на Македонскиот востанички комитет 1878 год.
Pravilnik_na_makedonskiot_vostanicki_komitet_1878.jpg

оригинален документ од Кресненското востание кој е добиен од архивата на бугарскиот патријарх Кирил
проглас на Македонскиот востанички комитет 1879 год.
Proglas_Iljo_Maleshevski_01.jpg

Македонцы!

Македониїја мајка наша станА ј плаче с' горки выкове подь ог'нт' и іатаган' турскіј. Умученныт' и с' крв' облеаны наши родители, сынове и братја ньі выкаг' на оружіе против' петвЬковнитЬ наши мучители и насилницы, а обезчестеныте наши мајки, супруги и сестры с' горкы солЬзи на очитЬ си под' гнусныј ј безчеловЬчныј турскіј произвол' кукат' около опустошаемј наши домове и чекать да им' се отзовеме.

јуунаци Македонски ј Б'гарски! СвЬтлыј наш' лев' реве по наши македонски гори и долины, планины и пустины и ны вика сички на оружіе. ГдЬ и да сте вы, поб'рзаіте да се собереме с' оружіе в' рАцетЬ ни, за да ги избавиме тыА невиноваты ж'ртвьі от' ова гнусно и позорно безчестіе.
Донесете си на ум' шо наши татковцы ј дЬдовцьі се бориха и си проливаха своа кр'в' за свобода гр'чка и сьрбска...
ПоглЬд' свој и на ланскн годины и ке видите, шо кр'в' от' наши... оψе стои на Алексинскиы и Шипканскы проходы, коҗто кр'в' они не пожалЬха за обψа свобода наша...

Македонцы! Сега е време да увЬриме нашитЬ просвЬтены предатели, ψо Македонiж ј сега в петьвЬковното си робство ражда и има в' себе си сынове јунацы!

1879 год. 2-ј Маіа

Малеш'-Планина Македонскіј возстанническіј Комитет'".

Извор: Научен архив, Б'лгарската академија на науките, Софија, (НА-БАН-С), Фонд: Сбирка IX, оп. 1, а.е. 55, л. 1.

dedo_iljo_malesevski1.jpg

Од дневникот на Леонида Булгарис..БУГАРСКИ ШПИОН..
„Војводата Иљо Малешевски беше одушевен поради нашето присуство и не жалеше труд да дојде во оваа селска куќа на Пирин.
Ја одобри спогодбата со Дијаминдииев, но забележително се муртеше околу покровителството на Бугарија и Грција.
Што ќе стане ако дотуриме и покровителство на Србија?
Оставете ги, рече тие што ни ја матат водата.
Кој ќе ни верува дека се бориме за слобода на Македонија, кога тие покровители сакаат да ја распарчаат.
Ние се согласивме со него и решивме да работиме тајно, и од Бугарите и Србите.“

Востаничкото село Разловци е добро познато во нашата историја..
Во Разловци постои и црква која е изградена 1859 год. и во неа на повеќе места е нацртано и Македонското сонце..
Зошто на зидовите е изработено токму тоа и од каде знаеле мајсторите баш него да го насликаат..
Razlovci_makedonsko_sonce2.jpg


 
Ме интересира има ли некој мапа како се движело востанието низ градовите и селата? Исто така и слики од записките на Димитар Поп Георгиев Беровски и нормално од поп Стојан. Фала однапред!
 
Според мене Димитар Поп Георгиев Беровски е меѓу најзначајните револуционери. Продал се’ што имал за да го финансира востанието. Денес би требало да го сметаме за најголем револуционер. Имам впечаток дека е ставен во втор план во споредба со останатите револуционери.
 
Сеа во школо учевме за тоа.. :)
 
Според мене Димитар Поп Георгиев Беровски е меѓу најзначајните револуционери. Продал се’ што имал за да го финансира востанието. Денес би требало да го сметаме за најголем револуционер. Имам впечаток дека е ставен во втор план во споредба со останатите револуционери.

Не само Димитар, туку и другите побогати селани го продале својот имот за да купат оружје за востанието.
Еве најдов текст од Димитар Узунски, кој детално опишува што се слушувало.

ФЕЉТОН 3 - 133 години од Разловечкото востание

Во средината на 60-тите години на 19 в. Османлиската држава се наоѓала во тешка економска и внатрешно-политичка криза. Ослободителните движења на покорените народи прераснувале во масовни востанија. Под притисок на големите европски држави, Турција морала да воведе некои внатрешни реформи. Покрај големите заслуги со кредити, најголем и најсигурен извор на средства биле покорените народи. Една од можностите за собирање на пари било делењето на нови тапии. Тоа ја отежнувало и онака тешката положба на сиромашниот народ. Постоеле и голем број на неправилности во оданочувањата, во собирањето на десетокот и др. давачки. Најголем срам, не само за разловчани туку и за другите населени маеста, било обесчестувањето на македонските девојки и невести од страна на Турците. Не биле ретки случаите поимотните и побогати Турци од пијанечките села покрај жена Турчинка, да имаат и жена Македонка. Родителите сакале да ги заштитат своите ќерки од обесчестување и потурчување. Често ги мажеле многу млади и за најсиромашните момчиња или ги носеле во манастир за калуѓерки.

raz5.jpg


Во Разловци зачестиле раѓањата на деца чиј татко бил насилникот Алиман. По примерот на богатите и тој се насладувал од разловечките девојки и млади невести. И покрај предупредувањата од поп Стојан, тој не се откажувал. Чашата на трпеливост прелеала кога Алиман ја обесчестил неговата роднина Петра. Таа родила машко дете. Го крстиле скришно в црква по име Никола. Детето било одземено од мајката и било наредено да се убие.
Во тој период во Разловци пристигнува Димитар Поп Ѓеоргиев- Беровски, кој 1865г. се враќа од Белград во родното Берово, исполнет со револуционерен дух и решителност. Најпрво учителствува во Берово, а наскоро поради својот стекнат авторитет бил избран за народен претставник на Малешевци во турското собрание и одговорен за просветните и црковните прашања во Малешевско.
Поради својата нова должност, тој почнал често да го посетува селото Разловци, па со тоа и домот на поп Стојан. Во него ја пронашол личноста која може да му помогне и материјално и морално во остварувањето на неговите идеи за вооружена борба за ослободување.

raz4.jpg


Поп Стојан во лицето на младиот Димитар видел напредно момче и со радост се согласил да му биде зет. Така 1867г. Беровски се оженува со најмалата ќерка на поп Стојан, Марија.
Разловци со својата географска положба претставува природен центар на Пијанец, Малеш и Виница. Во тоа време без пристапни патишта, одделено од погледите на турските власти од една страна и изобилството од храна по колибите од друга, биле основните одлики Беровски да се одлучи востанието да се подготвува и да започне во Разловци.
Во 1875г. Беровски во Солун се запознава со подготвува со подготовките на Босанско-херцеговското востание. Тука тој одлучил да ги напушти црковно-просветните прашања и да се определи за револуционерна работа, да подготви востание за ослободување на Пијанец и на Малеш и со негово проширување и низ Виничко, Радовишко, Мелничко да се прошири низ цела Македонија. Го повикал поп Стојан во Солун каде му ја соопшти својата намера. Поп Стојан се согласил да му помогне, а Димитар го ополномоштува својот дедо да го продаде сиот неговиот имот во Берово и со парите да купи оружје.
Исто така, Беровски за реализацијата на идејата ќе го вклучи и својот пријател Костадин Карчовски-Коте од Берово. Кругот на истомисленици почнува да се шири. Со тоа, всушност, започнуваат подготовките на Востанието.
По враќањето од Солун, поп Стојан ќе го запознае својот најдобар пријател дедо Цоне Спасев-Ингилизот, голем претставник на разловчани пред турските власти, а подоцна и неговиое зет за сестра, Стоил Ѓоргов, и зетот за ќерка Ѓорѓија Терзиски - Чорбаџијата. Така тие заедно со поп Стојан ќе го сочинуваат МТК(Месниот таен комитет) во Разловци. МТК имал за задача да обезбеди нови истомисленици, да се најде место за чување на оружјето, а селото да биде ослободено од турските посети. Поп Стојан се обврзал дека ќе го откупи десетокот за целото село и за тоа јамчел со својот син Костадин дека нема да го напушта Разловци.
Набргу за Солун ќе заминат Костадин и Коте носејќи ги парите од продадениот имот на Беровски и стоката од поп Стојан за продавање.
Во Солун, Беровски го формира ТМРК(Тајниот македонски револуционерен комитет) во кој покрај неговите браќа Коста, поп Иван и Алекса, влегле и Стојан Цоцов, Гоге Широков, браќата Еврови, поп ПетреСолунски, Димитар Бошков од Велес, секретар, учителот Христо Захариев и учителките, мајка и ќерка, Недела Петкова и Станислава Караиванова.
Главна задача на ТМРК била ширење на организацијата, создавање на МТК, купување на оружје и негово пренесување во Разловци. Купеното оружје се испраќало по малешевските трговци во двојни буриња. Лично Беровски заедно со К.Карчов го пренесуваат првото оружје во Разловци. Во акцијата за собирање на пари за оружје се вклучува и црквата „Св.Архангел и Михаил“ од Берово.
Долгото отсуство на Констадин од Разловци, било забележано од ќустендилските власти и веднаш бил повикан поп Стојан во Ќустендил, барајќи од него веднаш да го исплати десетокот. Таму поп Стојан се позајмил 800 гроша и се вратил во Разловци да ја продолжи работата.
Во почетокот на 1876 год. поп Стојан на Калаџерџево го свикал Првото советување- Собрание на кое било констатирано дека купеното оружје е недоволно и дека народот ќе треба сам да се снабдува со оружје.
Враќајќи се во Солун, Беровски ќе ги задолжи учителките баба Недела и Станислава, по негова идеја да го извезат знамето на Разловечкото востание.
Во април 1876 г. во Разловци пристигнува Беровски. На Калаџерџево се одржало и Второто советување на кое за водач на Востанието е избран Димитар Беровски. Договорено е по подготовките, Востанието да започне во Разловци, Беровски да го обиколи Пијанец, Малеш, Виничко, Кочанско, Струмичко, Мелничко и да ги извести штом започне Востанието за да се вклучат и тие во него.
На 7 мај 1876 во Разловци пристига Беровски. Со себе го донел и знамето на Востанието. На Калаџерџево се држи Третото Советување- Собрание каде е донесен План за Востанието.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom