ZoraNaSlobodata
Чоечко суштество
- Член од
- 5 ноември 2008
- Мислења
- 2.736
- Поени од реакции
- 111
Во 70-те години од 19 век, Разловци е село со 100-ина мали и неваросани куќи.Најголемиот дел од населението од рана пролет до доцна есен живеело на колибите
чувајќи ја стоката и обработувајќи ја земјата. Немало пристапни патишта и било одделено од другите населби, но и со слаба посета од турските власти.
Единствено олицетворение на турската власт во селото бил полјакот Алиман.
Сам си црпел жито од селските амбари за да ја зоба својата сива атица. Од дрвената кула го набљудувал Горно и Долно Поле сметајќи се за апсолутен господар. Ги пречекувал и испраќал турските заптии, спахии и тапиџии, обебедувајќи им конак и добро гоштевање
кај побогатите селани и кај коџобашијата, кој тогаш како поимотен селанец управувал со селото.
За потребите на турските бегови Алиман учествувал во бирање на девојките кои треба да се потурчат- предавајќи им ги на заптиите кои пак ги носеле кај беговите и пашите.
Тој почнал и сам да се насладува, безчестејќи ги најубавите девојки и млади невести.Зачестиле крштевањата на деца чиј татко бил Алиман. Му се згнасило на поп Стојан од таквите крштевки, па му рекол: „Доста Алимане крштевах твои деца. Откажи се од таа работа!“Алиман му одговорил:„Ќе се откажа кога ќе крстиш од штерка ти и снаа ти!“Се влошиле односите помеѓу поп Стојан и Алиман.
Друг пат поп Стојан се враќал од росење, а Алиман седел на бунарот. Станал и со потсмев рекол:„Оди попе и мене да ме росиш сос таа китка по газо!“Поп Стојан му одговорил:„Имам ја поубава ќитка за тебе сос која ќе те роса еден ден.
Заповни. На ниедно буниште не појат два петла. Слушај Алимане, еден ден това, гулемо ќе стане!“