Фан Клуб: Љуботен

  • Креатор на темата Креатор на темата mujo
  • Време на започнување Време на започнување
љуботен од секогаш бил градски клуб. како прв клуб во тетово, тетовчани немале избор за да играат у македонски, албански или турски клуб, туку сите играле во љуботен. од секогаш у клубот имало од сите националности што ги има у тетово. клубот не бил основан само од македонци, туку имало и албанец, и други кои најчесто биле на воена служба во тетово. така и денес у љуботен има и македонцки и албанци и срамота е еден градски клуб како љуботен да игра по селана, а не на градски каде и што заслужува. ја се надевам дека од наредна сезона ќе влеза у 2лига па тогаш сакале или нејкеле ке мора на градски да играа, како и што му личи на љуботен.
 
Пред некој ден низ град слушнав дека Љуботен ќе се засилуел со добри и квалитетни засилувања,па дали знае некој нешто повеќе?
 
Каде е моментално Љуботен :) ?

Има ли шанси да влезе во 2 лига или не??
 
ljuboten nema sansi da vleze vo 2ra liga no drugata sezona ako se zasilat mozat da vlezat
 
Денеска Фудбалскиот Клуб Љуботен ќе одржи собрание, па сите навивачи и симпатизери на Љуботен нека повелат во Општината во Тетово во 7 часот.
Инаку, за сезоната се има големи амбиции за влегување у 2-ра лига..
 
Љуботен започна со победа во новата сезона во 3. лига - Запад. Вчера на гостински терен беше совладана екипата на ФК Гоце Делчев од Другово со 2-6 (1-2). Стрелци на головите за Љуботен беа Ајрула 3, и по еден Мустафи, Љута и Бајрами.
Наредна недеља, Љуботен игра дома против Камењане.
 
Гази Љута а??? :pos:
Какво брзо играчиште е Љута тоа е нешто неверојатно. А игра Горан Јовановски???
 
Гази Љута а??? :pos:
Какво брзо играчиште е Љута тоа е нешто неверојатно. А игра Горан Јовановски???

Ѕвериште е Љута. Го дава максимумот на терен.
Требаше да дојде, преговараја..и незнам дали се договориле.
Зашто бев на продужен одмор, и не бев у контакт со спортскиот директор, па така деновиве би требало да дознаам и ќе пишам.
 
Ѕвериште е Љута. Го дава максимумот на терен.
Требаше да дојде, преговараја..и незнам дали се договориле.
Зашто бев на продужен одмор, и не бев у контакт со спортскиот директор, па така деновиве би требало да дознаам и ќе пишам.
A od kade e ovoj Luta, od Tetovo? Kako se vika, bidejki Luta sigurno e prezimeto, kolku godini ima?
 
A od kade e ovoj Luta, od Tetovo? Kako se vika, bidejki Luta sigurno e prezimeto, kolku godini ima?

Мислам дека се вика Кенан Љута или нешто така. Т.е. мислам дека Кенан му е презиме а Љута име :raz:
Од тетово е, лани како позајмен од Тетекс играше за Славија. За него имам само пофални зборови. Единствен во екипата кој се бореше храбро со проитвниците, скромен играч, никогаш не играл остро (барем не си намера како сите поганковци во трета лига), па и на наместените утакмици секогаш давал максимум, а на оние кои требало да ги пуштиме секогаш се спротиставуваше па еднаш мислам дека и го извадија од игра бидејќи не сакаше да им пушти на Шкендија Арачиново...
 
Горан играше за Љуботен и во пролетната полусезона 2009/10 :)
Иако е стар сеуште е столб во одбрана. Иначе не сум знаел дека имало уште една Македонска екипа во овој регион :raz:
 
^ Да да, моја грешка.
И на неколку натпревари го гледав прошла сезона, и можам да кажам дека сеуште е добар ко порано, и као бек и као штопер!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom