Фан Клуб: Љуботен

  • Креатор на темата Креатор на темата mujo
  • Време на започнување Време на започнување
6то коло, добиена службена против Кастриоти.
7мо коло, 1:1 со Зајас, се чудам како и завршила вака утакмицава зашто имале голема помош од судиите домашните.
И сега на +4 е Љуботен пред Вардар Ф. и Врапчиште.
Утре од 14 часот на спортски против Братство Л.
 
Арсими-Љуботен 1:2.
Зголемување на +7 пред Вардар Форино, а +6 со Врапчиште и Градец.
Наредна со Лирија Желино.
 
318300_271055982913823_100000282717317_1064298_2081552640_n.jpg
 
ФК Љуботен 1919 : Лирија Желино (1:0) 4:1 Стрелци Салајдин Ајрула 2 и Нусри Илјази 2 поради црвен картон во 35 минута на голманот на Љуботен 1919 поради немање на резервен голман на голот беше заменик капитенот Саше Геговски - Џекс доминацијата на Љуботен 1919 во 3 лига продолжува
 
Од фб страната на Љуботен:

Денеска фудбалерите на Љуботен заминаа да играат натпревар во рамки на 11 коло од 3МФЛ во Речане Гостиварско.И што се случи само што пристигнавме во Речане започна хоророт 22 члената експедиција на Љуботен.Се уште невлезени во соблекувалните 5-6 речански "пајташи" почна со закани дека Љуботен мора да загуби а зашто само тие самите си знаеа и споменуваа некакви долгови пред 15-тина години...но како и да е ХРАБРИТЕ играчи на Љуботен го издржаа почетниот притисок па натпреварот започна.Се до полувремето и за време на самото полувреме кога резултатот гласеше 0-0 беше релативно мирно.Но во вториот дел околу 55-та минута Љуботен во фантастичен контранапад по левата страна поведе со 0-1.Е тогаш настанаа проблемите на теренот па на немилост се најдоа и судиите кој добиваа и смртни закани дека живи нема да излезат ако Прпарими не изедначи па на еден од помошниците му беше забрането да се движи и да седи на центарот и за секоја акција на Љуботен да крева офсајт па така и се случи но и покрај такавата ситоација Љуботенци цврсто се држеја се некаде до 70-тата минута кога играчите на домаќинот почнаа да маваат и без топка.Во 75 минута домакинот бараше пенал бес никаков контакт со што главниот судија само одмавна...Е тогаш по теренот се случи бркотница нападнати беа судиите неколку од селките пајташи влегоа на теренот па се нафрлија и на играчите на Љуботен и членовите на стручниот штаб но за среќа полицијата маку ја смири ситоацијата.Поради смртни закани Судиската тројка која требаше да го прекине натпреварот мораше да продолжи па јасно беше дека Љуботен ќе биде спречен да победи па се чекаше моментот кога Прпарими ќе изедначи после една длабока офсајт ситација Прпарими изедначи на 1-1 а судијата не смееше да дигне офсајт бидејќи донего стоеа 3 корпулентни момчиња кој му се закануаваа.Подоцна се чекаше секој момент Прпарими да поведе со 2-1 на овојпат судијата што стоеше на центарот на кој не му беше дозволено да се движи не можешее да крене офсајт бидејќи играчот на Љуботен сам од центар ги претрча домашните играчи се ова се случуваше во 90-тата минута.Но и покрај водството од 1-2 за Љуботен јасно беше дека додека не падне гол за домашните натпреварот ќе се игра па дел од домашните играчи со закани кон судиите со зборовите дека ако треба и до 7 часот наутро ќе се игра Прпарими мора да постигне погодок.Па маките на експедицијата и судиската тројка ги спаси главниот судија кој во 96 минута бес никаков контакт досуде пенал за Прпарими по што отиде до нашиот голман и го замоли да не го брани пеналот за да може да го заврши натпреварот и така овој хорор фудбалски(иако повеќе личеше на кик бокс меч)натпревар заврши со 2-2.После се што издржаа ХЕРОИТЕ на Љуботен на овој натпревар овој бод е голем како планина.Само се прашуваме до кога вакви екипи ќе постојат...Па по завршувањето на натпреварот како ништо и да не се случило преставникот на домашните наместо да се засрами од ваквиот чин ги покани играчите на Љуботен на по еден чај што секако беше категорично одбиено.Во целата оваа приказна се појави и еден прав спортист од Речане а тоа е играчот кој на овој натпревар настапуваше со број 11 Денис Исмаили кој единствено застана во одбрана на играчите на Љуботен и на неколкупати влезе во конфликт со своите играчи и стручен штаб барајќи од нив да не го прават тоа и да се понашаат спортски но се беше залудно...Како и да е Љуботен извлече жива глава и еден огромен бод кој ХЕРОЈСКИ го заработија играчите на Љуботен
 
Од фб страната на Љуботен:

Не е прват оваа , лично сум играл многу утакмици од 3 лига , и тоа во терените на Чегране , Форино , Чајле , таму каде што те убиваат ако победиш ..

Треба да се научат овие фудбалери на Луботен со овие вандалисти!
 
Eдноставно судиската тројка требала да го прекине натпреварот и со полициска придружба да ги изнесат од стадионот а Љуботен да го добие натпреварот службено како и да е Љуботен и покрај сите пречки офанзивно оди напред кон целта а таа е јасна влез во 2ра лига
 
Eдноставно судиската тројка требала да го прекине натпреварот и со полициска придружба да ги изнесат од стадионот а Љуботен да го добие натпреварот службено како и да е Љуботен и покрај сите пречки офанзивно оди напред кон целта а таа е јасна влез во 2ра лига
Брат се гледа дека не си гледал трета лига :D
Каква полициска придружба какви бакрачи :D
 
Брат се гледа дека не си гледал трета лига :D
Каква полициска придружба какви бакрачи :D
Не гледам 3 лига ама у извештајов на љуботен читам Е тогаш по теренот се случи бркотница нападнати беа судиите неколку од селките пајташи влегоа на теренот па се нафрлија и на играчите на Љуботен и членовите на стручниот штаб но за среќа полицијата маку ја смири ситоацијата
--- надополнето: Oct 30, 2011 6:14 PM ---
кога више имало полиција присутно на стадионот требале комотно да ја прекинат утакмицата и да бидат изнесени од стадионот..
 
Не гледам 3 лига ама у извештајов на љуботен читам Е тогаш по теренот се случи бркотница нападнати беа судиите неколку од селките пајташи влегоа на теренот па се нафрлија и на играчите на Љуботен и членовите на стручниот штаб но за среќа полицијата маку ја смири ситоацијата
--- надополнето: Oct 30, 2011 6:14 PM ---
кога више имало полиција присутно на стадионот требале комотно да ја прекинат утакмицата и да бидат изнесени од стадионот..
Има по 2-3-ца локални џандари...
Тие не рагираат скоро никогаш, си седат на страна и ептен ако зажустри ситуацијата, ќе дојдат со 0 на саат колку да се каже дека реагирале...
Дур да дојдат главното веќе се случува :D
 
Незнам не пратим 3 лига имам другари па ме информираат на табелата Љуботен е прв со 29 бодови позади него втората позиција ја делат Речица (ГР) и Врапчиште со 25 додека на 4тата позија е Вардар (Ф) со 21 Љуботен досега нема пораз само нека продолжат така !!!
 
Кому смета да го гледа ФК Љуботен на врвот?сме биле циганска екипа!а зашто? сме имале председател Македонец потпреседатели Македонец и Албанец.Шеф на стручен штаб и спортски директор Срби, капитенот ни бил Турчин физиотерапевтот Албанец...Играчкиот кадар исто така Македонци, Албанци,Турци,Срби...Епа баш затоа клубот опстојува 93 години затоа Љуботен ќе остане на врвот и засекогаш ќе биде најстарата институција во Македонија.Како и да е во продолжение од првенството Љуботен кога гостува нека го испраќаат со тупаници а Љуботен на домашен терен ќе возвраќа со полна мрежа голови за противниците!!!
 
Тоа е реалноста во 3та лига..
Сега треба да се сконцентрираат на утакмицата со Врапчиште која ќе одлучи дали Љуботен ќе им побегне на +7 или конкурентите ќе се доближат на 1-2 бода.
 
Љуботен:Врапчиште 3:0, пред околу 1000 гледачи.
Ова е само увертива за пред утакмиците у 2ра лига..
Наредна со Фљамуртани у чегране.
 
Во инзворедна игра денеска пред околу 1000 љубители на фудбалот на стадионот на спортскиот центар ФК Љуботен го декласираше конкурентот ФК Врапчиште со убедливи 3-0 и покажа кој е кој на Западот...ЧЕСТИТКИ ДО НАШИТЕ ИГРАЧИ за беспрекорната борба на теренот.БРАВО!!!

ФК "ЉУБОТЕН" Тетово на сите свои фудбалери, членови, симпатизери, навивачи и спортски пријатели од исламска вероисповед им го честита утрешниот празник Курбан Бајрам, со желба да го прослават во мир, благосостојба и радост во семејството! //
KF "LUBOTEN" Tetovë të gjithë lojtarët e saj, anëtarët, mbështetësit, tifozët dhe
miq sportive nga muslimanët uroi pushime neser Kurban Bajramit, të cilët dë
shirojnë për të festuar në paqe, prosperitet dhe gëzim në familjes! //
FK "LJUBOTEN" Tetovo svim svojim fudbalerima, clanovima, simpatizerima, navijacima i sportskim prijateljima islamske vjeroispovesti cestita sutrasnji praznik Kurban Bajram,sa zeljom da ga proslave u miru, blagostanju i radoscu u porodici! //
FK LJUBOTEN'de Kalkandelen kendi oyuncuları, üyeleri, destekçileri, fanlar ve tüm
Müslümanların spor arkadaşlar yarın tatil kutladı Kurban Bayramı, barış, refah ve sevinç içinde kutlamak isteyen aile!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom