Фан Клуб: Македонија Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Golden_boy_HUS
  • Време на започнување Време на започнување
Нема друг Алексовски, во напад/средина го имаме Андреј Ацевски кој е на позајмица од Вардар.
 
темава мртва веќе подолго време,ај да ја живнеме малце.

Имаме нов тренер,според мене доста солиден,како што Пелистерци го викаат македонскиот Мурињо :D

Еве и подетално.

- Откако вчера нашата екипа остана без тренер, денес Марјан Секуловски е назначен за нов шеф на стручниот штаб и од утре ќе и се приклучи на екипата.

- Јасмин Мециновиќ е нашето ново и последно засилување во зимскиот преоден рок.Мециновиќ доаѓа од унгарскиот клуб Папа и игра на централната одбранбена позиција(штопер).
-Пред него нашата екипа се појача со уште тројца играчи, Антонио Грујовски(среден ред), Наум Вељаноски(одбрана) од Еуромилк и Кирил Трајковски(напад) од Металург.

па ако ги склопи коцките како што треба,верувам дека ќе го избориме опстанокот оваа сезона.

Во Недела против Напредок на домашен терен,шанса за прва победа
 
Има нешо ново од Македонската Ла Мансиа :D Почит до ЏорЏтАун ..... Се вадат и се ваделе македонски таленти :)
 
Дали сте го гледале Антонио Илиевски,и ако да,што мислите за него ?

Пред месец дена пишуваше дека Хајдук го купиле, но не сум сигурен дали беше официјално.
 
Ќе го видиме во недела мурињо :D и јас се надевам барем до крај да биде неизвесно и некако да избориме опстанок иако шансите ни се мали. :)
 
Дали сте го гледале Антонио Илиевски,и ако да,што мислите за него ?

Пред месец дена пишуваше дека Хајдук го купиле, но не сум сигурен дали беше официјално.

треба да е официјално во скоро време бидејќи успешно ја прошол пробата во Хајдук,сите биле задоволни од него.
Македонскиот Видиќ може да биде детево во иднина,најперспективен млад играч моментално во клубот.
 
треба да е официјално во скоро време бидејќи успешно ја прошол пробата во Хајдук,сите биле задоволни од него.
Македонскиот Видиќ може да биде детево во иднина,најперспективен млад играч моментално во клубот.
Свака му част,уште од 6-7 одделение замина во Ѓорче колку што знам.Играше добро уште тогаш,само малце себичен беше.Нормално на маалски фудбал.:icon_mrgr: Право животно е(јака градба),се надевам ќе успее.(y)
 
Игра Ѓорче како Интер под Мурињо :icon_lol:

Лесна победа против Напредок денеска,Спорт лајф ја блокираше утакмицата јас кога уплатив,едно пола саат пред почеток.Дојдов некаде околу 25 минута,веќе водевме со 1-0.Играта како за почеток беше ок,прва утакмица под водство на македонскиот Мурињо (уште се смеам на ова :pos: ),играчите со огромна желба за победа,цело време напаѓаа додека гостите преку контра напади пробуваа да го загрозат нашиот гол.Средниот ред заспиваше во одредени моменти при што им отвараше можност на противниците лесно да развијат контра.Како и да е,многу важна победа за нас за кревање на моралот,обезбедување на опстанокот.Следно коло ако не се лажам против Пелистер во Битола играме.
 
Баш и јас мислев да пишам збор-два за денешнава утакмица али ти беше побрз. Следно коло идеме во Битола на победа :icon_mrgr: Имаме шанси за опстанок доколку следно коло ''изненадиме'' што не би било баш изненадување гледајќи ги квалитетите на двете екипи со оглед на тоа што Пелистер не е нешто појак тим од нас, а и зимскиов преоден рок го продадоа Жуниор првиот голгетер на тимот.
 
Marjan sekulovski e mn dobar trener e sega kolku ke ja spasi sezonata nzn
Добар е ама џабе со местачи неможе ништо да направи.
Утре со Вардар во Ѓорче. Ако ја наместат пак како првата 1 у 2 и последниве две со Пелистер не заслужуваат човек да им стапне на стадион да ги гледа.
 
Машка игра. Цела утакмица со 10 играчи. 2 гола со 10 играчи даваме. ЛАВОВИ :D.
И на помошникот судија на крај у 92 минута што досуди офсајд а можеше да прогледа низ прсти зошто у линија беше нашиот со последниот од нивната одбрана, се да му е**м!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom