Не ми рекол така ниеден партнер досега, иако не ме изненадува некој тоа да го помислил. Повеќето мажи, посебно тие што се силно поврзани со мајките, потсвесно во своите партнерки бараат карактеристики на нивната мајка.
И екстремно е ова да се поврзе со Едипов комплекс, особено затоа што не е ретка појава; не се работи за притаени сексуални фантазии спрема мајката, туку едноставно во очите на многу мажи, пристрасноста ги наведува да си ја претставуваат мајка си како модел за жена, таква каква што треба да биде, и посакуваат и нивната партнерка да ги поседува квалитетите што мажите најдобро ги забележуваат кај својата мајка.
Многу од нив како возрасни токму кај својата партнерка ќе ја бараат топлината, нежноста и сигурноста што им ја обезбедиле нивните мајки додека биле деца.
Претпоставувам слично е и кај жените, иако по мое искуство послабо застапено.
Јас имав еден дечко што ужасно ме потсеќаше на татко ми во тоа колку беше занесен, сонувач, нереален и по тоа како секогаш правеше планови и никогаш не ги исполнуваше.
Тоа е карактеристика што кога ќе ја воочиш кај човек, добиваш чувство дека не можеш да се ослониш на него и е маана што ја мразам кај татко ми, па некако ми ја влоши сликата за дечково.
Секој бара поддршка и сигурност кај партнерот, никој не сака изгубен случај што дава лажни ветувања, нели.
