Premier League - Season 2019/2020

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.
До кај отидоа некои опшества, ние се замараме со чувар куќа и поштенски сандачиња на ФБ
:pos:
И се чудиме како кладилнициве "знаат" се и секоја втор муабет ни е "абе местена е браат"

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Јас едвај чекам да ги гледам Шефилд и да ја видам нивната тактика со "overlapping CENTERbacks", дури и Биелса бил импресиониран.
 
Ќе се трансформир во park the bus после 10-то коло

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Гласав во анкетата за Ливерпул, може ќе им донесе среќа а и немам ништо против конечно да освојат, кога веќе реално Арсенал (кој ми е омилен тим во ПЛ) нема шанси. Мада мислам дека Сити се уште чекор пред сите. Единствено, како што пиша некој веќе, мислам дека оваа година ќе одат со сите сили на ЛШ пошто Пеп веќе нема оправдувања да не ја освои со овој тим. Па може тука ќе чека шанса Ливерпул кој ќе оди all in на ПЛ...

Друг тим нема шанси за титула. Тотенхем ми е најсигурен за прогноза. Мислам дека третото место им е гарантирано. Јунајтед очекував да направат голем ремонт, ништо не бидна од тоа. Ако Оле ги изменаџира добро и ако земат некое засилување до крајот, топ 4 ќе биде максимум.

Арсенал се енигма. Можат да испаднат изненадување и да завршат лагано во топ 4, ама може и да имаат катастрофа сезона. Челзи мислам нема да биде некој фактор оваа сезона. Со бан за трансфери и неискусен тренер се знае колку е лимитот. Тешко дека ќе бидат во топ 4.
 
Никогаш нема да сфатам што значи тоа со сите сили на ЛШ?
Демек вообичаено не им се игра тоа натпреварување? :)

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 
Во принцип, да се гледа клучните играчи да се физички доброподготвени за натпреварите во ЛШ што ќе значи да не играат или да бидат на клупата во ПЛ, па што биде нека биде со ПЛ.
 
Гласав во анкетата за Ливерпул, може ќе им донесе среќа а и немам ништо против конечно да освојат, кога веќе реално Арсенал (кој ми е омилен тим во ПЛ) нема шанси. Мада мислам дека Сити се уште чекор пред сите. Единствено, како што пиша некој веќе, мислам дека оваа година ќе одат со сите сили на ЛШ пошто Пеп веќе нема оправдувања да не ја освои со овој тим. Па може тука ќе чека шанса Ливерпул кој ќе оди all in на ПЛ...

Друг тим нема шанси за титула. Тотенхем ми е најсигурен за прогноза. Мислам дека третото место им е гарантирано. Јунајтед очекував да направат голем ремонт, ништо не бидна од тоа. Ако Оле ги изменаџира добро и ако земат некое засилување до крајот, топ 4 ќе биде максимум.

Арсенал се енигма. Можат да испаднат изненадување и да завршат лагано во топ 4, ама може и да имаат катастрофа сезона. Челзи мислам нема да биде некој фактор оваа сезона. Со бан за трансфери и неискусен тренер се знае колку е лимитот. Тешко дека ќе бидат во топ 4.

Немам пишано вакво нешто, во првата тема што ја избришаа пишав Сити лаганица освојува, Ливерпул втор, Арсенал 4рт.
 
Зошто за Комјунити Шилд играат Сити и Ливерпул? Нели по логика Сити треба да игра против финалистот во ФА Купот? Или во Англија има друга традиција?
 
Ако истиот тим освои ПЛ и ФА Куп, тој што завршил втор во ПЛ игра против него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom