sega za PAVEL SATEV
``...Беше неверојатно скромен, за себе не сакаше многу да зборува. А кога раскажуваше беше толку красноречив! Да имаше до него стенограф да ги бележи неговите раскажувања, ќе немаше потреба да стави ама баш никаква исправка, ниту запирка на дешифрираниот стенограм. Толку убаво и поврзано се изразуваше“, се сеќава Аризанков.
„Во сеопштата чистка на македонските национални револуционери, а со ’добар повод‘ - прифаќање на резолуцијата на ИБ, на големо изненадување на јавноста, уапсен е и Павел Шатев! Без никакво сторено дело. Едноставно, така решил некој форум - државен или политички. Каде згрешил и зошто никој не му објаснил ниту нему ниту на поколенијата кои треба да знаат за делата, одлуките и за постапките на своите татковци. Само некаде, во тајните досиеја, било запишано дека е ’потенцијален непријател‘, па поради тоа треба да исчезне од јавниот живот. А беше пратеник, со пратенички имунитет. Но, во тоа време кој признавал имунитет и некакво владеење на правото. Во паничниот страв од репресија сите молчеле. Никој не му помогнал, иако и во највисоките врвови имало луѓе кои не се согласувале со таквиот чин“, пишуваат Ачкоска и Жежов во книгата „Репресијата и репресираните“.
Заедничка фотографија на видни македонски дејци: (стојат одлево надесно) Димитар Поп Ефтимов, Атанас Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев, (седат) Ризо Ризов, Крсто Гермов Шаќир и Александар Мартунков
pavel e nasiot stolb megju dvata ilindena iskreno mnogu sakam da go dobie zasluzenata pocit i priznanie od nasata drzava