CN – Народна Република Кина

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Кинезите наводно се во состојба да ги следат стелт авионите преку сателити. Излезе кратка снимка како со помош на сателитот Jilin-1 се следи американскиот Ф22.

Хонгкошкиот весник South China Morning Post (SCMP) објави дека кинеските специјалисти за одбранбена индустрија развиле технологија за откривање на стелт американски авиони. Во материјалот беше наведено дека новата опрема е способна да ја зголеми сигналната моќност на Ф-22 и Ф-35,за 21 илјади пати. Технологијата за откривање стелт авиони во инфрацрвениот спектар има можност да ја „види“ оваа опрема на растојание до 300 километри.

Не верувам, прашај ги форумскиве анлитичари и ќе ти речат дека Кина нема таква технологија, а ако ја има ја украла од западот!
 
ова беше очекувано, иако може да очекуваме и од кинезите одговор, со оглед на тоа колку германски коли се продаваат таму.
GP2ZkCGXkAAqoaB
 
ова беше очекувано, иако може да очекуваме и од кинезите одговор, со оглед на тоа колку германски коли се продаваат таму.
GP2ZkCGXkAAqoaB
Ова ми се свиѓа, не од аспект што блокираат кинески производи него што Кина ќе возвратат и европскиве брендови конечно ќе се свестат и ќе почнат да дизајнираат за ЕУ. Што се дизајниве во последните 5-6 години што искачаат (значи 10 од како ги концепираат). Светлечки диоди од крај у крај, напред маските како шлапнати со тенџере, екрани од крај до крај внатре. Се изгуби есенцијалното на европското возило.

Единствено Алфа и уште неколку брендови задржаа до своето колку толку. Па побогу Форд го уби Мондеото и го пласираше само во Кина и Блиски Исток, Шкода дури исто шлапна црвена лента од фар до фар позади на инаку преубавиот Кодиак. ВВ на Туарегот му направија да му свети знакот, буквално како од Чаир да си и си дознал за Алиекспрес кинезарии што можат да биднат ставени на кола.

Дај Боже да блокнат ЕУ брендови на кинески пазар.
 
да, но колите ќе станат уште поскапи од сега. Сигурно 30% може и више ако тоа што го збориш се деси. Многу од компонентите се произведуваат во Кина. У вакви трговски војни крајниот купец го јаде највеќе. Портокалот ако дојде во Америка ќе ги влоши уште повеќе работите и ќе плаќаме многу поскапо некои ствари.
 
Последно уредено:

Јасно ми е тоа, само не верувам дека ќе отидат до ниво на забрана за компоненти како чипови и пластики кои се користат за изработка на делови за коли. Мислам и сакам да верувам дека ќе е на финалниот продукт како таков (кола). :oops:
 
Одма им се пали црвениот аларм кога ќе видат кинези да градат нешто во нивните колонии.

Новото кинеско мегапристаниште во Јужна Америка ги тресе САД
Автоматски споено мислење:

ова беше очекувано, иако може да очекуваме и од кинезите одговор, со оглед на тоа колку германски коли се продаваат таму.
GP2ZkCGXkAAqoaB
Порано за време на студената војна барем на Запад тврдеа дека советите веќе изгубиле штом им треба да ја изолираат економијата од Запад, настрана железната завеса и зидот кој им беше изнудено решение. Така и заврши таа приказна.
Ова му доаѓа нешто слично, само ќе треба време да ги видиме ефектите. Не можеш бе со административни мерки против пазарот. Ако ЕУ / САД лупаат драконски тарифи за да се изолираат од кинеските возила, нема ни во иднина да можат да им парираат со цени / квалитет, но сите останати земји ќе ги купуваат, плус кинезите инвестираат и во фабрики во трети земји, а со време јазот само ќе се продлабочува.
 
Последно уредено:
тарифите се глупава идеја да го браниш неодбранливото. Не сме 1890та па ќе ставаме тарифи на чај и зачини. Ова сега е високо технолошка работа. Ти им ставаш тарифи на возила, они ќе ти стават на батерии. А сите знаеме дека батериите и другите системи за електрични возила се праат у Кина, башка и соларни панели, и ред други работи на кои западот се надева за некаква зелена иднина. Сето тоа после овие работи ќе им стане минато.
 
Yantai портот во Кина фул со електрични возила спремни за достава
 
Attachments

  • IMG_0838.jpeg
    IMG_0838.jpeg
    580,5 KB · Прегледи: 19
Колкав е БДП на Кина? Не е тешко да се провери, на Google или Wikipedia. Но колку се овие податоци точни? Правеле некое истражување од Светската Банка и заклучиле дека БДП според паритетот на куповната моќ е сериозно потценет.
Направиле некоја корекција од 1,4 трилиони $ и со овие податоци излегло дека за 2022 год. е за 25% повеќе од она на САД, но дали е и ова точно е прашање. Други методологии имаат кинезите, посебно во секторот услуги многу работи не се покриени.

GDP (PPP) на Кина е само 25% поголем од оној на САД? Ајде луѓе… со кого се шегуваме? Минатата година Кина произведе двојно повеќе електрична енергија од САД, произведе 12,6 пати повеќе челик и 22 пати повеќе цемент. Кинеските бродоградилишта сочинуваа над 50% од светското производство, додека производството во САД беше занемарливо. Во 2023 година, Кина произведе 30,2 милиони возила, речиси три пати повеќе од 10,6 милиони произведени во САД.

На страната на побарувачката, минатата година во Кина беа продадени 26 милиони возила, 68% повеќе од 15,5 милиони продадени во САД. Кинеските потрошувачи купиле 434 милиони паметни телефони, три пати повеќе од 144 милиони продадени во САД. Кинеските купувачи трошеле двојно повеќе на луксузни стоки отколку американските купувачи.

Аналитичарите кои се жалат дека Кина сочинува 30% од светското производство, но само 13% од потрошувачката на домаќинствата се далеку од реалноста.
Кина претставува 20-40% од глобалната побарувачка за речиси секој производ за широка потрошувачка, но голем дел од услугите што ги консумира се изоставени од националните сметки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom