Поправка на кров

  • Креатор на темата Креатор на темата ervorocks
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2008
Мислења
387
Поени од реакции
27
Веб-сајт
ervo.rocks
Здраво,

Живеам во зграда во населба Аеродром, најгоре, каде што веќе годиништа имам проблем со кровот, и сум спремен сам да платам комплетно цела реконкуструкција поради тоа што немам согласност од станарите, на нив не им капе вода па не им е гајле.

Дали може некој да ми каже каква е процедурата во овој случај без согласност од станарите (имам околу 3-40% согласност што не е доволно) и дали воошто имам дозвола да ја започам реконструкцијата.

Фала.
 
Каква е процедурата, не знам. Тешко дека ќе успееш без согласност од станарите. Но ако си спремен толку да вложиш, подобро размисли за друг стан.
 
Друже замачкај тоа колку да не се приметува и продај или подобро заложи под лихва негде и нека го земат, да не ебеш некоја мачна душа што бара стан...
Купи си ново станче, ако имаш можности секако... Ако немаш, ќе мораш да се помкнеш со гомнарите да ти дадат согласност за поправка...
 
Глуп народ упм, што има нив да им смета ако сакаш сам да платиш...
 
Здраво,

Живеам во зграда во населба Аеродром, најгоре, каде што веќе годиништа имам проблем со кровот, и сум спремен сам да платам комплетно цела реконкуструкција поради тоа што немам согласност од станарите, на нив не им капе вода па не им е гајле.

Дали може некој да ми каже каква е процедурата во овој случај без согласност од станарите (имам околу 3-40% согласност што не е доволно) и дали воошто имам дозвола да ја започам реконструкцијата.

Фала.
Обврска на СИТЕ станари е одржување на сите заеднички делови мегу кои спага и кровот.Ако имате како зграда регистрирано Заедница на станари во ЦР,пола работа ти е завршена.Ќе си поднесеш до Претседателот на Заедница на Станари Барање за поправка на кров од таа и таа причина и ке му доставиш примерок на кој ке ти удри печат дека го примил со дата.Веќе понатаму тој си гони обврски,си ги известува станарите,се договара итака натаму.Треба да добиеш и писмен одговор што ќе се превземе.
Доколку те одбијат или не ти одговорат со твоето барање си идеш во Општина кај комунален инспектор,го запознаваш со ситуацијата и понатаму тој си тера.
Ама ако сакаш ида доградиш нешто само со согласност 50+1.
 
Чисто од љубопитство, колку катна е зградата?
Размислував за стан во Автокоманда, размислував за највисок да не ми тропаат, ама ако се чкарт подобро да не земам...
Таму има неколку шаблони на згради...
 
Ви Благодарам за предлозите околу санкцонирање на проблемот. Ќе пишам докополнителен коментар кога ќе го решам проблемот.

Инаку зградата е 5 спрата, доста стара зграда, никогаш не била реновирана. Ќе бркам некое чаре.
 
Да не знае некој каде можам да најдам бродски под (патос) со дебелина од 40мм?
Макс што најдов е 22мм.
Фала однапред.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Здраво,

Живеам во зграда во населба Аеродром, најгоре, каде што веќе годиништа имам проблем со кровот, и сум спремен сам да платам комплетно цела реконкуструкција поради тоа што немам согласност од станарите, на нив не им капе вода па не им е гајле.

Дали може некој да ми каже каква е процедурата во овој случај без согласност од станарите (имам околу 3-40% согласност што не е доволно) и дали воошто имам дозвола да ја започам реконструкцијата.

Фала.
Постапката ти ја кажаа погоре, а трошокот ќе биде на сите станари.

Доколку се врши поправка на кров на станбена зграда со повеќе станари, која служи на сите станари како целина, сопствениците на посебните делови на станбената зграда СЕ ДОЛЖНИ да учестуваат во трошоците за поправката на крвото како инвестиционо одржување на заедничките делови од зградата сразмерно со вредноста на нивните посебни делови според вкупната вредност на станбената зграда - Решение на Врховниот суд на Република Македонија, Гзз.бр.57/96 од 23.01.1997 година
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom