Koлку знаеме да го користиме говорот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Тргнувајќи од желбата за меѓучовечко разбирање и разочараноста од сосема малиот успех да се стори истото, заклучив дека како луѓе многу малку знаеме да го користиме говорот со целата негова сила.

Многу проблеми или проблематични ситуации во нашиот живот може да се решат доколку се потрудиме повеќе околу личната умешност и уметност во користење на ова моќно средство, кое го имаме сите.

Но од некоја "чудна" причина,
не сакаме...

Што мислите: Дали и колку знаеме да го користиме говорот?
 
Говорот е можеби најважната етапа од еволуцијата на човекот. Но да се има способност за говор и тоа истата да биде правилно употребувана е сосема различна работа. За некои-речиси невозможна.
Малку ќе те поправам. Понекогаш може да се сака вербално да се реши проблем, но едноставно изборот на зборови да е лош. Сакам-кажам-не-знам-речам ситуација. Не сите знаат да се снајдат во тој смисол.
Треба и малку вежбање, искуство, способност за полемизирање и најважно-коректен пристап кон субјектот до кој сакаме да допреме преку говор.

Ќе се согласам со Френсис Бекон, кој рекол дека неопходно е да се има правилен однос кон изворот на сознанието, и со тоа се избегнува појавата на „идолите” (според него, заблуди-на племето, на пештерата, на театарот) и во контекст на темава-идолот на плоштадот. Тоа се заблудите кои произлегуваат од лошата комуникација и неразбраното значење на зборовите. Значи-сепак проблемот со погрешното сфаќање на говорот може да се избегне, само треба да биде разгледан од вистинскиот аспект за да се разбере вистинската конотација. А тоа ретко кој го прави.
 
Не е до говорот, брат. Како сакаш сврти ги зборовите, направи ги инспиративни, моќни, мамојебачко проникливи, али не ни зборува умот на сите на ист јазик.
И не е работата до некомпатибилноста во говорот, (тоа е само последица) туку во некомпатибилноста на мислите. Различните појдовни точки, for example. Или пак различните нивоа на интелигенција и едукација.

Sith
 
А, нели може да ни зборува? Верувам дека ја имаме способноста и доблеста да се разбереме, ако навистина го сакаме тоа. Макар и соговорникот да ни говори на свахили - поважно е она што го мисли и го пренесува на нас. И vice versa.

Интелигенцијата и едукацијата влијаат. Исто како и промискуитетноста, степенот на активност на анаеробните бактерии во дебелото црево или состојбата со глобалното затоплување. Знам дека сето ова влијае... прашањето е дали може да се изолираме од некои од факторите и да се потпреме на основното ЈАС - човекот во нас, изолиран од преголемото его, суета и така натака и така навака.

Или не, не е возможно да научиме да говориме?
 
Добриот збор железни врати отвора. Вака нашиот народ нив векови ја изразувал вербата во моќта на говорот. Светската историја пак, сведочи дека еден добар говор можел да го смени текот на глобалните настани. Легендарниот говор "Јас имам сон" на Мартин Лутер Кинг, одржан во далечната 1963 година пред 200 илјади Афроамериканци во Вашингтон, кои со мирни протести бараа еднакви права, Америка ја смени засекогаш.
Во Македонија после 17 години учење демократија, народот е заморен од празни говори. Што и да се каже, тешко може да предизвика каква било реакција.Барем јас така мислам
 
Ако добро сфатив... Сметам дека не е можно да се разбереме заради неинтелигенцијата на ширките народни маси. А и тоа се прави. Верувам дека сите можат да бидат паметни. Не е тоа од раѓање, тоа се стекнува. Со правилна едукација сите деца можат да бидат паметни. Во практика сепак е невозможно.
СкулГрл напиша:
Треба и малку вежбање, искуство, способност за полемизирање и најважно-коректен пристап кон субјектот до кој сакаме да допреме преку говор.
Ако разговараме за нашата лична способност за комуникација... она што ќе ни ја појача способноста е секако книга. Читање, многу читање. Така се вежба, а кога си способен да се разбереш со Ферид Мухиќ, не е проблем да се разбереш и со Велија Рамковски. Симнувањето на пониско ниво е само одраз на желбата колку сакаме да сме нарциосидни и полни себе дека сме паметни, или како што кажа Серпико, дали сакаме да се разбереме со некого.
Serpico напиша:
прашањето е дали може да се изолираме од некои од факторите и да се потпреме на основното ЈАС - човекот во нас, изолиран од преголемото его, суета и така натака и така навака.
Значи под претпоставка дека сме сите способни да разговараме така? Оние на кои им е поважно да покажат дека знаат да разговараат, само вештачки знаат. Со зборови читани од речник и фотографски запамтени реченици од парламент на МТВ-3. Со тие луѓе се разговара еднаш, следниот пат е само зафрканција, или на нивна сметка или ако си премногу фин на своја. Тие разговори секогаш завршуваат со пот. А да му се плукнам на муабетот ако треба да се напрегам додека го водам...
 
Говорот бара адаптација! За да привлечеш некој на разврска, да му доловиш момент на афирмирање и надополнување и воопшто да добие желба за истото, неопходна ти е адаптацијата! И добро читање на карактер...

Ова е основното правило на нешто што се нарекува „пропаганда”...Нешто кое ние секојдневно го манифестираме небитно дали успешно или неуспешно но тука спаѓа тоа влегување во суштината на спротивното размислување и неговата манипулација...

Совладај го говорот, ќе го совладаш светот.
 
Вербална флуентност, мака мачам да се објаснам себе си кога разговарам...Говорот вклучува и гестикулација, на тоа поле е подобро да се најдам?:)
 
ima mnogu obuki za 'javno govorenje' i za 'body language'. Sea brzo bev i deluva. Onoj koj ima problemi so govorot pred eden ili pogolema grupa neka bara i neka poseti vakvi obuki. Rezultatite se top, a bashka toa ima i druzenje ;)
 
Ќе се согласам со Френсис Бекон, кој рекол дека неопходно е да се има правилен однос кон изворот на сознанието, и со тоа се избегнува појавата на „идолите” (според него, заблуди-на племето, на пештерата, на театарот) и во контекст на темава-идолот на плоштадот. Тоа се заблудите кои произлегуваат од лошата комуникација и неразбраното значење на зборовите. Значи-сепак проблемот со погрешното сфаќање на говорот може да се избегне, само треба да биде разгледан од вистинскиот аспект за да се разбере вистинската конотација. А тоа ретко кој го прави.

Убаво од тебе што го спомнуваш Бекон во темва, но дури и тој бил свесен дека овие четири „идоли” како што тој ги нарекува, не е возможно сосема да се надминат, три од нив се вродени, сепак Бекон инсистира на тоа да бидеме барем свесни за нив и на тој начин да се намали нивното влијание врз нас.

Некаде до средината на 19-ти век во училиштата се изучувало ораторство како посебен предмет, не знам точно кого е укинато и од кои причини, но факт е дека и те како треба да се воведе повторно. Сега јас не сум информиран дали некаде воопшто се изучува оваа дисциплина, па зборувам за кај нас. Не може некој себеси да се нарече интелектуалец од било која област, а да нема добри ораторски способности.
 
Некаде до средината на 19-ти век во училиштата се изучувало ораторство како посебен предмет, не знам точно кого е укинато и од кои причини, но факт е дека и те како треба да се воведе повторно. Сега јас не сум информиран дали некаде воопшто се изучува оваа дисциплина, па зборувам за кај нас. Не може некој себеси да се нарече интелектуалец од било која област, а да нема добри ораторски способности.
Се сложувам... може да биде интелигентен, но ако не знае да го пренесе тоа, ќе остане само на теорија... без можност да покаже што знае во пракса.
 
Еве нешто во тој контекст јас се пукнав од смеење :) :) :) :D
 
Добар пример :)

Тематскиот проблем како би го парафразирал денеска: расчистување на патот на мислата од мозокот преку устата / говорот, до увото и преку него до мозокот на нашиот соговорник.

Нема причина да не се случува ова, луѓе сме и способни сме. Ама, во ретки ситуации доаѓаме до потполно разбирање со соговорниците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom