Белата чума хара во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
yin yang напиша:
6 и пол милјарди народ се премногу, човештвото мора да биде одржливо, што значи да има (прво) доволно храна и вода за сите. Доколку продолжи да расте бројот на население на планетава, за неколку децении повеќето ќе страдаат за леб.


A duhot naselen na planetata ...si mislis mutav e...ke si gi resi toj problemite.......uzivaj vo zivotot..ke ja mislat po nekolku decenii!!!!
I taka nisto znacajno ne mozes da napravis,osven za svojata sovest i licen mir....
 
Закон

Garfield напиша:
Следните големи војни ќе бидат за вода!!!

Гарфилд хез спокен!
Гарфилд хез спокен ама не спокен нешто ново што не знаеме веќе.

Дај спокен нешто во иднина што не го знаеме повеќето ако не и сите.

А всушност нема да има за вода (има и ќе има секогаш за територија и за превласт, контрола на било што е од интерес:wink:) и зашто веќе има во Оклахома си користат америте пречистителна приколка полна со уреди што имаат за задача да прочистат одреден сегмент од водата.
Што значи земаат од самото место од најгнасната вода кога ќе помине низ приколката од другата страна црц во буриња почиста вода од било кој водовод и флаширани шишиња на планетава.
Е па сега ти види дали ќе нема вода.

П.С. незнам дали прочита германците ќе развивиаат (а незнам тука што има толку за развивање на технологии) од воздухот т.е. од влаќноста на воздухот да произведуваат чиста вода за пиење и така да си го решат проблемот за вода за пиење.
 
Правете повеќе деца или минимум 2.
Сите имаме повеќе роднини како тетки чичковци и тн. значи порано минимум 3 деца.
 
„Бела чума“ и се заканува на Македонија

петок, 11 јануари 2008 Македонија, според статистичките показатели, веќе неколку години се соочува со намалување на природниот прираст, стагнација на наталитетот, зголемена стапка на морталитет и тенденција за забрзано стареење на населението.
Државата полека станува земја на старци, бебиња има се помалку, а младите луѓе, кои се главни носители на наталитетот, масовно се иселуваат по светот.Во 2007 природниот прирастбил помал за 19,9 отсто во однос на 2006. Лани се родиле 22.661 деца, само 76 повеќе од претходната година, но седум илјади помалку во споредба со периодот од осамостојувањето на Македонија и речиси двојно помалку од шеесеттите години на минатиот век кога годишно се раѓале и по 50.000 деца. Стапката на фертилитет бележи пад од 4,1 во 1980 до 1,4 во 2005 година, а само за проста репродукција на населението неопходна е стапка од 2,1 деца, односно како што велат демографите, „едно дете за мама, друго за тато, а трето за државата“.Во последните петнаесеттина години, пак, постојано се зголемува бројот на умрени лица и тоа од 15.771 починати во 1994 година на 19.494 во 2007.Стапката на морталитет се изедначува, а во33 од вкупно 85 општини во земјава дури е и поголема од стапката на наталитет. Во Тетово, Гостивар, Дебар, Скопје, има позитивен тренд на природниот прираст на населението, додека во Демир Хисар, Мариово, Македонски Брод, Кратово и Ресен има драстичен пад на наталитетот. Според етничката припадност, кај Македоницте, Србите и Власите природниот прираст е негативен, а кај Албанците, Ромите и Турците позитивен, но со тренд на стагнација. Како најчести причини за стагнацијата на наталитетот и за негативните движења во природниот прираст на населението, демографите и социолизите, ги посочуваат лошата економска ситуација, традицијата, нивото на образование и миграцијата. Нискиот животен стандард, невработеноста и нерешеното станбено прашање се економските фактори поради кои младите не се решаваат на потомство. Голем број од работоспособното население во потрага по подобра иднина ја напушта земјата. Во некои краеви на Македонија постои традиција да не се раѓаат повеќе деца за да не се распарчува имотот, во други, пак, е вообичаено да семејствата да имаат поголем број деца. Статистиката вели дека младите со високо образование најчесто остануваат на едно до две, додека оние со ниско образование имаат повеќе деца.Долгорочните проекции на Државниот завод за статистика покажуваат дека до 2020 година, во Македонија ќе се намали бројот на младото население до 14 години, а забрзано ќе расте старосната група над 60 години.И поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан во божиќното послание предупреди дека Македонија постепено, но сигурно станува нација без доволен подмладок.За архиепископот охридски и македонски загрижувачки се податоците кои говорат дека не се запазува ни природната рамномерност и дека меѓу македонскиот народ поголем е морталитетот отколку бројот на новороденчиња. Затоа им порача на македонските брачници да даруваат рожби и да раѓаат деца. Со цел да се запре ваквиот негативен тренд во Македонија, Владата иницира изготвување стратегија за демографска политика, која ќе опфати стимулативни мерки за пораст на бројот на новородени деца преку даночни олеснувања и финансиски надомест за трето дете во семејството, прилагодување на системот за социјална заштита и промовирање на политики на подобра хармонизација на семејството и работата. Македонија не е единствената земја во регионот која има проблем со природниот прираст на населенито. „Бела чума“ им се заканува и на Бугарија и на Србија. Демографите во Бугарија предупредуваат дека земјата има најмал природен прираст меѓу државите од ЕУ и оти доколку продолжи тенденцијата на миграција и високата смртност за неколку децении би можела да изгуби една третина од населението.Во Србија, пак, секоја година „исчезнува“ по еден град од 35.000 жители, ана едно српско семејство доаѓаат 0,88 деца. Старосниот просек на населението е 41 година што ја вбројува меѓу десетте држави со најстаро население во светот.Проблеми со малиот наталитетот и забрзаното стареење на населението имаат и повеќето земји од Европската унија.
http://www.mrt.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=15290&Itemid=27
 
наталитет во пелагониЈа
Секоја години се помалку ученици
</SPAN>
Белата чума беснее во Пелагонија. Само во последните десет години бројот на новозапишани ученици во основното образование во Битолско се намалил за околу 4.000. Овие алармантни податоци ги обелодени Соколе Штраковски, началникот на подрачната единица за образование и наука во Битола.

- Во последните две години, откако јас сум на оваа функција запишани се 30 паралелки помалку во одделенската настава, што значи 30 наставници помалку и уште околу 20 наставници и професори од предметната настава во основното и средното образование. Но, сите нив ги заштитивме и не дозволивме ниту еден да остане без работа, иако бројот на учениците постојано се намалува, вели Штраковски.

Секоја година бројот на ученици се намалува, и тоа не само кај македонската популација, туку и кај другите етнички заедници во пелагонискиот регион. Така некогаш големото осумгодишно училиште во потпелистерското село Цапари денеска има само 66 ученици. Ова училиште од јули престана да функционира како правен субјект и денеска работи само како подрачно осумгодишно училиште во составот на централното "Елпида Караманди" од Битола.

Ништо не е подобра ниту состојбата во центрите за средно образование. Прогнозите говорат дека во новата учебна 2005-2006 година во средните училишта во прва година ќе се запишат помалку ученици од лани.

Слична е состојбата и во другите општини. Така на пример, во Прилеп во стручните училишта години наназад има проблем со запишувањето на нови ученици. Младите од селата кои основното образование не го завршиле како одлични ученици родителите најчесто и не ги пуштаат во средно училиште со образложение дека не им се исплаќа да трошат пари бидејќи и кога би го завршиле средното училиште нема никогаш да најдат работа. Така девојчињата по осмо одделение седат дома и чекаат некој да ги запроси и да се омажат, а момчињата, најчесто чекаат виза да заминат во странство или пак остануваат стари ергени, безделничејќи пред селските кооперации, без работна и животна перспектива.

- Во странство оваа појава ја нарекуваат "бела чума", а кај нас се уште се плашиме да го употребиме тој израз, па срамежливо велиме дека е ова опустошување на селата и одумирање на нацијата. Меѓутоа, како и да го наречеме, овој процес повеќе од сигурно е "бела чума" за Пелагонија, велат просветните работници од Битолско и Прилепско.
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2653&stID=46744
 
Па кој е луд во ова време на безработица деца да прави?
Ако веќе си решил да го правиш, треба и да му обезбедиш пристоен живот.
Значи, да не се лиши од ништо, и да има оставено понешто за него во животот од родителите.
По овие (мои лични) критериуми, јас неможам да имам повеќе од две деца.
 
dovojno se 2 , nekoj koj moze ke pravi 3, znaci 2,1 prosecno e dovolno za da prezivee edna nacija, ispod 2 togas si vo minus, gledam vo Srbija padnalo na 0,88 , strasno. Srbija sekoja godina gubi po 35 iljadi samo od toa sto se ragjat pomalku, a uste kolku sto odat nadvor od drzavata.
Spored edna analiza Srbija so se Vojvodina ako prodolzi vaka bi imala okolku 3 milion ziteli do 2100. No ova e premnogu, ne se znae sto moze da se sluci. Kosovo bi imala 4,5 milioni ... itn
Rusija sekoja godina gubi po 700 iljadi. Bugarija isto taka, Grcija e vo minus, sreka so imaat 1 milion albanci...

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2007/09/070919_macedonia_population.shtml
 
во земјавадури е и поголема одстапката на наталитет. Во Тетово, Гостивар, Дебар, Скопје, има позитивен тренд на природниот прираст на населението
И кои прават многу деца Дардане сине Илирски??
ако најчести причиниза стагнацијата на наталитетот и за негативните движења во природниот прираст на населението,демографите и социолизите, ги посочуваатлошата економска ситуација,традицијата, нивото на образование имиграцијата. Нискиотживотен стандард, невработеностаи нерешеното станбено прашање се економските факторипоради коимладите не се решаваат на потомство
Кој сака да ги изгледа децата и да направи луѓе од нив, а кој сака да прави војска?? Ако не е така значи дека Албанците имаат повеќе пари од Македонците и немој веќе да збориш за права и инвестиции.
Статистикатавели дека младите со високо образование најчесто остануваат на едно до две, додека оние со ниско образование имаат повеќе деца
И кој се необразовани во државава ?? Треба да пастирам што си напишал Албанците, Ромите иТурците. Или не е така??
Македонија не е единствената земја во регионот која има проблем со природниот прираст на населенито. „Бела чума“ им се закануваи на Бугарија и на Србија
Еве ги Балканците пак.
 
Epa toa e vaseto zaebanje, posto dodeka ne ni dozvoluvavte da se skoluvame na majcin jazik, zaboravavte deka togas ke rodime deca , koga ke rodime deca ke dojdeme do 30% vo drzavata, pa togas ke se borime za nasite prava, ke gi dobieme, sega ste srekni deka albancite veke ne ragjaat po 5 deca, no ve maci nesto drugo, a toa e deka sega tie 30% albanci ni gi zemat rabotnite mesta.
 
Epa toa e vaseto zaebanje, posto dodeka ne ni dozvoluvavte da se skoluvame na majcin jazik, zaboravavte deka togas ke rodime deca , koga ke rodime deca ke dojdeme do 30% vo drzavata, pa togas ke se borime za nasite prava, ke gi dobieme, sega ste srekni deka albancite veke ne ragjaat po 5 deca, no ve maci nesto drugo, a toa e deka sega tie 30% albanci ni gi zemat rabotnite mesta.
Земај ги бе не ми пречи. Ако си постручен од мене земи слободно белким ќе се оправи државата. Среќен сум што се школувате. Затоа што така ќе почне да ви работи мозокот. Кога ќе заврши некој добро средно или факултет нема да мисли на деца, криминал или одење во планина. Ќе си мисли за себе и со своја глава.
 
Ako se pravat po 5 dena, losho e, se kotat albancite, ako pravat po 1 dete, ondak e pak losho, pogolem mortalitet nego natalitet...

what shall we do, what shall we do!!??

get rich or die tryin.
 
Дардане, кој тебе не ти дава да учиш на албански. Ај сега кажи во кое школо си завршил основно (чисто сумњам да си завршил), и во кое средно си учел (ако си учел), за факултет имате, а ете ти кажи каде студираш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom