Изгоре Нотр Дам во Париз

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.458
Поени од реакции
5.612
Огромен пожар избувна во најпознатата катедрала во Франција, Богородичната црква или попозната како Нотр Дам.
Изгорена е целата внатрешност и досега е срушена главната купола.
„Избувна пожар во Нотр Дам”, објави париската полиција на Твитер. „Избегнувајте го тој простор и ослободете го патот за возилата на противпожарната служба и Итната помош да можат да интервенираат“, се наведува во објавата на Твитер.

439843232-670x376.jpg


Фотографиите и видеата на социјалните мрежи прикажуваат пламен и дебели облаци од чад во близина на нејзиниот врв, кој е опкружен со скелиња поради реновирањето на катедралата. Токму реновирањето се смета за една од можните причини за избувнувањето на пожарот.

Градоначалничката на Париз Ан Идалго изјави дека противпожарните бригади се обидуваат да го стават под контрола огнот.

„Ужасен пожар е во тек во катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола огнот. На локално ниво сме мобилизирани и во постојан контакт со црковните власти. Барам сите да го почитуваат безбедносниот периметар”, напиша таа на Твитер.

Околу 13 милиони посетители и верници ја посетуваат црквата годишно, или во просек околу 30.000 дневно. Во најфреквентните денови, над 50.000 луѓе дневно влегуваат во катедралата. Таа е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.


ct-notre-dame-fire-paris-20190415


incendiu-la-catedrala-notre-dame-din-paris-foto-588457.jpg


Штета.
 
највероватно тие работниците што работеле на скелињата го предизвикале пожарот, нешто како што зградана наша на евн се запали пред некоја година
 
Штета.

Не као верски објект, туку чисто као човечки материјализиран талент за уметност, градење. Еден уникатен амбиент имаше, иако со многу туристи. Се сеќавам пред некои 10-тина години бев на неколку дена, баш некое вакво пролетно променливо време и ми е останато во убаво сеќавање. Готска архитектура, со високи сводови и изразити контрафори од надворешната страна. Ќе ја санираат сигурно, меѓутоа нема да биде автентично, што е жално. Ете, на Трескавец кога бев последен пат, во голема мерка се санирани конаците што изгореа пред неколку години, меѓутоа ја немаат таа патина што ја имаа старите.

Париз е претворен у туристичко срање...има бааги африканци, арапи и остала багра...и францускава политика кон нас ми изазива дијареја, ама сепак, штета.
 
Јбг. 750 години опстојала. Неколку граѓански војни. Две светски војни. Никој не се осудувал да ја чепне.
Отишле 10 работници од Мароко, Украина, Полска, Пакистан....пиф паф пуф....

Замина во неповрат

0490af67afd6d75622a30b49933392bf.jpg


Notre-Dame-rose-window-inside.jpg
 
Да.
Витражите - таа техника мислам дека веќе мајстори што ја работат се ретки или исчезнати...
Многу ме интересира дали се работи за санација или нешто како што се работите на Саграда Фамилиа во Барселона - „довршување“ на проектот на Антонио Гауди. Све мислам е ова второто.
 
Ќе ја санираат сигурно....
Ништо нема да се санира... Кај ќе санираш онакви ремек дела.... Па и да го направат мултинационален проект кај што повеќе земји би финансирале пак нема да се врати ни приближно во неговата оргинална форма.
 
Штета , а преубав објект особено внатрешниот дел .
 
Ништо нема да се санира... Кај ќе санираш онакви ремек дела.... Па и да го направат мултинационален проект кај што повеќе земји би финансирале пак нема да се врати ни приближно во неговата оргинална форма.
Каменот ќе остане сигурно. Има методи да се исчисти.
Сигурен сум дека ја имаат детално снимено. Знам дека у моментов изгледа неверојатно тоа, ама многу објекти се темелно реставрирани, посебно после Втора светска војна.
https://en.wikipedia.org/wiki/Kaiser_Wilhelm_Memorial_Church Gedächtniskirche во Берлин намерно не е реставрирана во сеќавање на војната, на пример. Тука на што ќе се сеќаваат? На немарноста?
 
ајде ништо страшно, во ЕУ се, ќе се среди
него,како у опште до пожар да дојде,нели вршат на тие работниците проверка што носат и како пред да работат,или слабо???
и зошто оваа,и онаа у барселона (или кај и да беше),од кога сум жив,само гледам по слики уште скелиња стојат,којзнае колку време никако да ги завршат градежните активности... до толку ли е тешка оваа работа???
 
Можда е и до инсталацијата проблемот, не вадете одма теории на заговор.
 
Во последниов месец 10+ цркви беа запалени во Франција.

Времето ќе докаже дали случајов со Нотр Дам е намерен или не
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom