Регистрирање на фирма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Овердрајв
  • Време на започнување Време на започнување
Вака имам еден проблем и ми треба решение. Со еден другар отворивме фирма ДОО ама сеа сакаме да ја префрлиме на друго лице и да ја направиме ДООЕЛ. Ми рекоа дека ако го направиме ова на крај на година во ујп ке сме требеле да платиме по 250 евра двајцата неам појма зошто. Значи фирмата не оставрува никаков промет. Значи ми треба совет, некое најбезболно решение. Ве молам за помош
Не се разбирам многу од оваа проблематика, ама јас еднаш поминав слично искуство, требаше да отстапам од ДОО како управител, и да не ми беше пријател адвокатот, дебело ќе ме кошташе. Требаше триста документи (од свикување на собрание на содружници, носење одлуки за истапување на содружник, до формулари од централен, промена на сите до еден итн итн). Требаше една недела само да се координира адвокат-документи-централен и да бидат во согласно со прописите.

Мое мислење (можда други ќе ти дадат друг совет) е да ја ликвидирате (не под стечај, него да покриете се долгови и да ја ликвидирате) и да си отвори другар ти нова. Така помалце мака и помалце документи. Иначе ќе ти треба адвокат со добри нерви (од централен за запирки му ги враќаа документите) и пријател, оти иначе ќе те кошта дебело за такво малтретирање.
 
А кажи ми дали има некој трошкови за ликвидација, ние немаме никакви долгови, ниту пак имаме остварено некаков профит. Ја отворивме така само.
 
А кажи ми дали има некој трошкови за ликвидација, ние немаме никакви долгови, ниту пак имаме остварено некаков профит. Ја отворивме така само.
Мислам дека е околу 500 денари во централен, не сум сигурен. Како и да е, мислам дека не би требало да е многу кога нема долг.
 
А кажи ми дали има некој трошкови за ликвидација, ние немаме никакви долгови, ниту пак имаме остварено некаков профит. Ја отворивме така само.

иако немате никакви побарувања, доходи и расходи, сепак должници сте... должите за фирмарина 8.000 денари за секоја година одкако постои фирмата, понатака за радио дифузна такса за секој месец одкако постои, завршна сметка поднесена со состојба нула за секоја година... без подмирување на овие трошоци нема затварње на фирмата. и должите на државата.

понатака гасењето не е лесно, брзо и слично... она цената од погоре дека тоа се 500 денари во централен регистар е само една точка од целата прикаска... нај убаво правник да земе да ја среди и да си платиш за тоа. т.е. за услугата...

колку за инфо само, дека јас пред 2-3 месеци ликвидирав една фирма ТП, и со сите долгови од овој тип, натрупани за 5-6 години со се правникот ме кошташе околу 1250 евра.. пари што договдина ке беа 1500, па за 2 години ке бидат 1850 и така...
 
И кон двете. Само да се набави фискална каса не е толку проблем. Тоа што повеќе ме интересира е регистрирањето на вработени (за кој не сакам да има за да не плаќам опремнина иако не ми пречи да не земам зелени картони) како и тоната сума на регистрирање на фирмата. Домен на услуги е издавање на интелектуална сопственост (креирање на дизајн) како и можеби привремени продажба на флаери, летоци, веб страни и сл.

12000 ти е фискализација (каса и инсталирање за за твојата дејност)
6000 ти е целосна регистрација на фирма
Првите месеци нема потреба ниеден вработен да имаш. А понатака бработисисе ти само.
 
Здраво.
Жал ми е за моите грешки во македонскиот јазик))).
Јас сум бил во проучувањето на прашањето за создавање на нова фирма во Македонија. За жал, се додека не најде уште еден начин за да добиете информации. Можеби некој знае одговорите на моите прашања?

Заинтересирани за регистрација на компанијата во Македонија.
1. Колкави се трошоците за воспоставување на новата фирма?
2.Дали треба да се регистрира адреса на живеење во Македонија?
3. Што е фреквенцијата на известување?
4. Дали постојат некои ограничувања за работа со девизна?

Однапред ви благодариме.
Ако некој му треба совет или слични други информации во врска со Латвија Литванија или би бил среќен да.

Фирмата прво ќе се направи со работењето на трговијата на големо без увоз во Македонија. На пример, за купување во Бугарија и извоз на Литванија.
Дали воопшто штетни, финансиската инспекција?)))
 
zdravo, me interesira dali moze nekoj da mi dade informacija dali mozam kako fizicko lice da prodavam produkti vo makedonija ili e neophodno da se registrira firma da bi se razvila prodazbata. Inaku tip na proizvod: obleka, čevli......
 
Можеш од дома или по куќи од врата на врата.
 
Здраво.
Жал ми е за моите грешки во македонскиот јазик))).
Јас сум бил во проучувањето на прашањето за создавање на нова фирма во Македонија. За жал, се додека не најде уште еден начин за да добиете информации. Можеби некој знае одговорите на моите прашања?

Заинтересирани за регистрација на компанијата во Македонија.
1. Колкави се трошоците за воспоставување на новата фирма?
2.Дали треба да се регистрира адреса на живеење во Македонија?
3. Што е фреквенцијата на известување?
4. Дали постојат некои ограничувања за работа со девизна?

Однапред ви благодариме.
Ако некој му треба совет или слични други информации во врска со Латвија Литванија или би бил среќен да.

Фирмата прво ќе се направи со работењето на трговијата на големо без увоз во Македонија. На пример, за купување во Бугарија и извоз на Литванија.
Дали воопшто штетни, финансиската инспекција?)))

И мене би ме интересирале овие информации, дали некој може да помогне со информации?

Дали постојат агенции, фирми кои отвараат фирма за тебе, дали е поисплатливо да се регистрира скроз нова фирма или да се отвори подружница на странска фирма во МК?

Би било добро да се направи листа од сите давачки за отварање на фирма, и колку брзо отприлика оди постапката?

Колку чини сметководител?

Некои практични искуства, добар дел од вас веќе имате фирми, па не би требало да имате проблем да одговорите на овие прашања.
 
Здраво
Ме интересира дали може веќе вработено лице да се регистрира како трговец-поединец и да отвори фирма (дуќан)?
 
Здраво
Ме интересира дали може веќе вработено лице да се регистрира како трговец-поединец и да отвори фирма (дуќан)?

вработено лице неможе да отвори трговец поединец, ама затоа може дооел да отвори и да биде сопственик, ама и само сопственик, нема да може да се пријави во таа фирма се додека не се одјави од местото каде што е вработено... може да пријавува други лица во својата фирма..
 
Ме интересира кои се трошоците да регистрирам фирма за давање на софтверски услуги во странство. Дали ќе треба увоз-извоз и кои се даноците на тоа?
Слушнав дека за увоз извоз не се плаќаат даноци а за софтвер дека е само 5% данокот.

Ако може со конкретен пример пошто не ги разирам многу работиве, како се праќа фактуа во странство кои се обврските итн.
Исто ме интересира дали мора да имам вработен во фирмата за почеток пошто немам да имам многу големи приливи првите месеци.
 
Треба да регистрираш ДООЕЛ, околу 8-10 илјади, нема врска што ќе правиш, таа е увоз извоз. За со странство, треба девизна сметка да отвориш, и фактура на англиски и превод на македонски на истата. Данок за увоз немаш.

Потоа чим веќе имаш се средено, кога ја праќаш фактурата, ти уплаќаат пари, ти стигаат по 2-3 дена, и треба да дадеш изјава кој основ ти се (има ставка Компјутерски услуги), ти легнуваат на девизната. Треба да направиш купо-продажба на девизите со банката и ти легнуваат на сметка од фирмата. На нив немаш никаква обврска (од даноци итн). Потоа од нив си даваш плата, плаќаш книговодители, радиодифузни, провизии и трошоци за банката итн итн.

За вработување, мора да имаш 1 вработен во ДООЕЛ (управителот) и да му исплаќаш плата до секој 15 за претходниот месец. Можно е да има олеснувања за новоформирани фирми, тоа не знам.

Јас го работам речиси истото, така да ако те интересира уште нешто (трошоци, искуства итн) прашај.
 
Јас кога ја отворив фирмата (дооел) платив 8000 за отварање. Сета работа ми ја сврши адвокатот. Исто како што рече cYb3rc0re давацки секој 15 во месецот за платата. Мене ми иди 15,000 денари 10,000 нето платата + 5000 доприносите и даноците. Имаш на годишно ниво да платиш 5000 фирмарина (ова ти зборам за Битола) . Види на овој сајт имаш интересни текстови за тоа како да го развиваш бизнисот http://biznis101.com/
 
Дојдов до идеја за бизнис кој може за почеток да се работи од дома. Како и да е мора да се регистрира, но она што го дознав е дека доколку се региструра фирма, истата мора да има просторија(нормално) она што ме збуни е дека треба да биде опремена со техника од 5000 евра минимум. Реално јас тие пари ги немам... па може ли некој да ми објасни подетално...всушност дали е тоа вистина...и се во врска со регистрација на фирма.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom