1. Го мразам денот кога те запознав.
2. Го мразам денот кога се заљубив во тебе.
3. Те мразам бидејки цел ден мислам на тебе, а не сакам.
4. Те мразам бидејки сум тука кога ти требам, а тебе никаде те нема кога ми требаш.
5. Го мразам твојот прекрасен глас, кој не ми излегува од глава.
6. Те мразам бидејки знам дека шансите ни се скоро нула, а се би направил за тоа да се промени, иако тебе не ти е многу гајле.
7. Те мразам бидејки омилените траки/песни ме потсеќаат на тебе.
8. Го мразам фактот што не беше целосно искрена со мене, иако во тебе имав (и сеуште имам) голема доверба.
9. Ја мразам твојата слатка насмевка, која секој ден ме расположува и ме остава во... заборав.
10. Те мразам бидејки те сакам...