Печка на пелети Vs. Инвертер клима

  • Креатор на темата Креатор на темата Hurin
  • Време на започнување Време на започнување

Пелети или Клима

  • Пелети

    Гласови: 13 26,5%
  • Клима

    Гласови: 36 73,5%

  • Вкупно гласачи
    49

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.680
Локација
Meowschwitz
Најпрвин се извинувам ако има веќе ваква тема.

Годинава сум решен да реновирам малку (ПВЦ дограма и електрична инсталација) и меѓувреме да го сменам и греењето. последниве неколку години не сум баш задоволен со дрва и тоа со комбинација со лоша дограма и слаба изолација ми ги пукна нервите.

Правев муабет со другар кој има инвертер клима и другар кој се грее на пелети.
И двајцата се задоволни и реално неможам да се одлучам баш дали да земам едно или друго.
Моментално живееме двајца во куќа и двајцата сме вработени и се враќаме дома најкасно во 4 саатот.
грееме 4-5 саати во денот и околу 10 саати во викенд. и се работи само за една соба од 20тина квадрати.
Немам многу истражувано за клими и шпорет на пелети па ми треба совет за да се одлучам.
 
Шпорет на пелети. Само очекувај ако сакаш да ти загрее, ке потроши и повеќе пелети.
 
Само инвертер бајо мој :) имаш цела тема за оваа проблематика, немаше потреба од нова, земи прочитај и... купи си инвертер.
 
Би рекол дека без изолација ништо не правиш, гледај првин тој проблем да решиш, 20-30% заштеда. На темата, пелети подобро ќе те згреат, особено ако е поголема површина, инвертор е далеку помалку замарање (лично би одбрал ова).
 
Ако имаш добра изолација и клима ќе ти заврши работа. Мада јас цел живот во стан живеам па и не знам баш колку добро би згреала клима куќа иако се работи за една соба.
Дедо ми во село зема печка/камин слично како на сликава само дупло потесна/помала и да ти кажам сега кога бев во село и на -15 температура надвор, внатре беше пекол жешко (прилично голема просторија). Ставаш едно трупче дрво на некој саат и уживаш.

peleti-pechka-kamin.jpg
 
само клима, на дугме, палиш гасиш не влечеш трупци и пелети цел ден, милина
 
Види овакој, користу и двете и од двете сам задовољан.
Пелети можеш да земеш ако грееш поголему квадратуру и сакаш побрзо да ти згрее и одржуе топлоту. Ја греју дневну и кујну около 70 квадрата и сам презадовољан од пелети ама финта е што ги користу само кд ќе падне температура много, значи испод -10 степена и слично. Овакој се греју на обичну климу, значи не инвертер.
Ја би ти препоручија да си земеш инвертер климу од неколко причине:
1. Квадратура не ти е голема и солидна инвертер клима ќе ти гу прави собу бања.
2. Инвертер клима ќе ти искочи поевтино месечно у однос на пелети, колко сакав нека лжев и зборив како тој пелети су паднати од бога и евтини, не су. Пелети не су најевитни и никад нема да бидев, неможеш да земеш било какв пелети да му фукнеш у шпорет затој што свакакв пелет не врши работу. Солидан пелети ти почнуе од 220 денара нагоре а ти на едн дн сигурно ќе потрошиш 1 џакче.
3. Пелети е замарање у однос на климу, треба да га чистиш свак 3 дн и да се заебаваш сас џакови, качуј, спуштај, товари, истовари. Друга работа сас пелети е што има неколко класе на квалитет у однос на цену. Неможеш да размислуеш и да очекуеш дека сас најевтино пелети што га начекаш ќе се згрееш, затој што куде нас се фура неквалитетно пелети сас љуште и триста глупости, да не улазам у демагогију и су сас малу калоричну вредност што значи дека шпорет брзо ќе ти ги изгори а нема да дигне температуру. Исто ако земеш пелети што си мокри/влажни шпорет нема да диза температуру и пламен за да те грее. Значи у превод, пелети колко и да е боље у споредбу сас дрву, ипак е замарање и политика.
4. Инвертер клима ипак за мене е најбоља затој што е user friendly и можеш да си регулираш јачину, температуру, атмосферу у собу како сакаш, кд сакаш, не само зиму, него и лето.

Надам се дека ќе ти помогне у избор, што не би требало да ти биде избор. :D
 
Печка за 20м2....

Инвертер најдобро за таа квадратура и за исти пари ќе грее 24/7, а не само 4-5 часа во денот.

Ако имаш добра изолација и клима ќе ти заврши работа. Мада јас цел живот во стан живеам па и не знам баш колку добро би згреала клима куќа иако се работи за една соба.
Дедо ми во село зема печка/камин слично како на сликава само дупло потесна/помала и да ти кажам сега кога бев во село и на -15 температура надвор, внатре беше пекол жешко (прилично голема просторија). Ставаш едно трупче дрво на некој саат и уживаш.

peleti-pechka-kamin.jpg
И на -25 ќе прават пекол камините на дрва.
 
А дали може на пример да земам печка на пелети и да почнам со греење на овие 20 квадрати дури да присоберам пари и да монтирам парно и да го решам проблемот и за во иднина ?
бидејќи знам дека Печките имаат котел во нив со вода и ако не наместиш парно има шанси да ја заебиш печката.
 
Јас сум екс дрвозагреван корисник и моментално со инвертер. За инвертер е убо,ако немаш југо-генерација дома па секое отворање на вратата (зависно од аголот на отворање) кај нив значи и покачување на сметката за струја.
Најбатал ти е да се грееш на дрва. Ги набавуваш од дрвари нелегално па ризик да им ги одземат, ризик и тебе да ти ги земат па сечи ги цепи ги реди ги па треси пепелници горел не горел бории тресење па се загадува воздухот и други зелени мисли кои не ми текнуваат сега.Во кратки црти греењето на дрва го сметам некој вид на стажирање за котлар.

Ако се плашиш од струја, а од друга страна не се чувствуваш како викинг со секирата, нешто измеѓу ти е каминот со пелети. Дотураш пелети и чудо - собата е топла. Во време кога ќе снемаш огревни материјали можеш до било која бензиска или маркет да си набавиш една вреќа.

Со климата да не објаснувам,затоа што ја манипулираш температурата всоба со едно дајлинско и се осеќаш како дедо боже. Се додека не ја отвориш вратата. Е тогаш собата се изладила а сметката енормно се покачила, би рекле југо генерациите наоблечени со вентијаги коментирајќи дека е жешко всоба и на јако е пуштена климата.
 
колку те фаќа вака месечно греење на инвертер?
 
А дали може на пример да земам печка на пелети и да почнам со греење на овие 20 квадрати дури да присоберам пари и да монтирам парно и да го решам проблемот и за во иднина ?
бидејќи знам дека Печките имаат котел во нив со вода и ако не наместиш парно има шанси да ја заебиш печката.
Мора котелот да биде наполнет со вода пред да ја стават во функција печката. Доколку не е инстаирана прописно губиш гаранција. Така да ке мора да ставиш макар 1 радијатор за да биде прописно. Потоа прошири ја мрежата со радијаторите.
 
Сметај без струја ни едно ни другото работат, ај за каминот на пелети се купува апаратче плус 100 евра дас епокрени греењето, а инвертерот без струја не работи. А имаше дефекти редукции годинава. Најдобра тие комбинација од инвертер и дрва.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom