СпаЈдеР
DissentiveMoron202
- Член од
- 1 март 2006
- Мислења
- 3.201
- Поени од реакции
- 52
Првите деца имаат поголема самодоверба,голем натпреварувачки дух и доминантни се во споредба со последното дете во семејството. Поради тоа првородените најчесто се главни на некоја позиција,совесни се,го прифаќаат конвенционалниот морал, се идентификуваат со вредностите на своите родители и се попослушни. Имаат успешна кариера, загрижени се за својата положба, емоционално се напнати и сколни се кон бес. Ги избегнуваат ризиците, особено во спортот и повеќе сакат пливање, тенис, голф и други активности во кои нема контакт.
Второродените деца се разликуваат од првородените а во споредба со нив,имааат помала самодоверба. Но, затоа се алтруисти, повеќе сочувствуваат со туѓите чувства, а додека се мали повеќе се дружат со другите(поголеми) деца. Овие луѓе имаат помала совест и помала желба за освета од првородените. Подруштвени се и отворени се кон различни искуства. Бунтовни се и сакаат да ризикуваат.
Психолозите утврдиле дека редот на раѓање е важен фактор според кој родителите ја одредуваат улогата на децата во семејната драма.
Зошто се разликуваат?
Главна причина поради која доаѓа до такви разлики е во тоа што во зависност од редот на раѓање усвојуваме различни стратегии за да го привлечеме вниманието на родителите. Со оглед на тоа дека некогаш не можеме да добиеме доволно родителска љубов, мораме да си осигуриме посебно место во семејството и да се погрижиме да привлечеме љубов, негувајќи вештини и особености кои се различни од оние на братот или на сестрата.
Првородените први одат на училиште и се соочуваат со предизвиците на адолесценцијата,добиваат повеќе внимание, поголема грижа и поприврзани се со родителите во раното детство. Но ако до нивната 3та година не се роди друго дете, родилите кон нив стануваат поладни и им наметнуваат строги ограничувања. Првородените девојчиња се склони кон момчешки карактеристики,особено ако имаат само сестра,бидејќи повеќе се споредуваат со таткото. Ако по девојчето се роди момче,тоа ќе биде донекаде склоно кон женски особини.
Влијае и бројот на членовите
Во семејствата со многу деца повеќе се разликуваат децата што се родени едно подруго,отколку првото или третото дете. Ако едното дете повеќе се споредува со едниот родител, тоа што ќе се роди по него веројатно ќе се споредува со другиот. Ако сте прво дете во семејството, склони сте да тргнете по линијата на помал отпор во воспоставување на своето место во семејството, давајќи им на родителите тоа што го сакаат и поставувајќи се на нивна страна. Барајќи начин на кој ќе ја привлечат родителската љубов, се раководат според реакциите на родителите. Во создавањето на семејното сценарио исто така е важна и големината на семејството. Големите семејства со пет или повеќе деца мора да ги распределат своите материјални и емоционални можности, така што децата често се емоционално осиромашени. Поради тоа таквите деца морат повеќе да се трудат за да го пронајдат своето место во семејството. Помалите деца во големите семејства особено се склони кон различни интереси и ги привлекуваат патувањата. Девојчињата во големите семејства се поженствени, бидејќи зафатената мајка почесто ги терала да се грижат за помалите деца.
Постарите-помажествени,
Помладите-поженствени
Двата родитела се обидуваат повеќе да го забрзаат развојот на првороденото дете за разлика од другите деца. Добра вест за првородените деца е што родителите се воодушевени од нивното раѓање, па ги опсипуваат со внимание. Лошата вест е што со доаѓањето на другото дете доаѓа до релативно запоставување,кое е определен шок за првороденото дете.
Разликата во возраста меѓу браќата и сестрите одредува колку редот на раѓање ќе влијае врз децата. На четиригодишните деца малку влијае раѓањето на братот или сестра бидејќи тие се поспособни да се носат со тоа случување.
Карактеристиките на првородените,како што се водство,самодоверба и склоност кон натпреварување, се поврзуваат со мажественоста, а помладите во семејството се сметаат за поженствени
zid
Извор:Весник,24 Часа Здравје(доаѓа со Дневник или Време(нат шур))
Очекувам мислења околу овие распределби за децата,јас како создавач на темата,ќе препрочитам неколку мислења и меѓу нив ќе го додадам и моето. :helou: