Бугарштината против Македонската национална посебност

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
[13:50:36] iordanka georgieva: от кои град си
[13:50:46] Гоце: Скопје
[13:50:52] iordanka georgieva: аааааааа добре
[13:51:06] … а какво е това гемица
[13:51:58] Гоце: гемица?
[13:52:19] iordanka georgieva: надписа на скајпа ти
[13:53:25] Гоце: Гемиџија
[13:53:50] iordanka georgieva: не разбирам
[13:54:13] Гоце: http://mk.wikipedia.org/wiki/Гемиџиите
[13:56:39] iordanka georgieva: ааааааааааа сега разбрах
[13:56:47] Гоце: ;)
[13:57:04] iordanka georgieva: ти какво правиш учиш или работиш
[13:57:11] Гоце: rabotam
[13:57:19] iordanka georgieva: а какво работиш
[13:57:37] Гоце: IT vo internet provider
[13:57:53] iordanka georgieva: браво много хубаво
[13:58:00] Гоце: ti?
[13:58:13] iordanka georgieva: аз работја в обштината
[13:58:18] … сега с'м отпуска
[13:58:29] … почивам си
[13:58:46] Гоце: aaa ubavo
[13:58:50] … vo koja opshtina
[13:58:56] iordanka georgieva: симитли
[13:59:25] Гоце: uvao
[13:59:41] … македонка?
[13:59:58] iordanka georgieva: не б'лгарка с'м
[14:00:22] Гоце: ако си од Пирин, тогаш си Македонка
[14:00:27] … од пирин ли ти е потеклото?
[14:01:20] iordanka georgieva: по принцип ни викат македонци благоевградска област
[14:01:39] Гоце: Симитли порано се викало Бања
[14:01:58] iordanka georgieva: не изворите
[14:02:05] Гоце: градот
[14:02:20] iordanka georgieva: да града е бил село изворите
[14:02:55] Гоце: а муслиманка ли си?
[14:03:10] iordanka georgieva: неееееееееееееееееееееееее
[14:03:26] … чистокр'вна Б'ЛГАРКА
[14:03:33] Гоце: оти порано цело село било муслиманско
[14:03:43] iordanka georgieva: НЕ Е ВјаРНО
[14:03:53] Гоце: аха не е... ;)
[14:03:59] iordanka georgieva: да не е
[14:04:10] Гоце: за тебе не е верно ни дека во Пиринска Македонија, бугари имало многу малку
[14:04:12] iordanka georgieva: в гоце делчев са помаци
[14:04:14] Гоце: скоро ич
[14:04:20] … помаците се исто македонци
[14:04:25] … етнички
[14:04:48] iordanka georgieva: да днам че и помаците са б'лгари
[14:05:08] Гоце: што е тоа б`лгари?
[14:05:26] iordanka georgieva: б'лгари които живејат в б'лгарија
[14:05:39] … вие сте македонци ние б'лгари
[14:05:46] Гоце: ако. нема спор
[14:05:51] iordanka georgieva: да
[14:06:20] Гоце: знаеш ли каде е спорот?
[14:06:33] iordanka georgieva: кажи
[14:06:47] … чакам
[14:06:50] Гоце: Во декември 1946. во НР Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението, кога и националните малцинства можеа слободно и демократски да ја искажуваат својата национална припадност. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 70 отсто се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63 отсто од целокупното пиринско население; во пописот од 1965., при евидентен жесток терор и притисок во НР Бугарија, како Македонци се декларирале САМО 8.750 жители; а при пописот од 1975., кога се спроведуваше геноциден терор, НИТУ ЕДЕН жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец. "Каде сте, Македончиња, каде сте, кај отидовте...?"
[14:07:39] iordanka georgieva: от кој книги четеш
[14:07:45] Гоце: ова е факт
[14:07:54] … и вистински бројки кои неможат да се скријат
[14:07:57] iordanka georgieva: кажи от кои книги четеш
[14:08:55] Гоце: знаеш ли како македонците во пиринска македонија стануваа „бугари“?
[14:09:36] iordanka georgieva: не те разбирам јавно не можем да си допаднем
[14:09:45] … аз с'м б'лгарка
[14:09:54] Гоце: http://i179.photobucket.com/albums/w295/miskoni_album/Makedonia/bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg
[14:10:07] … ти си само одродена македонка, и жал ми е за тоа
[14:10:13] … ама еден ден ќе разберете
[14:10:16] iordanka georgieva: а ти ако искаш 10000000000000000000000000 такива глупави цитата ми изпрати б'лгарија е 1
[14:10:29] Гоце: тоа се факти
[14:11:53] … ако не сакаш да се соочиш со вистина, цел живот ќе живееш во лаги
[14:12:12] iordanka georgieva: не вјарно и ми е жал за вас
[14:12:24] Гоце: хаха
[14:12:27] … http://i179.photobucket.com/albums/w295/miskoni_album/Makedonia/bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg
 
image1.jsp


Агенти на незнанието

Липсваштите страници от папката "Гоце" били в делото на Комитата

Един от малкото екземплјари от книгата „Габеро“ се с'хранјава в Народната библиотека

С'здаването на историческа книга през 80-те години в Б'лгарија едва ли е било нај-спокојното занимание, с което един научен работник може да се захване.

Разкриването на принадлежността на б'лгарскија президент Георги П'рванов к'м репресивните служби на Д'ржавна сигурност обаче показа, че издаването на мемоарите за живота на македонски комита може да ангажира: разузнавателните служби на две д'ржави от източнија блок, една дузина тајни агенти, секретни с'т­рудници и офицери.

Преди седмица конституираната от парламента комисија по досиетата (носешта романтичната абревиатура КРДОПБГДСРСБНА) хв'рли кам'к в заднија двор на властта, като потв'рди иначе известната отдавна информација, че президент'т Георги П'рванов е бил секретен с'трудник на П'рво главно управление на ДС. Тој е обслужвал службите под псевдонима Гоце.

От изнесените данни стана јасно, че П'рванов е допринес'л в реализацијата на поне едно активно меропријатие - "Габеро".

Зад това странно име в дејствителност се крие книга, издадена в скромен тираж в началото на 90-те години от частното издателство Rosseels в белгијскија град Лувен. Неин автор е известнијат б'лгаро-македонист Методи Димов (известен оште като агент Комитата). Официално П'рванов е привлечен от службите за неин "рецензент". П'лното с правописни грешки издание с'д'ржа 23 глави, в които Димов записва спомените на своја дјадо, известнија македонски комита Тодор Габеро, починал в средата на 70-те на 105-годишна в'зраст.


Името на дејстваштија б'лгарски президент обаче не се срешта ник'де между кориците на книгата.

"Мислја, че п'рвоначалното ДС са играли ролја на "коректор", но впос­ледствие нештата не са се развили с вижданијата на службите по отношение на македонската историја и тја е станала цензор", коментира за "Капитал" зам.-председателјат на бив­шата комисија по досиетата "Андреев" Евгени Димитров.

По думите му книгата е отпечатана в изклјучително скромен тираж (около 120 бројки). Проверка на "Капитал" из столичните библиотеки показа, че неин екземплјар (с посвештение) се с'хранјава само в Народната библиотека.

Сложната историческо-творческо-милиционерска плетеница обаче се заплита окончателно и с факта, че предговор'т на книгата е написан не от кого да е, а от професор штефан Трьобст от Цент'ра за култура и историја на Източна Европа. Тој стана известен преди нјаколко месеца, когато б'лгарскијат политическо-исторически елит (сред чиито представители са от Божидар Димитров и Георги П'рванов) скочи срешту изследването на група немски учени, станало известно като


Исповед на Агент "Гоце" (Георги Прванов), кoj не го знел Димoв, нo "сакал" да помогне какo "експерт" по Mакедонска историја:

"Значи, в началото на 80-те години аз се запознах с Методи Димов, којто беше един от видните представители на Македонската патриотична организација в Западна Европа, близ'к с'трудник и с'ратник на Ванче Михајлов. Запознахме се с него и в течение на така... срештите в'зникна идејата да напише книга тој в'з основа на неговите спомени, на неговата фамилија, с којато да разкаже в периода от П'рвата световна војна до к'м краја на 60-те и 70-те години неговата фамилија, неговите роднини, как в процеса на този д'л'г период от време са били асимилирани, подтискани, с'рбизирани и по всјакак'в начин гонени, ако идентифицират своја произход като Б'ЛГАРСКИ..."
 
Мисирков, пишуваj Македонски!
Дали те мрзи да преведуваш или за тебе правилата не важат? :wink:
 


Не ти прави чест да објавааш лични разговори. Иначе сум учуден од оваа хистерија дето jа имате против Б'лгарија. Затишие, затишие - и изведн'ж како бура ... Што се случува кај вас? Има ли причина, или ви м'рзи да си го префрлите во другиот крачол и се чудите што да правите? Јас така знам, - колку по на лошо одат работите, толку национализмот избујава. Еј го - во Турција преврат сакале да прават, г'рците со немците се зајаждат ... Само ние си молчиме и си работиме. Ќе бидете изненадени на промените кои ќе настанат во Б'лгарија во следните 10-15 години.

Бидете живи и здрави и честита Баба Марта!
 
Знам дека си роден и образуван овде и го збориш литературно македонскиот.

Не глуми лудило со вметнување на бугарски букви кога пишуваш и почитувај го јазичното правило.
 
Знам дека си роден и образуван овде и го збориш литературно македонскиот.

Не глуми лудило со вметнување на бугарски букви кога пишуваш и почитувај го јазичното правило.

I toj li bil roden tamo.Abe to nakraj ke izleze az da sam edinstveniot bugarin od Bugarija.
 
[13:50:36] iordanka georgieva: от кои град си
[13:50:46] Гоце: Скопје
[13:50:52] iordanka georgieva: аааааааа добре
[13:51:06] … а какво е това гемица
[13:51:58] Гоце: гемица?
[13:52:19] iordanka georgieva: надписа на скајпа ти
[13:53:25] Гоце: Гемиџија
[13:53:50] iordanka georgieva: не разбирам
[13:54:13] Гоце: http://mk.wikipedia.org/wiki/Гемиџиите
[13:56:39] iordanka georgieva: ааааааааааа сега разбрах
[13:56:47] Гоце: ;)
[13:57:04] iordanka georgieva: ти какво правиш учиш или работиш
[13:57:11] Гоце: rabotam
[13:57:19] iordanka georgieva: а какво работиш
[13:57:37] Гоце: IT vo internet provider
[13:57:53] iordanka georgieva: браво много хубаво
[13:58:00] Гоце: ti?
[13:58:13] iordanka georgieva: аз работја в обштината
[13:58:18] … сега с'м отпуска
[13:58:29] … почивам си
[13:58:46] Гоце: aaa ubavo
[13:58:50] … vo koja opshtina
[13:58:56] iordanka georgieva: симитли
[13:59:25] Гоце: uvao
[13:59:41] … македонка?
[13:59:58] iordanka georgieva: не б'лгарка с'м
[14:00:22] Гоце: ако си од Пирин, тогаш си Македонка
[14:00:27] … од пирин ли ти е потеклото?
[14:01:20] iordanka georgieva: по принцип ни викат македонци благоевградска област
[14:01:39] Гоце: Симитли порано се викало Бања
[14:01:58] iordanka georgieva: не изворите
[14:02:05] Гоце: градот
[14:02:20] iordanka georgieva: да града е бил село изворите
[14:02:55] Гоце: а муслиманка ли си?
[14:03:10] iordanka georgieva: неееееееееееееееееееееееее
[14:03:26] … чистокр'вна Б'ЛГАРКА
[14:03:33] Гоце: оти порано цело село било муслиманско
[14:03:43] iordanka georgieva: НЕ Е ВјаРНО
[14:03:53] Гоце: аха не е... ;)
[14:03:59] iordanka georgieva: да не е
[14:04:10] Гоце: за тебе не е верно ни дека во Пиринска Македонија, бугари имало многу малку
[14:04:12] iordanka georgieva: в гоце делчев са помаци
[14:04:14] Гоце: скоро ич
[14:04:20] … помаците се исто македонци
[14:04:25] … етнички
[14:04:48] iordanka georgieva: да днам че и помаците са б'лгари
[14:05:08] Гоце: што е тоа б`лгари?
[14:05:26] iordanka georgieva: б'лгари които живејат в б'лгарија
[14:05:39] … вие сте македонци ние б'лгари
[14:05:46] Гоце: ако. нема спор
[14:05:51] iordanka georgieva: да
[14:06:20] Гоце: знаеш ли каде е спорот?
[14:06:33] iordanka georgieva: кажи
[14:06:47] … чакам
[14:06:50] Гоце: Во декември 1946. во НР Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението, кога и националните малцинства можеа слободно и демократски да ја искажуваат својата национална припадност. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 70 отсто се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63 отсто од целокупното пиринско население; во пописот од 1965., при евидентен жесток терор и притисок во НР Бугарија, како Македонци се декларирале САМО 8.750 жители; а при пописот од 1975., кога се спроведуваше геноциден терор, НИТУ ЕДЕН жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец. "Каде сте, Македончиња, каде сте, кај отидовте...?"
[14:07:39] iordanka georgieva: от кој книги четеш
[14:07:45] Гоце: ова е факт
[14:07:54] … и вистински бројки кои неможат да се скријат
[14:07:57] iordanka georgieva: кажи от кои книги четеш
[14:08:55] Гоце: знаеш ли како македонците во пиринска македонија стануваа „бугари“?
[14:09:36] iordanka georgieva: не те разбирам јавно не можем да си допаднем
[14:09:45] … аз с'м б'лгарка
[14:09:54] Гоце: http://i179.photobucket.com/albums/w295/miskoni_album/Makedonia/bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg
[14:10:07] … ти си само одродена македонка, и жал ми е за тоа
[14:10:13] … ама еден ден ќе разберете
[14:10:16] iordanka georgieva: а ти ако искаш 10000000000000000000000000 такива глупави цитата ми изпрати б'лгарија е 1
[14:10:29] Гоце: тоа се факти
[14:11:53] … ако не сакаш да се соочиш со вистина, цел живот ќе живееш во лаги
[14:12:12] iordanka georgieva: не вјарно и ми е жал за вас
[14:12:24] Гоце: хаха
[14:12:27] … http://i179.photobucket.com/albums/w295/miskoni_album/Makedonia/bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg

Од овој разговор се гледа кој кого не признава. Жената вели ние сме Бугари, вие Mакедонци, а "Гоце"-то "Штом си од Пирин значи си Македонка". "Гоце"-то не знае дека во моментов во Симитли преовладувачкото население е христијанско, и пред се вели "Изворите", чак пред тоа "Бања".

Гоце, уште ли мислиш дека во Пиринско луѓето се со етничка македонска самосвест? Мај вистината се разликува од учебниците ви? :)
 
Не ти прави чест да објавааш лични разговори. Иначе сум учуден од оваа хистерија дето jа имате против Б'лгарија. Затишие, затишие - и изведн'ж како бура ... Што се случува кај вас? Има ли причина, или ви м'рзи да си го префрлите во другиот крачол и се чудите што да правите? Јас така знам, - колку по на лошо одат работите, толку национализмот избујава. Еј го - во Турција преврат сакале да прават, г'рците со немците се зајаждат ... Само ние си молчиме и си работиме. Ќе бидете изненадени на промените кои ќе настанат во Б'лгарија во следните 10-15 години.

Бидете живи и здрави и честита Баба Марта!

Не сте фактор, јес да далеку од тоа дека само молчите.

I toj li bil roden tamo.Abe to nakraj ke izleze az da sam edinstveniot bugarin od Bugarija.


Ти си тешка контрадикторност. :tv:

Турчин, турско знаме а бугар :tv:
 
[13:50:36] iordanka georgieva: от кои град си
[13:50:46] Гоце: Скопје
[13:50:52] iordanka georgieva: аааааааа добре
[13:51:06] … а какво е това гемица
[13:51:58] Гоце: гемица?
[13:52:19] iordanka georgieva: надписа на скајпа ти
[13:53:25] Гоце: Гемиџија
[13:53:50] iordanka georgieva: не разбирам
[13:54:13] Гоце: http://mk.wikipedia.org/wiki/Гемиџиите
[13:56:39] iordanka georgieva: ааааааааааа сега разбрах
[13:56:47] Гоце: ;)
[13:57:04] iordanka georgieva: ти какво правиш учиш или работиш
[13:57:11] Гоце: rabotam
[13:57:19] iordanka georgieva: а какво работиш
[13:57:37] Гоце: IT vo internet provider
[13:57:53] iordanka georgieva: браво много хубаво
[13:58:00] Гоце: ti?
[13:58:13] iordanka georgieva: аз работја в обштината
[13:58:18] … сега с'м отпуска
[13:58:29] … почивам си
[13:58:46] Гоце: aaa ubavo
[13:58:50] … vo koja opshtina
[13:58:56] iordanka georgieva: симитли
[13:59:25] Гоце: uvao
[13:59:41] … македонка?
[13:59:58] iordanka georgieva: не б'лгарка с'м
[14:00:22] Гоце: ако си од Пирин, тогаш си Македонка
[14:00:27] … од пирин ли ти е потеклото?
[14:01:20] iordanka georgieva: по принцип ни викат македонци благоевградска област
[14:01:39] Гоце: Симитли порано се викало Бања
[14:01:58] iordanka georgieva: не изворите
[14:02:05] Гоце: градот
[14:02:20] iordanka georgieva: да града е бил село изворите
[14:02:55] Гоце: а муслиманка ли си?
[14:03:10] iordanka georgieva: неееееееееееееееееееееееее
[14:03:26] … чистокр'вна Б'ЛГАРКА
[14:03:33] Гоце: оти порано цело село било муслиманско
[14:03:43] iordanka georgieva: НЕ Е ВјаРНО
[14:03:53] Гоце: аха не е... ;)
[14:03:59] iordanka georgieva: да не е
[14:04:10] Гоце: за тебе не е верно ни дека во Пиринска Македонија, бугари имало многу малку
[14:04:12] iordanka georgieva: в гоце делчев са помаци
[14:04:14] Гоце: скоро ич
[14:04:20] … помаците се исто македонци
[14:04:25] … етнички
[14:04:48] iordanka georgieva: да днам че и помаците са б'лгари
[14:05:08] Гоце: што е тоа б`лгари?
[14:05:26] iordanka georgieva: б'лгари които живејат в б'лгарија
[14:05:39] … вие сте македонци ние б'лгари
[14:05:46] Гоце: ако. нема спор
[14:05:51] iordanka georgieva: да
[14:06:20] Гоце: знаеш ли каде е спорот?
[14:06:33] iordanka georgieva: кажи
[14:06:47] … чакам
[14:06:50] Гоце: Во декември 1946. во НР Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението, кога и националните малцинства можеа слободно и демократски да ја искажуваат својата национална припадност. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 70 отсто се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63 отсто од целокупното пиринско население; во пописот од 1965., при евидентен жесток терор и притисок во НР Бугарија, како Македонци се декларирале САМО 8.750 жители; а при пописот од 1975., кога се спроведуваше геноциден терор, НИТУ ЕДЕН жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец. "Каде сте, Македончиња, каде сте, кај отидовте...?"
[14:07:39] iordanka georgieva: от кој книги четеш
[14:07:45] Гоце: ова е факт
[14:07:54] … и вистински бројки кои неможат да се скријат
[14:07:57] iordanka georgieva: кажи от кои книги четеш
[14:08:55] Гоце: знаеш ли како македонците во пиринска македонија стануваа „бугари“?
[14:09:36] iordanka georgieva: не те разбирам јавно не можем да си допаднем
[14:09:45] … аз с'м б'лгарка
[14:09:54] Гоце: http://i179.photobucket.com/albums/w295/miskoni_album/Makedonia/bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg
[14:10:07] … ти си само одродена македонка, и жал ми е за тоа
[14:10:13] … ама еден ден ќе разберете
[14:10:16] iordanka georgieva: а ти ако искаш 10000000000000000000000000 такива глупави цитата ми изпрати б'лгарија е 1
[14:10:29] Гоце: тоа се факти
[14:11:53] … ако не сакаш да се соочиш со вистина, цел живот ќе живееш во лаги
[14:12:12] iordanka georgieva: не вјарно и ми е жал за вас
[14:12:24] Гоце: хаха
[14:12:27] … http://i179.photobucket.com/albums/w295/miskoni_album/Makedonia/bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg

Трн ме заинтересира муабетов освен архивски документи од пописите имаш материјали околу методите на асимилација?
 
Не сте фактор, јес да далеку од тоа дека само молчите.

Ти си тешка контрадикторност. :tv:

Турчин, турско знаме а бугар :tv:
НЕ е баш контрадикторност кога ќе подразмислиш. Бугарите се од иста група на народи како Турците. Браќа се по крв.
 
АТЕНТАТИ ЈА ОДБЕЛЕЖАЛЕ МАКЕДОНСКА БОРБА
CC5C8D2540A2E0468F75738DCCFA778C.jpg

Македонци убивале во Марсеј, Виена, Милано, Прага... За девет години во вардарскиот дел на Македонија извршени 85 атентати
Пишува: Виктор Цветаноски
По формирањето на автономистичката ВМРО на Тодор Александров, посебно по нејзиното претворање во класична терористичка организација од Ванчо Михајлов, атентатите биле главно обележје на македонската револуционерна борба. Нејзини атентатори повеќе децении сееле смрт низ цела Европа. Македонци вршеле убиства во Марсеј, Виена, Милано, Прага, Белград... Биле убивани познати балкански личности, а нејчести жртви биле српски и бугарски политичари чии интереси се судрувале во Македонија. Во европските метрополи од македонски терористи гинеле и познати револуционери на ВМРО. Атентати или обиди за атентати имало и пред и по овој крвав период од македонското минато. На пример, тројца гемиџии долго време го демнеле султанот Абдул Хамид Втори за да го убијат, а британски специјалци обучувале Македонец да го ликвидира Хитлер.

Атентатори на автономистичката ВМРО на Тодор Александров во почетокот на дваесеттите години на минатиот век извршиле два атентата врз министри на Бугарија. Прво бил убиен министерот за внатрешни работи Александар Димитров, кој претходно од Александров бил обвинет дека ги собирал околу себе „отпадниците“ на ВМРО кои, според него, вршеле насилства, рекетарство и убиства и од нив формирал чети и ги испраќал во Македонија. Во предупредувачкото писмо до министерот тој подвлекува дека главно оружје на власта бил Ѓорче Петров кого го поставила за претседател на Комисијата за бегалци. Димитров нема сериозно да ги сфати неговите предупредувања и затоа ќе плати со живот. Бил ликвидиран кога патувал со автомобил за селото Козница. Македонски терористи, испратени од Александров му поставиле заседа при што министерот и неговиот возач биле ликвидирани на самото место. Истата судбина ќе го снајде и полуслепиот Ѓорче Петров, кој ќе биде убиен, исто така, по наредба на Александров.

МИНИСТЕР Од терорист на автономистичката ВМРО ќе биде егзекутиран и наследникот на Димитров, министерот Рајко Даскалов. За да го спаси од македонската организација, премиерот Стамболиски ќе го испрати за амбасадор во Прага, но и таму ќе биде пронајден. „Даскалов продолжи да живее во чехословачкиот главен град, свесен за фактот дека го демне смртна пресуда од ВМРО. Живееше во една вила во предградието. Едно утро (27 август, 1923 година) тој и двајца негови придружници чекореа од вилата кон градот кога дваесет и двегодишниот ’џелат’ од ВМРО се судрил со него да се осигури дека не згрешил. Повлекувајќи се неколку чекори, Македонецот го извлекол својот револвер и го убил Даскалов.“, пишува американскиот писател со македонско потекло Стојан Христов, кој како новинар на најпознатите њујоршки и чикашки весници ќе известува од Балканот и ќе ја следи македонската револуционерна борба.

Кога атентаторот бил уапсен од чехословачката полиција кажал погрешно име и презиме, дека се вика Атанас Николов. На судењето изјавил дека на ВМРО и се придружил откако се сретнал со Тодор Александров во едно македонско село. Како што наведува Христов, атентаторот и други членови на ВМРО во мај 1923 година биле поканети од Александров во едно село на Скопска Црна Гора. Им одржал куса реч, потсетувајќи ги на нивната должност кон македонската револуционерна борба. Потоа им раскажал како владата на Стамболиски ги прогонувала Македонците, по што ВМРО изрекла смртни пресуди за четворица членови од неговиот кабинет.

„Кога Александров завршил, сведочеше момчето, тој извлекол хартија од својата кожна торба и го прочитал името ’Атанас Николов’ и го замолил да истапи чекор напред. Александров му рекол: ’Тебе ти се падна жрепката да го убиеш Рајко Даскалов. ’ Младичот посведочи дека му рекол на Александров оти поради неспособноста да говори странски јазик ќе му биде тешко да ја пронајде жртвата во Чехословачка. На тоа Александров извлекол од торбата копие од Уставот на ВМРО и од него го прочитал извадокот: ’Секој член на организацијата кој што ќе одбие да спроведе смртна прсуда ќе биде застрелан не подоцна од дваесет и четири часа.’“, пишува Христов.

Вистинското име на атентаторот било Јордан Цицонков, роден во Штип. Во Прага стасал преку Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Додека ја барал својата жртва живеел со бугарски и со српски студенти. На Бугарите им се претставувал дека е Бугарин, на Србите - Србин. Преку студентите разбрал каде се храни Даскалов. За да го препознае со себе го носел весникот „Чешко слово„ во кој била објавна сликата на неговата жртва. Цицонков од прашкиот суд бил ослободен со образложение дека дејствувал како агент на ВМРО и поради тоа што се наоѓал под ’непреодолива принуда’, немал друг избор освен да ја исполни задачата или да умре. Меѓутоа, подоцна одново бил суден, надвор од Прага, во едно провинциско гратче. Го осудиле на 20 години. По две години одлежани во затворот се самобуил. Ванчо Михајлов тврди дека бил ликвидиран.

Неколку дена по воениот преврат во Бугарија во јули 1923 бил убиен и премиерот Стамболиски. Многумини сметале дека зад ликвидацијата стои ВМРО на Тодор Александров, меѓутоа тој ќе ги демантира таквите тврдења. Михајлов пишува дека Стамболиски бил нивен голем непријател, испратил луѓе да го убијат Александров, соработувал со Белград и ги прогонувал Македонците, но и покрај тоа тие не посегнале по неговиот живот.

По смртта на Александров автономистичката ВМРО ќе биде претворена во класична терористичка организација од Михајлов и таа ќе изврши серија атентати. Тој во своите спомени ќе се пофали дека за девет години биле извршени 85 атентати само во вардарскиот дел на Македонија. Кога го правел списокот на тие што треба да бидат ликвидираник на прво место ги ставил, според него, “најголемите непријатели на македонското дело“: Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО на автономистичката ВМРО, кој „се шетал по Европа на сметка на Виенската комунистичка централа“, потоа, Стојан Мишев кого го обвивнувал дека соработувал со Србите и „тероризирал и истребувал се' што било побудно бугарско во Брегалничкиот регион“ и Тодор Паница, кој работел за комунистите, Србите и Грците.

8D50A16F6525C64BA01217A2AB138ECF.jpg


Прв ќе биде ликвидиран Стојан Мишев. Тој е штипски војвода од Ново Село, родното место на Михајлов. Семејствата на Мишев и Михајлов биле соседи и многу добро живееле. Смртната пресуда ја реализирал 21 годишниот штипјанец Кирил Григоров. Мишев бил убиен на 30 декември 1924 година, точно напладне, на прагот на куќата во која што живеел, пред неговата неколкугодишна ќерка Нада, покојната сопруга на претседателот Киро Глигоров. Атентаторот успеал да избега од Штип и стигнал близу до границата со Бугарија, но таму бил предаден од некој селанец и фатен од српската полиција. Осуден бил на смрт и стрелан на 30 август 1925 година.

„Машкиот удар на Кирчо Григоров за него самиот беше многу лесен чекор; решен беше да умре и со тоа сите пречки беа надминати. ’Ми се чини, пет души да се, ќе ги истркалам еден по друг’, кажуваше насмеано нашиот херој.“, пишува во своите спомени Михајлов, кој никогаш не влегол во Македонија и не зел пушка в рака да се бори за неа како што се бореле многу други македонски револуционери, плашејќи се за сопствениот живот. Наместо тоа испраќал млади сиромашни момчиња кои слепо му верувале, . извршувале секоја негова наредба и убивале во името на Македонија.

Нецел месец подоцна, на 23 јануари 1925 година во Милано ќе биде застрелан и Петар Чаулев. Него ќе го убие Димче Стефанов, кој четири години подоцна ќе учествува и во ликвидирањето на Александар Протогеров, кој како член на ЦК на ВМРО пред тоа ќе потпише многу смртни пресуди на Македонци, па и таа на Чаулев. Од тринаесетте терористи што ќе ги повика Михајлов да ја извршат смртната пресуда на охридскиот војвода, жрепката ќе му се падне на Стефанов. Чаулев не го познавал па затоа ќе носи негова слика и цел месец ќе ја бара својата жртва по хотели и кафеани во Милано. Го пронашол во бар на плоштадот Верциере и со пет куршуми му пресудил.

На судскиот процес што ќе се одржи 16 месеци подоцна, за да го бранат Стефанов, Михајлов ќе ангажира двајца тогаш познати италијански адвокати –сенаторот Винченцо Морело од Рим и пратеникот Јученцо Капа од Милано. Стефанов ќе биде ослободен со образложение дека морал да го убие Чаулев. Единствено ќе биде казнет со 203 лири поради тоа што носел опасно оружје. Атентаторот на Чаулев е роден во кратовското село Маричино 1901 година. Останал сирак а го посвоила една штипска фамилија. Работел како месар, а по Првата светска војна пребегал во Софија.

Од тројцата „најголеми непријатели на македонското дело“, последен ќе биде застрелан Тодор Паница од Менча Карничу. Најпрво, таа ќе се спријатели со неговото семејство, а смртната пресуда ќе ја изврши на 8 мај 1925 година во виенскиот Бургтетар додека заедно ќе гледаат претстава. Таа пукала во Паница во моментот кога на сцената била импровизирана бура и се слушало како се крши и потонува брод. Никој од присутните не чул ништо. Излегла на улица и таму била уапсена од полицијата.

Менча Карничу, која подоцна ќе му стане сопруга на Михајлов, била Влаинка, родена во Крушево, а Паница, нејзината жртва, бил Бугарин, познат санданист. Тој во 1907 година во Софија ги убил Борис Сарафов и Иван Гарванов по наредба на Јане Сандански, а казната ќе го стаса по 18 години.

Како и во многу други случаи, Михајлов ќе ги ангажира најдобрите адвокати да ја бранат атентаторката. Карничу ќе биде осудена на осум години затвор, но потоа била ослободена. Според тогашните австриски закони, ако осудениот поради болест не можел да ја издржува казната, се ослободувал. А Карничу тогаш била тешко болна од туберкулоза. Со амбулантно возило ја префрлиле до железничката станица, од каде во спална кола заминала за Будимпешта. По еден месец стасала во Софија каде и бил организран величенствен пречек.

Откако Михајлов ќе ги ликвидирал повидните македонски револуционери кои му пречеле, започнал со атентати во вардарскиот дел на Македонија. Од позначајните атентати е убиството на српскиот генерал Михајло Ковачевиќ извршено на 5 октомври 1927 година. Во него стрелале штипјанецот Ипократ Развигоров и кумановчанецот Благој Кралев, испратени од Софија. Ним им помагал штипјанецот Илија Лилинков. Два дена по убиството српската полиција ги открила. Жив го фатиле само Благој Кралев, а Ипократ Развигоров и Илија Лилинков се самоубиле.

По атентатот власта почнала немилосрдно да се одмаздува. Тогаш со стапови бил убиен таткото на Илија Лилинков, 75-годишен старец, а таткото на Михајлов и неговиот брат биле стрелани на мостот на реката Отиња кај Ново Село. Во затворот жандари со раце го задушиле братот на атентаторот Развигоров. Се смета дека тогаш биле ликвидирани 200 лица. Преживеаниот атентатор Благој Кралев, бил осуден на смрт и стрелан.

И атентатот на Мара Бунева врз српскиот службеник Велимир Прелиќ е дел од терористичката стратегијата на ВМРО на Михајлов. За него се подготвувала во Софија. Во Македонија се вратила во мај 1926 година, а од родното Тетово се преселила во Скопје со намера да убие некој од раководителите на српската власт. Се вработила во кројачки дуќан и шиела облека за жените на познатите српски политичари. Живеела под кирија кај семејство кое било во соседство на убиениот Прелиќ.
 
4C44EAD6312A7A44B3953681CFACE192.jpg


Атентатот го извршила на 13 јануари 1928 година точно во 12 часот и 15 минути на кејот на реката Вардар во близина на денешниот хотел „Холидеј ин“. Три куршуми испукала во Прелиќ, а еден во себе. Тешко ранета ја однеле во болница. Починала наредниот ден. Полицијата ја погребала тајно, така што денес никој не го знае нејзиниот гроб. Прелиќ починал четири дена по атентатот. Семејството Буневи биле познато тетовско семејство. Мара имала двајца браќа и три сестри. Постариот Борис станал бугарски офицер и ги подучувал терористите на Михајлов, а помладиот, Лазар, служел во српската војска на Кралска Југославија, исто така како офицер.

Најспектакуларен и најголем одѕив во светот имал атентатот што го извршил Владо Черноземски на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Некои тврдат дека најсаканиот атентатор на Михајлов бил роден во едно мало село во Разлошко, во кое неговите родители стасале како бегалци од Македонија. Стојан Христов, пишува дека бил роден во 1899 година во штипското село Патрик кое денес не постои. Најпознатиот егзекутор на терористичката ВМРО најпрво бил лично обезбедување на Тодор Александров, кој, подоцна, го унапредил и го префрлил во казнената дивизија на организацијата.

Христов пишува дека Черноземски бил тивок човек со променлива нарав, кој секогаш се држел прибрано и постојано нешто читал. Ниту пиел, ниту пушел, ниту пак јадел месо. Кога еднаш го прашале зошто не јаде месо им одговорил дека било свирепо да се убиваат животни. Каква иронија, човекот што секојдневно убивал, кој ги ликвидирал познатиот комунист Димо Хаџи Димов, членот на Задграничното претставништво на ВМРО, Наум Томалевски, додека засадувал дрвце по повод новородениот син, и кој им пресудил на многу други македонски револуционери, му било жал да убива животни!

Откако Черноземски му завршил многу крвави задачи, Михајлов му го позајмил на Анте Павелиќ за да го убие српскиот крал. На 15 јули 1932 година го повикал и му рекол: ’Сега одиш кај нашите браќа, Хрвати. Борбата е иста само различен е фронтот. Непријателот е истиот.“

Атентатот во Марсеј бил извршен на 9 октомври 1934 година. Черноземски покрај кралот го убил и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Притоа бил убиен и Черноземски. Француски полицаец го исекол со сабја. Французите дознале дека атентаторот е терорист на Михајлов по черепот и четирите букви ВМРО истетовирани на неговото тело.
Брутално убиство на бугарски премиер
3A68D9912248B94AB8556D155AE00B19.jpg
Ресенчанецот Наум Туфекчиев, познат трговец со оружје, при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век бил главен организатор на неколку политички атентати во Бугарија. Бил централна фигура во заговорите против бугарскиот премиер Стефан Стамболов, кој се смета за еден од архитектите на современа Бугарија. Стамболов бил убиен во 1895 година и атентатот врз него го смета за едно од најбруталните политички убиства во Бугарија. Додека се возел со пајтонот на Македонецот Мирчо Ацов му се нафрлиле три лица со јатагани и му ги исекле рацете. Бил се' уште жив кога го пренеле во неговиот дом. Лекарите му ги ампутирале двете раце, но сепак не успеале да го спасат.

Истрагата траела една година. Било подигнато обвинение против Наум Туфекчиев кој бил посочен како организатор на атентатот, а директни извршители Македонците Боне Георгиев и Михаил Ставрев – Хаљо со учество на Атанас Цветанов –Таљо и Мирчо Ацов кој го возел пајтонот. Туфекчиев бил осуден на три години затвор, „за помош и превоз на оружје”. Една година подоцна пресудата била преразгледана и изменета, а тој прогласен за невин.

На Туфекчиев му се припишува и убиството на бугарскиот дипломатски агент во Цариград, д-р Георги Волковиќ, близок пријател и политички истомисленик на Стамболов, ликвидиран во 1892 година. Името на ресенчанецот се вмешува и во еден друг атентат извршен во градското казино во Софија, во очи на Новата 1915 година, кога од подметната експлозија загинала ќерката на воениот министер, синот на началникот на штабот на армијата и уште неколкумина. Тогаш биле тешко повредени уште осум лица. Туфекчиев бил ликвидиран од луѓе на ВМРО во 1916 година.
Македонец сакал да го убие Хитлер
Македонец требало да изврши атентат врз Хитлер. Како што пишува Џулен Емери, заменик-директор на Балканскиот отсек на британските тајни служби за време на Втората светска војна, се' било подготвено за атентатот, меѓутоа, поради обични човечки слабости сите планови пропаднале. Македонецот требало да го убие Хитлер за време на една негова посета на австриски град. Атентаторот обезбедил и добро место од каде требало да стрела. Се спријателил со тамошниот конзул на Бугарија која беше сојузник на нацистичка Германија. Како човек на конзулот можел да се најде во непосредна близина на Хитлер и така да го убие. Меѓутоа, вечерта пред посетата на фирерот, од собата во хотелот во кој бил сместен слегол во барот да се напие. Откако испил неколку часи алкохол почнал да прикажува со девојките во барот и притоа му испаднал револверот. Тие веднаш го пријавиле на полицијата која го уапсила и го протерала.

Британскиот таен агент не го кажува името на атентаторот ниту, пак, го споменува местото од каде потекнувал. Единствено нагласува дека припаѓал на македонска терористичка организација и дека него им го препорачала бугарската партија БЗНС, која во тоа време била против профашистичката политика на својата држава и единствена сила со која Британците соработувале во тоа време во Бугарија. Македонецот боледувал од рак. Му преостанувале уште два месеца живот и поради тоа бил решен да го жртвува животот.
Србите надмудрени од Михајлов
По атентатите што ги вршел Михајлов, српската власт не стоела со скрстени раце и се обидела да го ликвидира. Жика Лазиќ, тогаш првиот човек за безбеност на Кралска Југославија, испратил свој терорист во Пиринска Македонија. Станува збор за Иван Момчилов, Македонец кој живеел во Белград и соработувал со тогашната власта. Преку Битола и Грција стасал во Софија, а потоа се видел со Михајлов. Наместо да пука во него, му се исповедал и му кажал кој е и зошто е испратен. Тогаш лидерот на терористичката ВМРО скроил контразаговор. Му преложил на Момчилов да се врати во Белград и да го убие Лазиќ, со што би се искупил за петте години служба кај Србите и би станал македонски херој. Направиле и план како полесно да се врати назад. На границата исценирале инцидент и јавиле дека во борбата со српските граничари бил убиен Михајлов, нешто што веднаш го пренеле бугарските весници и светските новински агенции.

Така Момчилов стасал во Белград како „српски херој“ и притоа лично бил пример од Жика Лазиќ во неговата канцеларија. Кога Лазиќ му поддавал рака да се поздрават Момчилов испукал четири куршуми во него, а еден во сопствената глава. Лазик имал голема среќа, бил тешко ранет, но преживеал. Подоцна станал гувернатор на Вардарска Македонија и министер за внатрешни работи на Кралска Југославија.
Гемиџии сакале да го убијат султанот
Гемиџијата Светослав Мерџанов и уште двајца македонски студенти во Швајцарија сакале да го убијат султанот Абдул Хамид Втори, познат по прекарите „црвениот султан“, „Абдул проклетиот“ и „големиот убиец“ поради масакрите на отоманските Ерменци во негово време. Како што пишува Стојан Христов, познатиот американски писател со македонско потекло, Мерџанов и двајца студенти кон крајот на 1899 година од Женева заминале за главниот град на Босфорот. Секој петок попладне султанот патувал од својата палата во Истанбул во една џамија на молитва. Сметале дека можат да го убијат само за време на неговото патување до џамијата, бидејќи единствено тогаш ја напуштал палатата. Пет месеци го ги следеле сите негови движења за на крајот да сфатат дека не мошат да и се приближат до него бидејќи бил добро чуван од обезбедувањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom