Мене сето ова ми е многу чудно и нејасно. Како се изгубиле, со мобилни телефони во рака? Од местото каде што се изгубиле, до местото каде што се најдени и не е баш некоја огромна дистанца, а беа исчезнати од 16ч до 12ч? Каде биле, што правеле? Толку ли не можеле 15 годишни деца да побараат помош од некој посериозен човек кој што ќе наиде?
Фала Богу сè добро се заврши, девојчињата ги пронајдоа здрави и живи, но и понатаму прашањата кои заслужуваат одговор, остануваат неодговорени, а родителите треба да се запрашаат во какво општество одгледуваат деца.