Четврт мобилен оператор-има ли место на нашиов пазар?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали има место и потреба на нашиов пазар за четврт мобилен оператор?

  • Вкупно гласачи
    74
Во Шведска има над 300 мобилни оператори а ние прашуваме дали треба 4 четврт?!
Јас мислам дека треба да се воведат минимум 100 мобилни оператори
и уште најмалце 20 фиксни оператори
 
Барајќи на форумов тема за четврт мобилен оператор, налетав на оваа, и друѓи две: 1, 2

Веста следи:

Нов мобилен виртуелен оператор

Нов мобилен виртуелен оператор ќе биде дел од телекомуникациската мрежа во земјава .Ова ќе им овозможи на сите телекомуникациски мрежи кои учествуваат на пазарот да ја зголемат меѓусебната конкуренција но и да понудат поволни цени и подобар квалитет на услугите.
Со воведувањето на овој оператор се очекува да се оствари поголема искористеност на мрежните капацитети а очекуваните бенефити да донесат и нови маркетинг услуги но и дополнително стимулирање на странските и домашните инвестиции.
Цените кои Виртуелниот оператор треба да им ги плаќа за услугите на останатите оператори ќе бидат објавени отакако агенцијата за електронски комуникации ќе воспостави договор со мобилните оператори.Ова практично значи дека секоја заинтересирана компанија може да ги користи услугите од веќе постојаните оператори,односно да не гради сопствена мрежа туку да се приклучи на веќе поставената мобилна на која само ќе и плаќа за услугата впрочем како што функционира секаде во светот.Мобилни виртуелни мрежи оператори функционираат во повеќе земји во светот меѓу кои Германија,Велика Британија,Холандија,Франција,Австралија и САД.

http://www.abctv.mk/aaaa/AB KANAL/stranici/VESTImakedonija2.html
 
Треба и тоа како. Освен што би се намалиле цените на импулси, би се влеала и некоја пара во државната каса, плус и минимум 100тина нови вработувања, и ред други позитивни работи.
 
Нема потреба,зошто би ни бил.Нека ги отстранат и останатите за да си остане само „Мобимак“ има уште волна за стрижење.
 
И нека ми објаснинекој на кој начин конкуренцијата на еден пазар можи да им наштети на конзументите

па може.... просто е.... ке мора со пониски цени да идат и народов не ке зне што да прави со парите што им остануваат во разлика од нелатени сметки... во голема мака ке бидат тогаш:vozbud:
 
Абе овие три оператори што ги смалија цените, па сега ќе треба четврт да ги средува :pos: Згора на тоа четвртиот оператор би бил виртуелен, односно ќе ги користи веќе поставените мрежи од другите оператори. Така да, постоечките оператори и понатака ќе го имаат главниот збор.
 
Мислам дека Македонија е мала и со мал број на житгели за да има четврт мобилен оператор. Како пример ќе го земам Вип, кој искрено сите овие 3 години работи со загуба, а да бидеме и реално, сеуште е мал бројот на корисници во Вип, во однос на останатите, посебно Т-мобајл.
Четврт мобилен оператор е добар за нас корисниците (но, не виртуелен), бидејќи ќе воведе дополнителна конкуренција која ќе иницира намалување на цените, но за било кој оператор во светот да се нафати да биде четврт оператор во Македонија мое мислење е дека наме да си го види ќарот.
 
Во Шведска има над 300 мобилни оператори а ние прашуваме дали треба 4 четврт?!
Јас мислам дека треба да се воведат минимум 100 мобилни оператори
и уште најмалце 20 фиксни оператори

Оф мори мајко која споредба, Македонија vs. Шведска!

Држава со 2 милиона жители против држава со 10 милиона жители која патем е и една од најразвиените земји во Европа и светот.
 
Ти па знаеш дали работат во загуба. Муабети од пред коперација

ми го зеде зборот од уста... од кај овој заклучок дека вип работи со загуба?

просто и едноставно ке го кажам ова:

дали на целата поставена мрежа (предавтели, антени и слично) ке се користи 1 број или еден милион броеви, трошокот е ист. предавателот троши струја подеднакво исто без оглед колку броеви се закачени на него, реставрирање и репарирање му следи на одреден број работни саати, бидејки то е 24 саата во погон... крајно небитно е колку предаватели со колку броеви и на крај СО КОЈА ЦЕНА ке се истапи... јас тврдам дека сите 3 мобилни оператори можат да функционираат сосема профитабилно и со 1 денар минута. така да не си лупајте глава дали е така или не е така... ете ви образложение по чиста логика...
 
Не сте свесни колку ни се скапи цените за мобилна телефонија, исти се или поскапи од австриските ама таму е 1500 евра просечна плата.

Австрија е веќе нормалмо 600 денари претплата за 1000 минути разговор со сите мобилни мрежи.
 
а во сад беше 5 центи (од сад долар) минута и 2 центи за бараниот (така кај нив функционира мобилната телефонија, плаќа и тој што бара и тој што го бараат). пази, давам податок пред рецесија. сега сигурное тоа подоле...
 
ми го зеде зборот од уста... од кај овој заклучок дека вип работи со загуба?

просто и едноставно ке го кажам ова:

дали на целата поставена мрежа (предавтели, антени и слично) ке се користи 1 број или еден милион броеви, трошокот е ист. предавателот троши струја подеднакво исто без оглед колку броеви се закачени на него, реставрирање и репарирање му следи на одреден број работни саати, бидејки то е 24 саата во погон... крајно небитно е колку предаватели со колку броеви и на крај СО КОЈА ЦЕНА ке се истапи... јас тврдам дека сите 3 мобилни оператори можат да функционираат сосема профитабилно и со 1 денар минута. така да не си лупајте глава дали е така или не е така... ете ви образложение по чиста логика...
Точно така, ама зошто да работат со по денар минута кога има овци кои плаќаат повеќе? Можеби VIP, како што кажа членот погоре, на почетокот не работел профитабилно поради инвестициите, но не верувам дека сеуште е така.
 
Треба како не треба, и повеќе од еден, пет, шест, море десетици...
Кој гласал дека не треба изгледа му годи стрижењето
 
Јас сум на т мобајл пост пејд, со 5 бесплатни меѓу мене у семејството(и со други шо користат такви броеви) ама за сметки шо се вика на никој не ѕвонам нити пак пишам пораки многу, обично шо да притреба на мсн се договарам а сметка ми стига по 400-500 денара шо е премногу!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom