10 најдобри ракии на балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
а и Антика би ја додал како добра ракија...не сум ја пиел ама низ муабети со луѓе шо ја пиеле ми кажувале дека била добра..ако има некој пиено нека каже подобро
прво пробај па коментирај

--- надополнето ---

Антика компанијата е од Стојаково-села близу Гевгелија, имаат најдобра флаширана ракија во Македонија и ви гарантирам дека се приготвува на оригинален македонски начин, само сега имаа проблеми со HACCP системот и газдата кој живее во Скопје се жалеше дека ги тераат да го сменат процесот на производство целосно со што би се загубил автентичниот вкус и мирис на ракијата. Инаку ракијата е топ, не дека ни се семејни пријатели газдите, туку навистина е супер. Пробајте.
поголема реклама за Ѓоко Промес и за Дивино ни он самиот неможеше да си напраи, Антиката е се на се ЛОША ракија

--- надополнето ---

секој природен дестилат, препечен и изваден на максимум 65%, симнат на 42 - 54% со дестилирана вода, и обоен со чиста срцевина од даб термишки третирана (чипс), влегува во рангот на квалитетни ракии, од кои утредента не боли глава.
секое фарбање на ракијата со сирово дрво од било кој вид (даб, дудинка...) ја намалува класата на ракијата и ја збогатува со танин.

ако сте искрени љубители на чашка пред јадење или на добар вкус со салатка, а сакате да знаете што пиете, прочитајте по интернетов, има доста корисни работи кои може да ги научите, и да не пиете хемии од незнам кој и незнам каде, секој додаток во ракијата се осеќа на јазик, а за да го познаете треба да имате представа што да барате, не е толку тешко.
затоа со ум во главата и наздравје
:)
 
После читањето она шо е пишано за ракиите баш ми се намиле да се напијам. наздравје :cug:
 
затоа чудно ми дојде...Бовин знам вина имаше...ама за ракија не сум слушнал..

Имам пијано Бовин. Добра ракија е, мене ми е далеку подобра од Антиката.

Знам, дедо ми, Бог да си го прости, викаше, убава ракија е, кога нема да ти лути многу во устата(нормално и некој вкус глуп да има), а ќе те стопли во градите додека ти слегува...
 
Македонска ракија е појака и од асид! FTW!
 
Пијам тиквешка жолта по кафани од навика, инаку најдобра ракија е од Гец комовицата домашна
 
Во Белград, во една од споредните улици што се влива на култната Књаз Михајлова, постои еден кафиќ што се вика Балкански Шпиун. Специјалитет на куќата е домача Медовача, односно ракија со вкус на мед. Една чашка кошта исто како да нарачаш Џани Вакер-иста цена се. Вкусот е хард кор порно, и не се опишува со зборови. Газдата како што разбрав, специјално од Хрватска ја носи. Перфекција.

Од нашиве

Тиквешка ВС-Тиквеш
Свети Трифун-Бовин
Марков манастир-Сковин

Сум пиел и шливовача, вишновача, кајсијовача, јабуковача и најитересно реповача (од репка).

Ракија рулз.
 
Ова ми се некои од добрите ракии, шо сум ги пиел у задња пола година:

- Ја сеа пред некое време, пиев една кајсиевача, доле у Сопот, неготинско. Не пијам такви овошни ракии (освен нели, лозова и сливова), али ова беше ептен добра. Надвор од тоа што е од кајсии, како ракија беше одлична. Меѓу другото: питка, не ја осеќаш, а утепуе.

- Од Србија што донесоа една домашна сливова, исто беше лудница.

- Исто така српска сливова, ама фабричка. Крагујевачка Линцура во специфично шише. Ја има у Веро и Рамстор.

- Наша ракија, мислам од Бовин дека е, исто скупичка е, ама вреди. Се осеќа барикот и има вкус на карамела, тутун и чоколадо. Темно кафеава е. Више некако ко да иде накај ликер. Се продава у шише од помалку од пола литар.

- Марков Манстир на Сковин.

Иначе, моментално ja користам линцурата од погоре...
 
Па мастика бре брате најубава ракија најдобра се нај за нејзе а после нејзе обична домашна греана т.е блага! :)
 
Amarreto.... ракијата е коска за жал ногу е скапа и мислам ја нема кај нас ( не ме држите за збор) иначе оваа што ја имам дедо ми ја донесе од франција :vozbud:
 
Анасонка...коа пијам таква преферирам..али вчера една мастика шо сум пиел абе не лути ич..брејјј
 
Онаа на дедо ми, па на татко ми, па оние куповните и то.
 
Дали некој знае да ми даде опис на постапка на добивање на ракија од Круши и кајсии


Поздрав
 
Исто како од грозје оставаш да се претвори шеќерот во алкохол во казан и ете ракија.....
 
1. Македонската.
2. На дедо ми.
3. На стрико ми.
4. На комшијата.
5. Таа што ја даваат по кафани.
6. Од пред 4 недели.
7. Од чоканче
8. Од Кавадарци
9. Таа од Бадник
10. Татко ми што ја крие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom