10-години од загинувањато на 16 медиумски работиници при нападот врз зградата на РТС

  • Креатор на темата Креатор на темата Vojo Seselj
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 декември 2008
Мислења
166
Поени од реакции
18
10-годишнината од загинувањато на 16 медиумски работиници при нападот врз зградата на РТС
rts-rusevini.jpg
Здружението на новинари на Србија (УНС) и Синдикатот на новинарите на Србија (СНС) денеска под мотото „Медиумите не се воена цел“ ја одбележуваат десетгодишнината од бомбардирањето на зградата на Радио телевизија Србија (РТС), при што загинаа 16-мина медиумиски работници.

Со одбележувањето на оваа годишнина УНС и СНС им оддават почит на сите новинари и медиумски работници настрадани при напади врз медиуми третирани како воени цел.

Во соопштението на двете новинарски организации се посочува дека Меѓународната федерација на новинарите (ИЈФ) ја прифатила иницијативата кампањата „Медиумите не се воена цел“ да добие глобален карактер.

УНС и СНС бараат делот од зградата на РТС уништен при нападот да биде заштитен на соодветен начин со цел да претставува „опоменувачко сведоштво дека медиумите не се и не смеат да бидат воена цел“.

При нападот врз зградата на РТС на 23 април 1999 година во 2:06 часот загинаа 16-мина вработени во телевизијата на возраст од 25 до 61 година. При нападите на НАТО врз тогашна СР Југославија беше бомбардирана и зградата на Радио телевизија Нови Сад.

Во 2000 година меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ оцени дека нападот врз зградата на РТС претставува прв случај во изторијата една медиумска куќа да биде прогласена за легитимна воена цел.

- И покрај воената пропаганда на овој медиуми, нема никкаво оправдување за бомбардирањето на зградата на РТС. НАТО не ги предупреди цивилите. Зградата е сместена во густо населено подрачје. Во неа има персонал 24 часа дневно. Тоа беше целосно неоправдан напад, смета „Хјуман рајтс воч“.

Во 2002 година белградскиот Суд го осуди поранешниот директор на РТС, Драгољуб Милановиќ на 10 години затвор затоа што не ја почитивал одлуката на Владата за преселба на персоналот и техниката на телевизијата на посигурно место.
 
1616 - Во Стратфорд умре Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. Во своите многубројни драмски дела уметнички силно ги прикажа универзалните човекови дилеми и заплети. Најпознати негови дела се „Хамлет“, „Магбет“, „Ричард Трети“, „Крал Лир“, „Ромео и Јулија“ и „Отело“. Роден е во Стартфорд, на 26.04.1564 година.

* - на денешен ден исто така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom