RickyLFC9
Модератор
- Член од
- 28 март 2012
- Мислења
- 19.565
- Поени од реакции
- 41.147
Вака, сметам дека оваа тема ќе биде многу корисна со оглед на тоа што лично често пати сум се нашол во ситуација да прашувам некој за вакви работи, па верувам дека има и многу други кои се нашле во таква ситуација и не би било лошо да се слушне мислењето од форумџиите. Би сакал темава да биде наменета за помош при изразување на било што. Значи без разлика дали се работи за творење на некое дело, некој есеј, семинарска, па дури не мора да е за пишување, туку и ако некој сака да се информира за како подобро да се изрази говорно. Во денешното општество се повеќе се мешаат зборовите, до израз доаѓаат влијанија од странство, не само кај нас туку насекаде во светот, па поради тоа и се раѓа потреба да се вклопите побрзо во овој свет кој се движи се позабрзано и позабрзано. Темаве не е за зачувување на Македонскиот јазик, туку за помош при нормално изразување, односно полесно служење со вистинските зборови.
Помош најчесто може да се побара од следниве причини:
Прво, знаете што сакате да кажете, сакате да опишете некое чувство, ситуација или слично, но не знаете како да го претставите тоа концизно, кратко и јасно, со колку што може помалку зборови. Како на пример во смисла: "Сакам да опишам како кога влегов во собата, таа беше толку хаотична што изгледаше дека фали уште на попот капата". И сега нормално, не можеш да пишеш "на попот капата", туку сакаш да искористиш некој политературен израз, не само за тој дел, туку поубаво да ја оформиш реченицата за оној кој те слуша/чита со леснотија да разбере што пробуваш да опишеш.
Друга работа е кога се служи некој со странски литератури, или пак зборувал со странец па сака тоа што го слушнал/прочитал да го пренесе на некого на Македонски јазик. Но, не може да го најде вистинскиот термин бидејќи сите знаеме како се разликуваат јазиците, и во зависност од многу услови (потребите кои се раѓале низ историјата, географската положба на земјата во која живее индивидуата и тн.), се создаваат изрази на едно место за кои нема изрази во друго место. Еве, уште еден банален пример, на англиски кога некој ќе рече "cream of the crop", ние имаме превод за тоа во "шлаг на тортата", но тоа е така премногу буквален пример за да го искористиш литературно, па подобро е доколку би рекол "згора на се".
Трета, при водење дискусии во живо, често сте се нашле во ситуација да не знаете да ги одберете правилните зборови за поубаво да ја опишете своја мисла. Помошта тука би се пружила како нешто сосема апстрактно, начин како да размислуваш, како да зборуваш, како поубаво да го преточиш своето размислување во течни и разбирливи зборови.
Мислам дека темава е јасна и на секој може да му служи и да му го олесни животот. Би предложил и да се стави како "важна", но за тоа нека одлучат назначените