„Сакам да кажам...“ - Помош за правилно изразување

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Вака, сметам дека оваа тема ќе биде многу корисна со оглед на тоа што лично често пати сум се нашол во ситуација да прашувам некој за вакви работи, па верувам дека има и многу други кои се нашле во таква ситуација и не би било лошо да се слушне мислењето од форумџиите. Би сакал темава да биде наменета за помош при изразување на било што. Значи без разлика дали се работи за творење на некое дело, некој есеј, семинарска, па дури не мора да е за пишување, туку и ако некој сака да се информира за како подобро да се изрази говорно. Во денешното општество се повеќе се мешаат зборовите, до израз доаѓаат влијанија од странство, не само кај нас туку насекаде во светот, па поради тоа и се раѓа потреба да се вклопите побрзо во овој свет кој се движи се позабрзано и позабрзано. Темаве не е за зачувување на Македонскиот јазик, туку за помош при нормално изразување, односно полесно служење со вистинските зборови.

Помош најчесто може да се побара од следниве причини:

Прво, знаете што сакате да кажете, сакате да опишете некое чувство, ситуација или слично, но не знаете како да го претставите тоа концизно, кратко и јасно, со колку што може помалку зборови. Како на пример во смисла: "Сакам да опишам како кога влегов во собата, таа беше толку хаотична што изгледаше дека фали уште на попот капата". И сега нормално, не можеш да пишеш "на попот капата", туку сакаш да искористиш некој политературен израз, не само за тој дел, туку поубаво да ја оформиш реченицата за оној кој те слуша/чита со леснотија да разбере што пробуваш да опишеш.

Друга работа е кога се служи некој со странски литератури, или пак зборувал со странец па сака тоа што го слушнал/прочитал да го пренесе на некого на Македонски јазик. Но, не може да го најде вистинскиот термин бидејќи сите знаеме како се разликуваат јазиците, и во зависност од многу услови (потребите кои се раѓале низ историјата, географската положба на земјата во која живее индивидуата и тн.), се создаваат изрази на едно место за кои нема изрази во друго место. Еве, уште еден банален пример, на англиски кога некој ќе рече "cream of the crop", ние имаме превод за тоа во "шлаг на тортата", но тоа е така премногу буквален пример за да го искористиш литературно, па подобро е доколку би рекол "згора на се".

Трета, при водење дискусии во живо, често сте се нашле во ситуација да не знаете да ги одберете правилните зборови за поубаво да ја опишете своја мисла. Помошта тука би се пружила како нешто сосема апстрактно, начин како да размислуваш, како да зборуваш, како поубаво да го преточиш своето размислување во течни и разбирливи зборови.

Мислам дека темава е јасна и на секој може да му служи и да му го олесни животот. Би предложил и да се стави како "важна", но за тоа нека одлучат назначените :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Само мала забелешка и корекција, бидејќи е во склоп со темава, секоја придавка изведена од име на држава се пишува со мала буква, па имаме: македонски јазик, македонска нација, македонски народ...

Што се однесува до наводниците, употребените (" ") не се македонски. Нашите наводници се „ и “ се добиваат со shift i 2-ка и shift и 3-ка со македонска поддршка.

Одлична тема. Поставена како важна. (y)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
А,јас сакам да кажам дека македонецот е ЖИВА БЕДА .Да неможеш да најдеш на нет книги од македонски автори, да неможеш да најдеш ама баш НИШТО македонско е од долно подолно.
На сите можни јазици наоѓаме книги слободно на интернет, споделени од луѓе љубители на пишаниот збор, но само од македонските НЕМА
мизерно - македонецот е еден себичњак кој сака само да зема , но не и да даде .
Нека си ги чуваат и нека си ги напикаат во ... имаме што да читаме ( барем изборот е огромен)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom