- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Пред цели две недели беше промоцијата на книгата на Бојковска, па за тој период со сигурност барем форумџиите кои беа на промоцијата ја пролистаа книгата и можат да дадат коментар за целокупниот труд.Лисица.мк напиша:Промовирана книгата „Нијанса на сиво" од авторот Виолета Бојковска. Делото содржи 60 песни со кој се опишива животниот пат на писателката во период од четири години.
Со тоа заокружува еден животен циклус во кој немало само црно бели моменти ,туку нешто помеѓу или сиво.
„Па нијанса на сиво затоа што во животот нјема ништо црно бело туку се е нешто помеѓу,а тоа е главно сиво„смета Виолета Бојковска.
Поезијата на Виолета е во чекор со нејзината генерација. Таа е писател на песни кои се доста реални и пробудуваат интерес кај читателите ,бидејки се состевен дел од животот на младите.
„Задоволство ми е да ја промовирам книгата на оваа млада писателка затоа што сметам дека е една од најталентираните. Песните се од секојдневниот живот и затоа ќе бидат привлечни за младите„рече промоторот Горјан Петрески.
Книгата „Нијанса на сиво" е прво дело на младата писателка Виолета Бојковска.
Јас сеуште не знам ни како изгледа тврдата верзија на ова дело, па се надевам дека набргу ќе може да се најде во македонските книжарници за да можам да изнесам свое мислење. Оние кои ја имаат и ја прочитаа, се надевам ќе го споделат тоа со нас.
Честитам маци... :xmas1: -> :back: -> :smir: