Шумски пожар во Струмица

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141

За цела среќа, пожарот не го зафатил манастирот Св. Илија


Се уште се истражува од кои причини се случил пожарот во манастирот Св. Илија. Очекувајте повеќе
информации наскоро. Линк

Голем шумски пожар гори над Струмица

На околу 500 метри северно од Манастирот “Свети Илија“ над градот Струмица, беснее голем шумски пожар.
Станува збор за нискостеблеста шума, а според информациите пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи во текот на денот се забележани неколку подметнувања на планините Еленица и Беласица.

Facebook*****:
na poveke lokacii ima pozar u strumicko
Ми се допаѓа
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Е аман де сега шумски пожар ?! Ова е 102% подметнат.. :mad:
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
500 метра од црквата бил значи сепак не така блиску
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Планинариве сигурно го подметнале :pos:



*шала
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Сомнежите се дека е подметнат е од страна на дрвокрадците од село Баница (жителите се познати по својот талибанско-индијански менталитет, ако сфаќате шо сакам да кажам). Сечата на дрва во тој регион (веднаш над градот) е голем проблем, а вината се префрла помеѓу општината, МВР и ЈП "Македонски шуми" за тоа под чија ингеренција e заштитата.
Пред некој ден на една локална телевизија Заев се закани дека ќе формира служба за заштита на шумата и притоа кажа некои закани (да ги шетаат дрвокрадците голи низ градот или така нешто..:pos: ) кои најверојатно ги налутиле браќава.
Добро е што го локализирале.
 

Steam.

wat
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.462
Поени од реакции
624
Подметнат пожар во струмичкиот манастир Св. Илија... се извинувам, не го зафатил Св. Илија.

*insert игорче трпевски here*

EDIT: го едитнаа насловот, нема веза ова горе веќе..
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Според последните информации од раководителот на ТППЕ – Струмица, Мијалчо Крстев, пожарот, кој вчера попладнево избувна над Струмица на “Чифлигански баир“ е изгаснат и ставен под контрола. Зафатени биле околу 6 хектари нискостеблеста шума. Пожарот најверојатно бил подметнат на повеќе места од дрвокрадци. - Радио СтрумицаНЕТ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom