Што треба да се смета при започнувањето-со онлајн продавница?

Дали ќе иде интернет продажба во нашето скромно државче?


  • Вкупно гласачи
    13
Член од
6 мај 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво,

се спремам да отворам веб продавница на која ќе се продаваат стока кои ќе бидат увезени. Во моментот го спремам бизнис-план и се уште сум во фаза на истражување на сите факти итн.

Сакам на домашна адреса да ја регистрирам фирмата, имам доста простор каде да ги пласирам стоките и да ги спремам за испратка до клиенти.

1.Дали може некој да ми помогне и да ми каже, дали тоа не е проблем да се регистрира фирма на домашна адреса?

2.Прочитав на друго место во форумот, дека проценител треба да процени непаричен влог. Дали тоа важи и за интернет продавница или само за класичен дуќан?

3.Колку ли ке чини еден добар веб/дизајнер за да ми ја обработи страницата од А до Ш, и каде се наоѓаат?

4.Дали можам како микротговец да увезувам или морам да регистримам ДООЛ ??

5.И ако знаете да ми кажете како идат даноците за увоз?

Знам, ова се многу прашања, ама верувајте, имам уште многу повеќе кои ми се вртат во глава. :unsure:

Благодарам однапред за одговорот ваш! (y)
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.696
Поени од реакции
288
1.Дома фирма може да се регистрира т.е. на домашна адреса.

2.Тоа важи за основање на фирма, после дали ќе имаш дуќан, епродавница или магацин е небитно.

3.Тука или на ит.цом.мк форумот, нема фиксна цена, али под 1000 евра нема да бидеш.

4.За да увезеш мора да си фирма, т.е. ДООЕЛ.

5.Најчесто имаш 17,5% царина на вредноста на робата и транспортот и после уште 18% ДДВ врз целата сум, освен ако не се работи за производ за кој нема царина, намалена е царината или има намалено ДДВ, или е ослободен од ДДВ.

Уште една важна работа ако правиш увоз - мораш да имаш регистрирано и магацин каде ќе ја складираш увезената роба, несмееш дома да ја чуваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom