Според еден психолог детството претставува оградена градина во која малите и слаби деца се заштитени од надворешниот свет и влијание се додека не пораснат доволно и не почнат самите да го осознаваат надворешниот свет.Но, не сите деца се исти, па така ако оваа градина за некои беше рајското катче за некои други е најужасниот затвор.Тие се жилави, активни, полни со енергија... а кога сето тоа ќе се сумира резултира со постојано движење и хиперактивност.
Тешко е да се живее со такви деца. Те истоштуваат максимално... на крај остануваш со недостаток на нерви
))
Според лекарите најпрво треба да се води сметка за здравата исхрана. Најчесто овие деца не се хранат најисправно и честопати добиваат повеќе шеќери, чоколади и бомбони како награда за доброто однесување што од старт треба да се елиминира.
И стигнавме до прашањето-Како со овие деца?
Значи како што кажавте погоре станува збор за навистина напорни деца. Родителите на вакво дете многу често се на крајот на своето трпение и со своето НЕТОЛЕРАНТНО однесување на крајот добиваат спротивен ефект од нивната првобитна цел.
Многу важно за смирување на вакви деца е да се изгради вистински однос со детето. Значи детската личност да почне да се третира како полноправно човечко суштество (што најчесто не се прави).
Потоа, следува смирување на детето. Како? -Најлесно е преку игра. Да се занесе детето во играта каде ќе му биде овозможено да ги изрази своите поттиснати чувства. Исто така доста пожелно е да му се овозможи на детето на еден креативен начин да ги изрази своите чувства, дали преку цртање, со помош на глина, пластелин, или некој вид на обработка на дрво...безразлика. На тој начин детето ќе се осознае себеси, а тоа ќе му овозможи да ја зголеми својата доза на самоконтрола што во огромна количина им фали на овие деца.
И уште еден битен дел, а тоа е давањето на слободен израз т.е. детето само да ја креира својата самоконтрола.
На крај сето тоа би требало да резултира со намалена напнатост и поголема доза на самоконтрола... :back: