Што слушаме во моментот? (Читај правила)

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување
Ја слушам скоро секое утро кога ќе станам. Позитивна песничка е, баш ко за почнување на ден.
Ја пуштам на цел глас и си го местам креветот. :D

 
Ја слушам скоро секое утро кога ќе станам. Позитивна песничка е, баш ко за почнување на ден.
Ја пуштам на цел глас и си го местам креветот. :D


кажи на колку децибели ја пушташ од кај да знаеме ние колку ти е тоа на цел глас
 
Правила на постирањето.

Дозволени се до 3 постови на ден, за да го избегнеме непотребното спамирање.
Користете само текст линкови, не медиа, поради поголема прегледност и подобра брзина во отворањето на страната.
Медиа линковите ќе бидат отстранети, како и секое мислење кое го надминува дозволениот лимит(3 песни на ден).
Дозволена е и дискусија околу песните на останатите членови.
Освен постирање на линк, мора да се напише и збор два околу песната.Како можности ги предлагам следниве:
1.Оценете ја песната(ова ви е најлесна можност, доколку не сакате да пишувате реченици)
2.Како ја доживувате истата или какви спомени ви буди
3.Како ви се допаѓа доколку прв пат ја слушате
4.Збор-два околу албумот во кој песната припаѓа
Дозволени се и други муабети, но да битното е да не биде постот само текст-линк.

Минатите линкови нема да се избришат бидејќи во моментот кога се објавени, не беа додефинирани правилата. После овој пост почнуваат да се применуваат.
 
turvior ... Добро си ги скоцкал правилата на темава. Особено тоа што ќе бидат дозволени само текст линкови.
Покрај прегледноста и брзината на отварање, ќе можам и од мобилен да гледам што постирале другите :)
Но... Вашата песна во овој момент :unsure:
 
turvior ... Добро си ги скоцкал правилата на темава. Особено тоа што ќе бидат дозволени само текст линкови.
Покрај прегледноста и брзината на отварање, ќе можам и од мобилен да гледам што постирале другите (дали само кај мене, или и кај другите, видеата во темите не ми ги прикажува) :)
Но... Вашата песна во овој момент :unsure:

Нека не те буни темата, земена е во предвид постоечката, видена е, затоа ова нема да биде само постирање на ликови и спамови до немајкаде. Дозволена е и секаква дискусија околу песните, така да, одиме малку од поинаков агол во оваа тема за развој на подфорумот.
 
Blur - To the end
Aaah Britons... Имам приметено неколку британски бендови од тоа време кои вака добро знаат да звучат. Нити премногу чисто нити валкано, нити пак некое клише.

И дур пишам ми се смени: Blur - Beetlebum
:vozbud:
 
Е така, по примерот на постовите од погоре, да си тераат и останатите во иднина. Мислам дека ќе биде забавно и интересно и ќе научиме по нешто.

Кај мене Murder by Death-Second opinion.
Бенд кој случајно го заприметив во една папка која ја симнав со стокмени хитови од пред некоја година. Интересен, лесен бенд, со добар вокал кој опушта и е доста пријатен за слушање. И музиката е солидна со мали фолк елементи. Пријатно сум изненаден, со сигурност ќе го слушам уште ден два поактивно.
 
Денов ми е посветен на мојот омилен лик Роберт Џонсон. Ликот со тажниот глас кој преку блузот ја раскажува емоцијата и страдањето во текот на неговиот тежок живот. Џонсон е фантастичен блуз артист. Си го сакал многу алкохолот и убавите жени, си пјуцкал по баровите низ Америка ама и шмекерски флертувал со жените. Додека го правел тоа, од страна некој љубоморен лик ја прател целата ситуација. Тој да ти бил мажот на онаа жена со која Џонсон флертувал. Се претпоставува дека причина за неговата смрт е отровот во вискито кое Џонсон го пиел. А погодете кој го ставил внатре... Џонсон е за жал, еден од основачите на „клубот 27“, во кој членуваат и други легенди. Инаку Џонсон има оставено големо влијание и е инспирација на Кит Ричардс.

Robert Johnson - Kind Hearted Woman Blues
Robert Johnson - Sweet Home Chicago

П.С Ќе го замолам креаторот на темава, бесмилосно да дели казнени поени и да банира од тема. Нека не се стават видеа без коментар, кои ќе ја кочат темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom