Кочо Рацин...............
„ Има ли,
има ли срце
длабини длабоко,
срце ширини широко,
цел свет во себе да збере,
а пак да е за виа гради премало....”
Македонските автори се потценети и ставени на маргините од културата во нашава држава. Штета. Има толку убави книги со поезија, поеми, романи, драми.......
Многу убаво образложи ОБДН.
Треба да се направи превод на делата на нашите автори и да се промовираат надвор од границите на Македонија, но прво треба тука, дома, да се делува на читателите да почнат да ги вреднуваат делата на нашите автори. Голем маркетинг се прави на странските автори, додека нашите се ставаат настрана, во сенка. Подготвени сме да пишуваме блескави критики на некои комерцијални (странски) дела- затоа што имаат силнен маркетинг, а нашите(иако со универзални литературни вредности) да ги посипеме со пепел - само затоа што се наши!
Се случува нашите автори на меѓународна сцена да бидат наградувани и признаени, а тука потценети.
Треба прво сите ние да си го промениме односот кон нашите автори, да ги почитуваме повеќе, па потоа да бараме почит и од другите.