Што и како со милениците во екстремни временски услови

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.301
Поени од реакции
5.886
Темава нека биде за секаков вид миленици Глодари, Птици, Рептили, Кучиња, Мачиња, Акваристика... И главно нека биде и за екстремни услови во лето и во зимо. Пошто сега е сме лето ке почнам дискусија за тоа како да се справуваме со проблемите околу милениците во екстремно жешки услови.

Јас чувам куче доста старо дали е во ред што понекогаш кога е во двор а времето е многу жешко и ја натопувам малку главата со вода ? Дали може да предизвика проблем ова ?

Друга работа кога е многу жешко кучињата скоро сите сакаат да лежат на плочки, на ладно цименто, на водено цименто дали може да биде ова проблем ? пр. настинка или проблем со бубрези ?

И уште нешто... Се разбира дека прошетките не смеат да бидат кога е жешко, но каква храна и кога да се дава во вакви временски услови ?



Темава не е само за моите прашања него ја отворив за воопшто да се има ваква дискусија. Ако некој ми одговори ке бидам благодарен а исто така поставувајте прашања сите вие што ги имате. Ке биде одлично ако поискусните се активни на темава. :)
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Па не знам колку е паметно да ја натопуваш главата, од проста причина што таму ќе мора да се акумулира топлината за да се оддаде преку евапорација. А не е паметно мозокот да се кува.

Воденото цементо не е баш некој проблем, водата премногу брзо испарува, па не може доволно да го олади за да направи проблем. Е сега плочките, и јас сум на две-на три со нив али па зависи од расата, кучињата со малку подолго влакно, немаат некој проблем, не сум ни чула за краткодлаки али пак сум на хм за нив.

Прошетките треба да бидат рано наутро(јас шетав у 6 во полузаспиена состојба, тоес Пепа мене ме шеташе) или доцна навечер кога и температурата на воздухот ќе падне, асфалтот ќе се поолади и ќе нема комарци. ШТо се однесува до храната, скоро секое куче ќе нема да јаде толку како што би јадело во зима да речеме, бидејќи повеќе храна=повеќе енергија=повеќе топлина, а кај нив ладењето иде малку потешко. Така да се препорачува храна која е полесна во тој период, нема потреба од преголеми енергетски и мрсни храни. Не дека кучето ќе се буни, но зошто да му правите дополнителен стрес за организмот без потреба. Побидно е да има секогаш достапна вода, која нема да биде ладна, но од водовод е сосем доволно разладена. После прошетка прво одмор едно 15-20 мин па потоа понудете вода. Нешто слично како и кај нас луѓето.

@Uluru допуни или преправи ако грешиме. :)
 
M

Moon Child

Гостин
немојте да им ги топите главите на екстремно високи температури, мене ми умре едно маче така. Сестра ми го натопила додека лежело на сонце, мислам дека се зашемети и доби некаков удар.
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Јас на Беки ништо посебно не и' правам. Сега дека сме на одмор, на плажа ќе си ископа дупка под нашите лежалки и ќе се испружи. За прошетки, од сабајле (пред 9) и навечер (по 6 и пол). Следниве 8 дена ќе ужива секое сабајле пливање и трчање на плажа, после дома на плочки ќе се лигави. :D Исто така се дешава да и' направам сладолед за кучиња (путер од кикирики, овошје, павлака, ставам во шаблони, шаблоните во длабоко и си има освежување). Исто така гледам крзното да и' биде расчешлано за да и' биде поладно.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
kasno ja gledam temava ama aj da dodadam i jas nesto. direktno ladenje osobeno koga e mnogu zesko ne e pozelno bidejki naglata promena na temperatura ke predizvika sok i kolaps. mnogu e bitno da imaat zivotnite obezbedena senka i ladovina i sekako obilni kolicini voda.namesto edna stavete 2-3 cinii vodai ako e mozno, smestete gi pod senka. ako imate nekoe korito ili legen, napolnete go so voda i ostavete go kuceto da se slapka vo nego, toa e mnogu podobro otkolku da frlite ladna voda vrs pregreano kuce. ako ne, moze da zacuvate nekolku plasticni sisinja, da gi stavite vo zamrznuvac i da mu gi dadete na kuceto da si igra i razladuva. ova deluva i za zajcinja, bidejki i tie tesko podnesuvaat zesko vreme. za setanje, nikako posle najkasno 10 nautro i pred 7 navecer, osven sto e vremeto zesko, ima opasnost i da gi izgorat sepite na zeskiot asvalt. za hranenje, hranata treba da e kaloricna no ne i masna, bidejki e teska za varenje i lesno se rasipuva.inaku na zivotnite letno vreme im treba istoltolku energija da se izladat, kolku sto im treba zimno vreme da se stoplat. poradi zestinite, hranete rano nautro i kasno navecer, prosetkite po moznost tempirajte gi ne trevnati povrsini i pokraj voda, tamu ke bide sekako posvezo otkolku na asvalt, a koga ke se prosetaat i osvezat ke imaat i podobar aapetit. za kucinja sto imaat mnogu slab apetit, mose da zamrznete vo modeli kako za kocki mraz meso, hrana od konzervi i sl (hrana koja so sigurnost ja jade i e povisoko kaloricna) taka da ako na primer ne ja jade voobicaeneta hrana, moze da jade od ovie i pak da vnese dovolno hranlivi materii. sekako isto vazi praviloto ne mnogu naednas, bidejki ke go razbolime, a osven toa :shook:BRAIN FREEZE!!!!!:shook:
upload_2015-7-28_22-59-25.jpeg upload_2015-7-28_22-59-37.jpeg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom