Што имате денес за вечера?

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.906
Поени од реакции
25.251
Денес за вечера имав порно. Јебеш диета! Црн патлиџан извалкан во јајце и презла, потпечен во рерна, доматен сос, моцарела, печурки, зачини и пармезан.

SAM_3746.JPG
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Pohovan kromid.jpg
Поховани тркалца од кромид со кечап и павлака + помфрит и пивце :свиркам:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Домашна баница

20151127_163015.jpg

Ја правеше мајка ми, а јас асистирав...
Тестото на стандарден начин- брашно, свеж квасец, млака вода, малку сол и шеќер, на помеко замесено...
Се дели на на неколку помали топчиња, се прават округли и се оставаат да киснат едно 20 мин...
Од секое се расукува голема кора со сукало, тркалезна и тенка и внатре се полни со фил (домашна урда, сол, праз претходно запржен) и се формираат банички...На секое преклопување се става зејтин...
Се пече на 200 степени едно 15-тина мин, а после се намалува на 150-160...

Следен пат ќе ставам слика од цела постапка...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom