Прегледај го приврзокот 272949
Ми остави добар впечаток демото што го покажаа пред некој месец, а и сега видов добри коментари откако излезе па ршив да ја пробам. Првите импресии ми се ептен позитивни. Не знам во каков стил на игра спаѓа ова, ама ептен интересни механики има, платформи кои треба да ги користиш во своја предност, противници кои ќе те убијат со еден куршум, што значи и многу умирање. Првиот левел го поминав за нешто помалце од 11 минути во кои умрев точно 30 пати. Што од противници, што од тоа што ми требаше малце време за да се навикнам на тоа како да ги поминувам платформите. Ама ептен е брзо темпото и воопшто не смета тоа. Кога ќе умрете нема лоадирање, само на Р стисташ и инстантно те враќа во игра. Мислам дека вреди секој да ја проба