- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Која била поентата на муабетот? ![Збунет :confused: :confused:](/styles/default/xenforo/smilies/confused.png)
Што значи „Должен како Грција?“
Изреката од насловот е позната од крајот на осумдесеттите години, кога за поранешна Југославија се говореше дека е „должна како Грција", иако во времето на најголемото задолжување СФРЈ должела „само" 17 милијарди долари, што во споредба со 335-те милијарди евра на сегашниот грчки долг е релативно малку.
Во грчкиот случај, оваа фраза почнала да се употребува од 1893 година, кога влегла во историјата со познатото признание на претседателот на грчката влада Харилаос Трикупис во грчкиот парламент: „За жал, банкротиравме!"
Тогашниот грчки банкрот бил резултат на три фактора: како прво, моделот на задолжување вообичаен од самиот почеток на борбата за независност на земјата. Во текот на војната за независност (1821-1827), европските сили им помагале на грчките востаници против османлиската власт, но тоа дебело го наплатиле финансирајќи ја привремената грчка влада со енормно високи камати.
Така, привремената грчка влада, кога конечно завршила војната за независност во 1827 година, прогласила фактички банкрот и неспособност за враќање на меѓународните долгови (искористени за вооружување и водење на војната).
Кон банкротот придонело и неисполнетото ветување на грчката дијаспора, која ветила дека ќе вложи голем капитал во ослободената Грција, но кога видела кој доаѓа на власт во земјата, останала само на вербални ветувања.
Втор фактор бил падот на цените на сувото грозје на светскиот пазар, продукт што бил главен извозен артикл на независна Грција (извозот на маслиновото масло започнува дури по Првата светска војна).
Третиот фактор е нерационалното трошење на парите во „капитални национални инвестиции", меѓу кои предничи Коринтскиот канал.
Трошоците за изградба на овој канал (во споредба со денешните потфати) биле многу ниски од повеќе едноставни причини: поголемиот дел од работата се извршувал без употреба на механизација, работната сила се сведувала главно на затвореници, воени заробеници и војска (што не требало да се плаќа), немало трошоци за откуп на теренот, бидејќи кралот со едноставен указ ја национализирал целата земја што се наоѓала на трасата на Коринтскиот канал.
И покрај сево ова, трошоците сепак го надминале првичниот финансиски план. На крајот, власта се откажала од амбициозната замисла каналот да се направи по примерот на Суетцкиот во Египет и се употребиле старите проекти на Нерон за ископот.
Грчката влада на чело со премиерот Трикупис, повеќе не можела да ги отплаќа ануитетите, поради што управата на каналот преминала во раце на конзорциум странски банки.
Тоа бил епилогот на спиралата на задолжување што било наречено „модернизациско задолжување". Од една страна, грчката влада сакала да и' покаже на својата дијаспора дека земјата се развива и со тоа да го привлече капиталот на дијаспората, а од друга страна, сакала да ја оствари националистичката идеја наречена „Мегали идеа" - голема идеја за создавање голема Грција со враќање на Константинопол како главен град.
Поради тоа, во периодот меѓу 1879 и 1893 година Грција се задолжувала со брз ритам - таа склучила договори за дури девет меѓународни кредити, што значи дека владата се задолжувала со нов долг на секои 18 месеци.
Големата идеја имала висока цена: тоа значело модернизација на сообраќајната (и стопанската) инфраструктура на земјата, но и големи трошоци за вооружување со цел продолжување на војните за ослободување на преостанатите грчки историски територии што се наоѓале под турска власт.
Грчките националисти, незадоволни што земјите од западна Европа им наметнале крал од баварска династија, сакале ситуацијата да ја решат на начин кој секогаш завршува лошо - со продолжување на војната. Започната е нова војна против Турција, која неславно завршила со пораз на Грција во 1897 година.
Наместо да профитира од војната и евентуално ослободените грчки територии, што би ги зајакнало позициите на грчката националистичка партија во земјата, би ја скршило воздржаноста на грчката дијаспора и би расположило европските кредитори, Грција морала да се согласи на мир со Турција.
Склопувањето мир било наметнато од Австрија, Франција, Германија, Англија, Италија и Русија, бидејќи овие земји се уплашиле дека евентуалниот тотален воен крах на Грција ќе го однесе во неповрат и сервисирањето на нивните банкарски кредити, но и угледот на западните сили.
Така, Грција морала да се согласи на дополнителни трошоци, воена отштета на Турција во износ од 95 милиони златни франци.
Големите сили, сакајќи да ги обезбедат и своите пари, и' наметнале на Грција основање една меѓународна контролна комисија со седиште во Атина, во кое членувале кредиторите на грчкиот долг.
Оваа комисија, под името „Меѓународна економска комисија, ги презела приходите на грчкиот државен монопол со солта, тутунот, петролејот... како и приходите од царината во Пиреа.
Бидејќи државната управа на Грција од самиот почеток на независноста страда од корупција и непотизам, одобрувањата на Меѓународната економска комисија се прошириле и на контрола на државната управа. Посебно одделение во рамките на оваа економска комисија, составено од претставници на европските држави, ја надгледувало работата на државната управа, вработувањата, наградувала и отпуштала вработени.
Грција, немала друга алтернатива освен да се согласи на таква финансиска контрола, а во замена за награда добила нова транша кредити во висина од 170 милиони златни франци.
Но, дури ни Комисијата не успеала да ги закрепне грчките државни финансии, поради што и тие 170 милиони франци биле повторно „фрлени во бунар".
Работата на оваа Меѓународна комисија трае се до 1978 година (цели 80 години), поради што сите цигари, кибрити и солта во Грција се продавале спакувани со посебна лента со натпис „ДОЕ - приходот оди во корист на Меѓународната економска комисија".
Затоа не чуди што Грција била примена како член на Европската заедница во 1981 година по куса постапка - повеќе за да се спречи нова должничка а со тоа и општа економска криза и пропаѓање на земјата, отколку желбата земјата да се интегрира во Европската економска заедница на еднакви основи како и сите други земји.
Во меѓувреме, од далечната 1893 година, Грција и покрај делувањето на ДОЕ, уште двапати прогласила мораториум на враќање на своите долгови - во 1921, а по четврти пат Грција прогласила банкрот во 1932 година.
Членството во Европската заедница и во Европската унија и' донесе на Грција благосостојба преку помошта на европските структурни и кохезиски фондови, но ниту тоа не и' помогна на Грција да ја преживее големата светска финансиска криза од 2008
година.
Повторно се покажа целата структурна слабост на грчкото општество, вклучувајќи ја и повторната појава на скапа, нерационална и паразитска државна управа, подложна на патолошки процеси, како што се корупцијата, непотизмот.
Петтиот банкрот на Грција е спречен со интервенција на Европската унија и меѓународните економски фактори, но тоа според сé изгледа нема да ги реши проблемите без одлучни структурни реформи во земјата.
Западните сили добро си ги наплаќале своите кредити, токму како што и сега привидно солидарната помош на ЕУ што ќе резултира со добар профит за европските кредитори.
lisica.mk
![Збунет :confused: :confused:](/styles/default/xenforo/smilies/confused.png)