А што тоа не е исто? Водата со мразот? Мразот со пареата? Или Пареата со водата?
А што има несигурно во болдираното?
Несигурно е објаснувањето и обидот на христијаните да го оправдаат нивното верување во Тројството со примерот на водата и нејзината агрегатна состојба. Читај сега:
Многу христијани кога ќе ги запрашате за Светото Тројство да ви дадат објаснување,покрај другите примери ќе слушнете дека тоа го објаснуваат и со примерот на водата и нејзините три состојби:
1.Течна – вода
2.Цврста -мраз
3.Гасовита-пареа
Па така велат водата ги има овие три состојби но нејзиниот состав не се менува,така е и со Тројството.
Но,ајде да видиме дали навистина е така.
За водата не спориме тоа е Ок,таа навистина може да се менува во три состојби а при тоа нејзиниот состав е секогаш ист,т.е. не се менува.Таа е H2o и секогаш има 2 атоми на Водород и 1 атом на кислород.
Но што е со Светото Тројство?
Ајде најпрвин да го видиме концептот на Светото Тројство:
1.Татко
2.Син
3.Свет Дух
Христијаните велат како што водата ја менува формата така и Бог но сепак,водата е вода,а Бог е Бог.
Ајде да не ги растажуваме на почетокот,ќе им речеме Ок вие објаснувањето за формата на Тројството,го прифаќаме како ваш аргумент,но што е со составот?-Дали составот останува ист,како кај водата?
Хмммм,интересно нели...
Драги мои Христијани сите добро знаеме дека Бог и Светиот Дух имаат ДУХОВЕН ОБЛИК-ФОРМА.Додека Синот или човечките битија се од месо и коски - ТОА НЕ Е ИСТО!.
На луѓето им треба храна ,на Бога не муе потребна храна -ТОА НЕ Е ИСТО!
На луѓето им се потребни сите овосветски намирници ,додека на Бог не му се потребни-ТОА НЕ Е ИСТО!
Отворете го Новиот Завет кај Лука 24:36-39:
“И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: „Мир вам!”
А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух.
А Тој им рече: „Зошто сте збунети? И зошто се јавуваат сомненија во вашите срца?
Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам.”
Хмммм,а потоа следува 40-43:
И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: „Имате ли тука нешто за јадење?”
И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе.
Тој го зеде и јадеше пред нив.
Што сакал Исус да докаже во овие цитати? Дека е Бог? НЕ! НАПРОТИВ,ДЕКА НЕ Е БОГ!
Тој јадел,тој бил човек од месо и коски А ДУХОТ НЕМА МЕСО И КОСКИ.
Ова докажува дека нема ни научна основа дека Отецот,Синот и Светиот Дух се БОГ!
Самиот збор Тројство не егзистира никаде во Библијата,но,се спомнува во Кур,анот.
Сура Ниса 171 ајет:
“...и не зборувајте: Тројца се!.Престанете,тоа е подобро за вас...”
Сура Маиде 73 ајет:
“Сосема не веруваат оние кои велат:Аллах-Бог е еден од тројцата!.Нема друг Бог освен еден Бог.....”
Драги мои Христијани: Исус никогаш за себе не рекол дека е Бог. Единствен стих кој е најблиску до Тројството е воПрвото Јованово Послание,5 глава,стих 7:
7 (Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно).
Гледате ли нешто необично во овој стих?-гледате ли дека целиот стих е ставен во заграда?-Сте се запрашале ли зошто е тоа така?-Ако не сте се запрашале,еве јас ќе ви кажам:
Прочитајте ја Ревидираната стандардна верзија на Библијата,која што ја ревидирале најеминентните христијански научници со најголеми теолошки титули во соработка со 50 различни кооперативни деноминации. И тие велат дека ОВОЈ СТИХ од Првото Јованово Послание,глава 5,стих 7 е:
-интерполација
-фабрикација ,или ИЗМИСЛЕН СТИХ!-
И како таков го исфрлиле од Библијата.
Продолжуваме:
Исус никогаш себе си не се сметал за Бог.Не постои ниту еден недвосмислен цитат во Библијата каде Исус вели:”Јас сум Бог! ,или: “Мене обожавајте ме!”.
Напротив,ако ја читате непристрасно Библијата таму ќе најдете многу цитати каде тој рекол:
Јован 14:28:
...Мојот Татко е поголем од Мене.
Јован 10:29:
Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите...
Матеј,12:28:
...Јас ги изгонувам демоните преку Духот Божји...
Лука,11:20:
Јас ги изгонувам нечистите духови со Божјиот прст,
Јован,5:30:
Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати.
Драги мои,зарем не е крајно време да и погледнете на вистината во очи?