Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
Член од
19 мај 2011
Мислења
61
Поени од реакции
2
Послушај го де, ама послушај ги и милионите кои постојано и неуморно ти го повторуваат истото прашање:

-Што е Исус? Бог или Божји син? (Настрана човекот, настрана гулабот).
Брат , според нив Исус бил: бог, богочовек, син божји, пратеник, пророк, дури бил 3 дена во пеколот, .... се што сакаш прашај дали бил тоа ќе ти кажат дека бил, само се прашувам како досега не рекле дека е и сатаната/ѓаволот...

И ако ги прашаш како тоа он може да биде сите овие работи наеднаш, ќе ти наведат пример на јајце, вода и така натаму , материјата ќе ти ја споредуваат со Создателот, нешто што е ограничено и создадено ќе го споредуваат со ЕДНИОТ И ЕДИНСТВЕНИОТ КРЕАТОР.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
67
Поени од реакции
11
Исус е по потекло од татко бог и мајка обична смртница значи тој е полубог, дали браќата на Исус и сестрите негови беа полубогови или тие имаа друг татко дали Марија раѓаше од повеќе особи деца?
Бисмилах


Твоето тврдење дека Иса,(исус) е бог е потполнопогрешно.

бог,вечно постои. Материите, предметите, работитекои завземаат простор не можат да бидат богови.

Иса,(исус) бил тело, човечко битие. Тој беше створен одне-постоен (ништо).

Него, според тебе го убиле. Тој прво бил дете. Покаснопораснал. Тој јадел и пиел. Тој разговарал како што ние разговараме. Тој спиел,се будел и одел.

Нему за да живее како и на секој друг човек му требале многуработи.

Дали е воопшто можно ел-Гани (Тој кој има се, оној комуне му треба ништо) да биде некој кому нешто му е потребно?!

Дали може вечно нешто да постои што од ништо естворено?!

Ти велиш дека Иса,(исус) ,избегалидекасекриел, ноевреитегофатилеигораспнале. ТивелишдекатогашИса,(исус) ,билмногутажен.

Ти велиш дека тој на секаков начин барал излез од овааневолја.

Кога тој би бил и Бог и кога во него би влеголеден дел на Бог, зарем тој не би се заштитил од евреите?

Зарем тој не би ги уништил?

Зошто тој бил тажен?

Зошто барал место да се скрие?

Се колнам во Аллах, кога ги слушам овие парадокснизборови тие ме запрепастуваат.
Дали е можно некој кој има разум да говори и да веруваво вакви зборови.
Разумот сведочи дека тие зборови се лаги.

Ти велиш три работи:

- Тврдиш дека тој е телесен Бог кој со очи можеда се види.

Да се каже дека Иса,(Исус) ,е Богилиотелотворен(бог) насветовите (алемите), значи дека евреите го убиле (богот) на световите (алемите), затоа што ти веруваш дека тие го убиле!

Во тој случај световите би останале без (богот)што не е возможно.

Уште почудно, дали богот на световите бил толку слаб паго фатиле евреите и неправедно го убиле?

Друг факт што е добро познат (теватур) е, дека Иса,(Исус),ја сакал послушноста и дека многу го обожавал Аллах.

Кога Иса,(исус),би бил (бог), тој не би ибадетел (богослужел) и не би бил послушен, затоашто бог никогаш не се обожава себеси, токму во спротивност другите го обожаваатНего.

Ова ни е уште еден доказ дека свештеникот не е воправо.
- Ти тврдиш дека Бог влегол потполно во него(хулул), па според тоа тој е Божји син.

Ваквото верување е неисправно, погрешно.

Бог не може да биде предмет и атрибут.

Невозможно е илах да влезе во предмет.

Кога и (бог) би бил предмет тој би влегол во другпредмет.

Кога нешто ќе влезе во предмет тоа постанува предметот.

Компонентите на два предмета се мешаат, а тоа бизначило дека бог се дели на парчиња.

Кога бог би бил атрибут (сифат, ераз) нему би му билопотребно место и живеалиште, што пак би значело на (бог) нешто му треба.

Оној кому нешто му треба не е (бог), зошто пакилахот (бог) би влегол во Иса, (Исус) ?

Влезот без причина е “теџрихун би-ла мураџ´џех”, што еневозможно.

Тоа сме го говореле за Аллаховото, ,единство.



- Ти велиш дека тој не е (бог), туку дека во неговлегол еден дел од (бог) и дека постанал во него!

Ако делот за кој претпоставуваме дека влегол во него, едел на (бог), тогаш (бог) со излегувањето од таа компонента моралпотполно да го изгуби својот капацитет на ихлалукот (боженственото).

Ако тој дел не му бил потребен на бога – тој да бидебог – тој не можел ниту да биде дел на бога.

Според тоа, илахот (бог) во него не влегол.

- Дали имаш ти некој друг доказ дека Иса (Исус)бил(бог)?
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
najstarata biblija pronajdena vo erusalim -vo nea isus ne e spomnat kako bog nitue raspnat, istrazuvanjeto e od hristijanin.

 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
67
Поени од реакции
11
Копирано од овде.

Дали може некако идиотов кој не знае еден збор да напиши да се спречи да шири ефтина пропаганда и лаги?

Да од тука е копирано , го копирав бидејчи немам толку време , да објаснувам, поради приватни обврскии,... ако си толку паметен ај демантирај го копираното, А јас кога че сум послбоден, че ти вратам за секој еден, твој некултурен и неправеден говор и на вашата апсолутна заблуда....

Бујрумм....:tapp:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Патоказите кои водат кон Тројството и божјата инкарнација, се далеку постари од Павле и ги има и надвор од Библијата.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Патоказите кои водат кон Тројството и божјата инкарнација, се далеку постари од Павле и ги има и надвор од Библијата.
Во паганските за христијаните религии?
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
52
Поени од реакции
9
Патоказите кои водат кон Тројството и божјата инкарнација, се далеку постари од Павле и ги има и надвор од Библијата.
Чекај, а кои се патоказите кои водат кон триадата во Библијата?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Филип го моли Исуса да им го покаже Отецот. Исус му одговара: Кој ме видел мене, го видел Отецот. Јас и Отецот сме едно. Исус е Бог.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Патоказите кои водат кон Тројството и божјата инкарнација, се далеку постари од Павле и ги има и надвор од Библијата.
Ги има:

ПОСТАРО

МНОГУ ПОСТАРО

ПОТАЗЕ

ПАК ПОСТАРО

Има пуно. Концептот на тројство не е нешто посебно специјално. Го има во многу религии. Во некои го нема. Може, ама не мора да го има. Луѓе веруваат - овака или онака.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Да од тука е копирано , го копирав бидејчи немам толку време , да објаснувам, поради приватни обврскии,... ако си толку паметен ај демантирај го копираното, А јас кога че сум послбоден, че ти вратам за секој еден, твој некултурен и неправеден говор и на вашата апсолутна заблуда....

Бујрумм....:tapp:
Да земам и јас од некои сајтови да копирам и ти копираш, јас копирам и што дискусија е тоа?
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
52
Поени од реакции
9
Филип го моли Исуса да им го покаже Отецот. Исус му одговара: Кој ме видел мене, го видел Отецот. Јас и Отецот сме едно. Исус е Бог.
Аwе многу си брз.

Јован 10:

30 Јас и Татко Ми едно сме.”
31 Јудејците пак донесоа камења, за да Го убијат со камења.
32 Исус им одговори: „Ви покажав многу добри дела од Мојот Татко; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?”
33 Јудејците Му одговорија: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство - зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.”
34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ (Псалм 82:6)
35 Ако ги наречува богови оние, на кои им беше упатено Божјото Слово - а Писмото не може да биде нарушено -
36 зошто вие Му велите дека хули на Бога Оној, Кого Таткото Го посвети и Го испрати во светот, - зашто реков: ‘Јас Сум Божји Син?’
37 Ако не ги правам делата на Мојот Татко, не верувајте Ми.
38 А ако ги вршам, верувајте им на делата, ако Мене не Ми верувате, за да сознаете и познаете дека Таткото е во Мене и Јас во Него!”

Ја сфаќаш ли сега смислата на таа реченица?
Ја воочуваш ли разликата помеѓу Бог и Божји Син?

Јован 17:20-23

20 Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене,
21 за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати.
22 И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно;
23 Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно, за да знае светот дека Ти си Ме испратил, и дека ги љубеше нив, како што Ме љубеше Мене.

Од ова логичен заклучок би било дека Таткото и Синот не се едно, туку се толку сложни што можат да се наречат дека се „едно“. Всушност, тоа е и целта на Исус со овие зборови, да докаже дека е Божји претставник и дека ја врши волјата на неговиот Татко.
И плус тоа размисли вака, како е можно семоќен Бог без почеток и крај, апсолутен владетел на се и сешто, да се спушти на ниво на креација и да биде каменуван, исмејуван, плукан, па и убиен? Unacceptable.
Ама џабе објаснувам јас, тебе ти е поважна традицијата отколку вистината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom