Што го привлекло партнерот кај вас и што ве привлече вас кај партнерот?

Член од
22 август 2022
Мислења
691
Поени од реакции
2.022
Љубовниве теми доста активни, а сега пред неколку саати неколку парови бевме седнати гледавме Squid Game и почнавме да си кажуваме што било пресудно за едниот другиот да го избере.

Она што ми остави силен впечаток е дека покрај она што би било некој општ класичен одговор гласот, косата ова она, имаше одговори за некои ептен индивидуални работи својствени само за таа личност што уште повеќе ме убедува дека во освојувањето нема правила.

Што ве освои вас, а како сте освоиле вие?
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.062
Поени од реакции
27.512

Гласот !?!?! Косата ?!?! :pos: :pos: :pos: :pos:
Серизоно вака пролазни работи ви се причина за избор на партнер ?
Потоа затоа се чудите и депримирате кога ќе откриете вистински порок или црвено знаме.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
691
Поени од реакции
2.022
Гласот !?!?! Косата ?!?! :pos: :pos: :pos: :pos:
Серизоно вака пролазни работи ви се причина за избор на партнер ?
Потоа затоа се чудите кога ќе откриете вистински порок или црвено знаме.
Пример лупнав па ти. Што прво те освоило ти привлекло внимание. Не дека за златните локни ќе ја жениш. Гради, коса се повеќе менлив момент од глас, ете го на мајка ми ист од пред 30 години, ама ти баш ова најде да искоментираш.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.062
Поени од реакции
27.512
Пример лупнав па ти. Што прво те освоило ти привлекло внимание. Не дека за златните локни ќе ја жениш. Гради, коса се повеќе менлив момент од глас, ете го на мајка ми ист од пред 30 години, ама ти баш ова најде да искоментираш.
Може ќе му/и зарипне гласот од цигари. Башка староста многу го менува гласот. Не пишувам овде за случајот со мајка ти. Општо кажувам пред да ме нападнеш за лични напади.

Иначе еве онтпик , мене највеќе ме привлекуваат вака паметни девојки што ми контрираат со аргументи наместо со инаети и со пцости и закани. :smirce:
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.124
Поени од реакции
11.650
Гласот !?!?! Косата ?!?! :pos: :pos: :pos: :pos:
Серизоно вака пролазни работи ви се причина за избор на партнер ?
Потоа затоа се чудите и депримирате кога ќе откриете вистински порок или црвено знаме.
Ако некоја звучи како зарибан мотор шо вергла вервај ите како ќе ти биди битен гласот :D
Можеби една од најбитните ставки е во изборот на партнер, замисли некоја да ти има пискав глас и да ти цимоли по цели деној низ дома или да ти боботи на уво ко другар ти Борис, пример. :pov::pov:
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.062
Поени од реакции
27.512
Ако некоја звучи како зарибан мотор шо вергла вервај ите како ќе ти биди битен гласот :D
Можеби една од најбитните ставки е во изборот на партнер, замисли некоја да ти има пискав глас и да ти цимоли по цели деној низ дома или да ти боботи на уво ко другар ти Борис, пример. :pov::pov:
Немам другар Борис. Не знам на кого мислиш. :icon_mrgr:
 
Член од
22 август 2022
Мислења
691
Поени од реакции
2.022
Кај мене тон на глас беше пресуден оти прво на литературна средба разговор во библиотека он беше модератор, после на таа аматерската претстава за кревање свест за одредена тема. Веруваше во тоа што го бранеше.

Он па, на истата средба ми вика,, Прво ми падна во очи што си тотален неуспех во poker face , невозможно е до ден денес не ти успеало да скриеш чувства и расположение, толку вика се мачеше да не се примети дека сум ти се допаднал, де ќе ги ставиш наочарите за да делуваш заинтересирана за темата, со тие паметни очички, де ќе ги извадиш, де ќе ја собереш косата де ќе ја пуштиш."
Инаку може комотно да ме лаже за ова зашто јас воопшто ништо не памтам и свесно не било направено.
Псоле вика ,, После кога се запознавме и ти пружив рака, се посрами ко детиште, наведна глава се уцрвене, проба со косата да си го скриеш лицето во моментот. Тука, ме испече готово. Не знам што ми стана обично цел живот преферирав отворени самоуверени девојки. "

После виде дека балканска жена кога треба знае и да викне и да построи, да е љубоморна и на Сири ако треба. Ама знае и да ти прави супа и нозе да ти мие кога си болен па реши да биде како што е.

Наравоучение еднаш во сто години на мене табиетлијата ќе ми се допадне некој и одма фалшови у потези. Not fair.
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.860
Поени од реакции
3.061
Шо и да ме привлекло кај него со време избледува, мислам на почетокот ќе привлече, ама за да се задржи тоа чувство тешко, си има рок, затоа сега кога би бирала партнер, дечко што и да е би гледала на други работи, како се однесува спрема мене, на прво место, дали сум му приоритет, дали сум за него посебна или обична, до душе ова од секогаш ми било најбитно, ама многу битен т.е најбитен ми е континуираниот однос негов спрема мене каков е, дали ми е убаво со него дали се чувствувам како кралица? Или како магарица? Тоа е тоа, тој внатрешен осет е се.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.860
Поени од реакции
3.061
Не. Искрено ми се допадна физички, е сега и многу беше романтичен, така ме освои, на почетокот. Со слаткоречивост.

Идеалниот маж за мене не смее да престане да ме освојува, и да ми приредува романтични гестови, како што спомнав, многу ми е важно како се чувствувам во негово присуство, дали тој прави да се чувствувам како кралица? Или некако поинаку??

Сакам да се чувствувам убаво и посебно покрај мажот кој е до мене. Сакам да бидам обожувана, сакана и ценета. А сега, во последно време, дојдов до заклучок дека повеќе ми одговара маж кој е поопуштен во социјализацијата, некој без срам, некој што се смее многу, што го сака животот, некој на кој не му е страв да скокне на музика и да заигра во кафана или некој што нема стеги.

Тоа како стареам го заклучувам за себе и за својот вкус за мажи, порано сум бирала мажи кои биле поповлечени, така мирни, не многу весели, ама не сум била исполнета. Сега ми е сменет вкусот.

Физички изглед не ми е битен, најбитно ми е каков е како личност. И какви чувства буди во мене.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
501
Поени од реакции
697
Шо и да ме привлекло кај него со време избледува, мислам на почетокот ќе привлече, ама за да се задржи тоа чувство тешко, си има рок, затоа сега кога би бирала партнер, дечко што и да е би гледала на други работи, како се однесува спрема мене, на прво место, дали сум му приоритет, дали сум за него посебна или обична, до душе ова од секогаш ми било најбитно, ама многу битен т.е најбитен ми е континуираниот однос негов спрема мене каков е, дали ми е убаво со него дали се чувствувам како кралица? Или како магарица? Тоа е тоа, тој внатрешен осет е се.
Надвор како кралица во кревет како магарица?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.231
Поени од реакции
23.780
Љубовниве теми доста активни, а сега пред неколку саати неколку парови бевме седнати гледавме Squid Game и почнавме да си кажуваме што било пресудно за едниот другиот да го избере.

Она што ми остави силен впечаток е дека покрај она што би било некој општ класичен одговор гласот, косата ова она, имаше одговори за некои ептен индивидуални работи својствени само за таа личност што уште повеќе ме убедува дека во освојувањето нема правила.

Што ве освои вас, а како сте освоиле вие?
Sto ne privleklo ili sto ne osvoilo, toa se dve razlicni raboti ? Privleklo e da mi fati nekoja okoto, osvoilo idi posle ona prvobitnoto privleklo, prviot filter so se veli. Nadvor od umot e da recite ( a ke recite, najverojatno vekje nekoi i rekoja) deka ve privlekla vnatresnata ubavina. Da nema greska. Sto ve privlece, za so vi fati okoto, djigerot mu bil nezamasten, 12 palacnoto crevo, eritrocitite, aortata, levoto belidrobno krilo, za sto potocno vi se fati okoto :cautious:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom