Шпионот кого се' уште сите го сакаат

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Изложба во Лондон за стогодишнината од раЃањето на Ијан Флеминг - таткото на Џемс Бонд

Кога Ијан Флеминг ја напиша првата авантура на Џемс Бонд „Казино Ројал“, никој не можеше да претпостави колку голема популарност набргу ќе стекне неговиот измислен главен јунак. Некои лондонски критичари ја дочекаа книгата на нож, нарекувајќи ја грозна и неприфатлива, затоа што е „поопасна од порнографијата и е без никаква литературна вредност“. Денес, сите 14 романи за Бонд, колку што напиша Флеминг, се појавуваат како изданија на модерните класици, неговиот главен јунак - тајниот агент со кодирано име 007, е популарен и омилен како и порано, а угледниот лондонски Империјален воен музеј деновиве отвори голема изложба посветана на авторот, на стогодишнината од неговото раѓање и на неговиот јунак, кој веќе ја ситни шестата деценија.

Ијан Флеминг е роден во 1908 година во имотно шкотско семејство. Уште како многу млад научил француски, германски и руски, па до Втората светска војна работел за една издавачка куќа, на лондонската берза и за еден банкар. Кога Британија влезе во војната против нацистичка Германија, Флеминг, чиј татко умрел во текот на Првата светска војна, сам се пријавил во кралската морнарица, а таа го поставила на служба во нејзиното разузнавање. Таму напредувал до помошник на командантот на морнаричката шпионска служба. По завршувањето на војната, Флеминг работел како советник за надворешнополитички прашања, но и како колумнист и коментатор за неколку лондонски весници, од кои по извесно време побарал (и добил) согласност два месеца годишно да оди на одмор, што го минувал на Јамајка, во својата куќа покрај морето.

Не е тоа никаква луксузна и раскошна вила, туку обична куќа во која, велат, немало ниту топла вода. Сепак, поради својата прекрасна положба, поставена на една висорамнина и свртена кон океанската шир, таа и порано и сега предизвикува завист и збунетост во исто време поради нејзиното необично име „Златно око“ (Goldeneye). Нејзиното име во 1995 година беше искористено за филмот во кој првпат како Бонд се појави Ирецот Пирс Броснан, а таму, во таа куќа, во 1952 година е пишуван и првиот роман „Казино Ројал“. Многу подоцна Флеминг призна дека пишувањето не го заморувало, ниту му одземало време, зашто романот е создаден само за осум недели. Според неговото признание, пишувал по илјада збора претпладне меѓу 10 и 12 часот и уште толку за еден час секое попладне. Другото време го минувал нуркајќи, пиејќи коктели и минувајќи часови за ручеци и вечери во друштво на убави жени.

За главниот лик во овој и во сите други романи се вели дека е идеализирана верзија на авторот. Името Бонд тајниот агент го добил по еден орнитолог од прирачникот за егзотични птици, од каде што Флеминг се инспирирал за имињата или презимињата на некои ликови од романите. Меѓутоа, својата светска популарност таткото на Џемс Бонд ја стекна преку филмовите, од моментот кога светот ја виде првата екранизирана верзија на романот „Д-р Но“ во 1962 година со Шкотланѓанецот Шон Конери, дотогаш малку познат актер. Редоследот на појавувањето на филмовите нема да го следи редот по кој излегуваат романите, па втор филм беше „Од Русија со љубов“, чие дејство делумно се случува во поранешна Југославија, на пероните на железничките станици во Белград и во Загреб, како и на италијанско-југословенската граница, каде што Бонд ги измамува и тогашните југо-граничари, додека првиот роман беше екранизиран последен со најновиот агент 007 - Даниел Крег.


Лондонската изложба, тргнувајќи од тоа дека најпознатиот таен агент во светот е добро познат, настојува да фрли малку повеќе светлина врз Флеминг, а особено на она што е заедничко меѓу авторот и неговиот главен јунак. Бен Мекинтаер, автор на штотуку појавената книга за Ијан Флеминг, вели дека меѓу нив двајцата има многу повеќе допирни особини отколку што смеел да признае. Флеминг сакал да се идентификува со Џемс Бонд и да зборува што правел во текот на Втората светска војна, па затоа неговите книги делумно се и автобиографски. Ликовите што се среќаваат во романите тој ги има изградено според луѓето што работеле со него во шпионската служба, објаснува Мекинтаер. Но, тој открива дека за разлика од некои поранешни верувања, Флеминг мошне малку бил во акција, а воопшто не бил вклучен во онакви операции какви што изведува неговиот јунак Бонд. Сакал многу да оди директно на теренот, како оперативец, но, сепак, главно работел во канцеларија зашто, според толкувањето на неговите шефови, знаел премногу.

Флеминг бил вклучен во планирањето на некои од најневеројатните операции на британското морнаричко разузнавање. Неговата задача била да измислува најнеобични и најкомпликувани начини за да се порази или да се уништи непријателот. На изложбата се прикажани документи за необичните идеи за борба со нацистите, кои потекнувале од канцеларијата на Флеминг, и притоа се споменува операцијата „Мелено месо“. Во неа е исфрлен труп на човек покрај шпанскиот брег кој требало да остави впечаток дека станува збор за мртов британски агент. Во чантата врзана за неговата рака, Британците ставаат лажни тајни документи од кои се гледало дека истоварувањето во 1943 година нема да биде на Сицилија туку на Сардинија. Мамката била поставена за германското разузнавање и тоа наседнува на измамата, а нацистичките команданти дел од војската (непотребно) ја префрлаат на Сардинија. Прикажувајќи разни „играчки“ од филмовите, како што се златниот пиштол на Скараманга од „Човекот со златен пиштол“, специјалното возило од „Само двапати се живее“, чевелот што убива на Роза Хлеб од филмот „Од Русија со љубов“, славниот „астон мартин“ на Конери од првите филмови или крвавата кошула на Бонд од „Казино Ројал“, изложбата во Лондон настојува да покаже колку авантурите на агентот 007 биле врзани за работата на Флеминг.

Историчарот Тери Чепман вели дека изложбата нуди многу нови сознанија за Флеминг и за она што, всушност, бил во војната, но тој предупредува на опасноста од уривање на претставата за бестрашниот и гламурозен Бонд со откривањето на тајните врз кои се градени филмовите. Гламурот околу Бонд, што е најубавото во филмовите, а што авторот го опишува во своите книги, го нема кај Флеминг, колку и да е бурен неговиот приватен живот. А токму разликата од реалноста во Британија, која во педесеттите години полека закрепнува од воената сиромаштија, со онаа опишана во романите во кои има гламур, раскош, убави жени, изобилство од храна и забави на егзотични места во светот, ги прави книгите за Џемс Бонд привлечни за обичните луѓе. Тие се појавуваат по Втората светска војна, во услови на студената војна меѓу Западот и Истокот, па во романите, едноставно, го има сето она што луѓето го немале, а Флеминг го опишува она што за нив било само далечен и неостварлив сон.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И заслужува да има таква голема изложба, за тој човек можам само да кажам дека многу го почитувам, неговото дело е безвременско, прекрасно изработено.



една од омилените слики од Јан Флемин која си ја имам во профил :pipi:
 
Член од
18 март 2008
Мислења
153
Поени од реакции
0
mnogu dobri filmovi pravat samo posledniot kazino rojal go posraa ne me bendisa ajde ke go vidime noviov treba da e dobar
 

Ra

Член од
15 февруари 2008
Мислења
417
Поени од реакции
5
И јас чув дека новиот ќе биде супер!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Леонардо заинтересиран да го глуми Иан Флеминг
Веста си уште не е потврдена, но постои голема веројатност филмот да биде реализиран, а ќе опфати повеќе години од животот на еден од најинтересните луѓе на 20. век.
Можеби еден ден Леонардо ди Каприо ќе го додаде Иан Флеминг на листата вистински личности што ги оживеал на екранот. Засега се знае само тоа дека неговата продуцентска компанија „Апиан веј“ сака да се вклучи во проектот „Флеминг“ според оригиналното сценарио на Демиан Стивенсон, за животот на британскиот писател и новинар, кој го создаде Џемс Бонд.
Од компанијата нагласуваат дека тоа што го подготвуваат сега драстично ќе се разликува од филмовите за агентот 007. Во есента 2005 година, непосредно пред изборот на Даниел Крег за нов Бонд, Стивенсон го напишал првото сценарио и го продал на „Ворнер брос“, а потоа потрошил неколку месеци, во соработка со правната служба на студиото, за да ги усогласи историските детали од приказната за Флеминг. Во тој процес се направени повеќе верзии на сценариото.
- Откривме голем број интересни податоци, за кои во Америка не знае речиси никој. На пример, дека ликовите на М и на госпоѓицата Манипени се базирани врз вистински личности - вели Стивенсон.
Неговата последна верзија почнува непосредно пред венчавката на Флеминг во 1952 година на Јамајка и пред објавувањето на првиот роман за Бонд, „Казино Ројал“, кој всушност, бил свадбен подарок за неговата невеста. Потоа се прават флешбекови во годините кога писателот работел како дописник на „Ројтерс“ од Москва и агент на британската тајна служба во текот на Втората светска војна.
Ди Каприо покажа интерес за снимање филм за Флеминг, а блиски до него велат, и намера да промени некои важни моменти во сценариото. Преговорите се во тек, но си повеќе информации укажуваат оти е можно да завршат со успех.

Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom