Шпанија ќе забранува распетија во училниците

Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
04.12.2009 10:07

Шпанија го направи првиот чекор кон забраната на распетијата во училиштата откако беше одобрена парламентарната иницијатива со која се бара од владата да ја примени судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
Иницијативата ја покренаа пратениците од малата каталонска партија од левицата ЕРЦ, а беше одобрена со 20 гласа за и 16 против.
Реакциите против крстовите во училниците почнаа откако мајка на италијански ученик поднесе тужба, а судот во Стразбург на почетокот на минатиот месец одлучи дека верскиот симбол може да биде вознемирувачки за учениците од други вероисповести или атеистите.
Судиите сметаат дека практиката да се ставаат распетија во училници е спротивна на правото на родителите да ги учат децата според сопствените убедувања и спротивно на правото на децата на слобода на вероисповест
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117088
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
ЛоЛ „правото на родителите да ги учат децата според сопствените убедувања“

хаха... ако сакаш така, тога дома воспитувај ги децата.
:)

Малку се банални причините. Што само не кажат дека не сакаат да има крстови бидејки не веруваат веќе и готово. :)

п.с. Ми ако дарвиновата теорија е против убедувањата на моите родители? ЛоЛ...:toe:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Според мен училиштата мора да бидат над религиозни и над партиjни.
Не може да има крстове,полумесеци,звезди и каквито и да е други религиозни символи во училиштата,да не зборуваме за партиjни дека немат место исто.
Исто така не е нормално во училиштата учениците да носат както крстове,така и забрадки.
Наукате е светска,а не религиозна ценост.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.336
Поени од реакции
79.109
И додека у Шпанија по школите изиграваат Владимир Милчини у Ал-Каедија уште одамна образовниот систем напредува и се усовршува:

Во Пакистан обесено седумгодишно момче од својот учител

Ученик во верско училиште во пакистанската провинција Панџаб го изгубил животот бидејќи учителот го казнил затоа што не ја научил лекцијата за Куранот, пренесува Блиц.
Момчето Атиф, старо седум години било обесено за вентилаторот на плафонот во средата. Здравствената состојба на Атиф постепено се влошувала и тој на крајот починал во канцеларијата на професорот. Учителот го уапсила полицијата.
Хуманитарните организации истакнуваат дека децата во Пакистан се често подложени на злоупотреби а податоците покажуваат дека бројот на злоупотребени деца во 2007 година бил удвоен во однос на претходната година и изнесувал 1595.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 30.05.2008 17:31:08
 

Kajgana Shop

На врв Bottom