Шеста Македонска книжевна визита во Софија!

Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
По повод месецот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, утре и задутре во просториите на КИЦ во Софија ќе се одржи шестата традиционална книжевна манифестација „Македонска книжевна визита“.
Манифестацијата, која е во организација на Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје и Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, ќе започне со претставување на антологиски актерски рецитал од современата македонска поезија во изведба на актерот Томе Витанов. Во рамки на вечерта ќе настапат и поетите Бранко Цветкоски, Паскал Гилевски, Братислав Ташковски, Трајче Кацаров, Јовица Тасевски - Етернијан, Виолета Танчева – Златева и Владимир Мартиновски.
Вториот ден, според програмата, предвидена е тркалезна маса насловена „Бугарската и македонската литература во новото столетие – појави и тенденции“ на која ќе настапат бугарски и македонски писатели, теоретичари, издавачи и медиумски проследувачи на книжевниот живот.
Во рамките на манифестацијата македонските и бугарските писатели ќе и оддадат почит на Доста Димовска, поранешна директорка на МКИЦ во Софија, по повод годишнината од нејзината смрт. Реч за општествениот и писателскиот профил на Димовска ќе одржи писателот Цветкоски, а ќе биде изведена и актерска интерпретација на стихови од Димовска.
Шестата Македонска книжевна визита во Софија ќе заврши со врачување на наградата „Македонски книжевен Дедал“, која годинава за особен придонес во афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за зближувањето на македонските и бугарските писатели му е доделена на современиот бугарски поет, културолог и преведувач Николај Шопов. Во заслугите на Шопов за ова признание, меѓу другото, влегуваат и преводите на бугарски јазик на делата „Нишане“ од Ким Мехмети, „Виртуоз“ од Христо Крстевски, „Времето на ирвасите“ од Митко Маџунков, „Дон Кихот меѓу Албанците“ од Али Алиу и „За нас“ од Филип Петровски.
Учесниците на манифестацијата заедно со семејството на Венко Марковски, ќе го посетат и гробот на поетот којшто е еден од основоположниците на македонската современа литература.
Македонската книжевна визита веќе шест години со големи резултати придонесува за взаемната соработка меѓу македонските и бугарските писатели. На оваа книжевна манифестација досега учествувале педесетина македонски писатели, а како резултат од потрајно значење што таа го овозможи е преведувањето на над 50 дела од македонската литература на бугарски јазик и на исто толку дела од бугарски автори на македонски јазик во издание на „Макавеј“.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D72D2C24909ABD4BBE417C33004FCF8E
Bravo,mnogo dobar poteg! (y) (y) (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom